Мислам дека конкретно сликава и твоето прашање се две различни теми.
На сликава е претставена војна и стравот кој го влева.
Во случајов „нелуѓе“ се војниците кои убиваат невини луѓе. Со што јас не ми се согласила.
Војниците имаат
наредби да напаѓаат и да убиваат. Има некој над нив кој им дал команда да нападне одредено село да речеме и да го срамни со земја. Но тоа не значи дека тој војник не чувствува грижа на совест или жал за тоа што го прави, за животите што ги одзема и слично. Многу војници имаат ПТСД кога ќе се вратат од војна затоа што совеста ги мачи поради се што направиле, виделе, доживеале.
Не можеш да знаеш дали војникот би убил некого кога не би бил во војна и кога не би имал наредба.
Исто може да се каже кога некој, без разлика дали војник или цивил, ќе убие во самоодбрана. Се наоѓаш во не баш нормална ситуација каде што опциите ти се да умреш ти или некој твој сакан или да го убиеш напаѓачот.
Тој човек убил во самоодбрана и е убиец, ама не значи дека не се кае не знчи дека тоа би го направил по своја желба и волја.
Еден психолог има направено
експеримент, еден од моите омилени, во кој што докажува дека луѓето ќе потпаднат на авторитетна фигура ако се ставени во таква ситуација и ќе направат некои работи и покрај тоа што тие работи се спротивни на нивните морални вредности.
Имено, човек облечен како доктор те тера да стискаш копче кое ќе го шокира (електрични шокови) човекот кој одговара на прашања, секогаш кога погрешно ќе одговори. Колку што одат понатаму со прашањата, толку шоковите се поголеми. Доколку се мислиш дали да го стиснеш копчето, докторот ќе те поттсети дека ти се се согласил на ова, мораш тоа да го направиш и тоа е наредба. Човекот кој ги прима шоковите всушност се преправа, меѓутоа се случувало да дојде до тоа да човекот кој ги прима шковите да паѓа на земја/умира а овој првиов и понатаму стиска на копчето за шокови затоа што му е речено дека мора.
Друго, еве ова девојче е жртва во ситуацијава. Човек.
Што со оние деца на кои им се дадени пушки во раце и им е речено да убиваат? Дали тие се нелуѓе?
Не можеш да носиш заклучоци кога се работи за војна.