според мене на ноќниот живот, барем во скопје, не му фали ништо. секој си има свој вкус и си оди на места кои му одговараат, односно на места кај што пуштаат хаус, турбо фолк, техно, џез итн. значи никој не ве присилува ако не слушате хаус и техно да одите во колосеум, д клаб, некои од кафичите што се на кеј... или пак ако не слушате турбо фолк да се ‘‘мафтате‘‘ по кафани и дискотеки кај што се пушта тоа, е сега ако сте сакале и очекувале да слушате психоделичен транс, а сте отишле во некоја биртија нормално дека нема да ви биде убаво. музиката што ја вртат дџ-ите, барем ја до сега на сите журки што сум бил е понова,а хитови од времето на деда можете да очекувате само од бабура
ако не ви се допаѓаат нашиве дџ-и имате секоја недела минимум по 1-2 пати гостување на странски дџ-и па не е лошо да се промени. за вратарите скоро во целост се сложувам со the boss. вистина е дека има некои набилдани кељави фаци кои немаат ни грам мозок, пример беа вратарите од Б2, но еве сега жив човек не им гази таму. ако ги нема нив секакви фаци ќе влагаат во дискотеките, клубовите и кафичите. со ова секакви фаци не мислам на луѓе кои се ‘‘поубаво‘‘ и ‘‘понеубаво‘‘ облечени, туку луѓе кои влагаат само за да се напијат и направат проблем. порано може се сеќавате како беше, ќе се начука еден, па некој на тој ‘‘начуканиот‘‘ ќе му ја погледне девојката во очи и ете одма тепачка, ножеви, пиштоли... или пак ќе му се погоди песната на некој што е пијан и одма летаат шишиња на сите страни. според мене подобро е да отидеш во дискотека и да знаеш дека си 95% безбеден, отколку да отидеш во дискотека, а да незнаеш кој и од каде може да ти извади пиштол, да добиеш шише во глава, нож во стомак и слични работи. е сега дојдовме и до онаа работа која гледам многумина ја спомнаа овде-парите. пари за излегување фалат и тоа многу, но дали мислите дека ако просечната плата во македонија е 1000 евра и влезот во дискотека ќе биде 100 ден, пивото 80-100 ден и сл? нормално дека нема, тогаш влез ќе биде 10 евра, ако дојде некој светски познат дџ нема да биде цената 300 или 500 ден туку ќе биде40-50 евра, па ако сакаш да се напиеш пиво ќе си одвоиш уште 5-6 евра, а за вотка, виски и ред бул да не правиме муабет
значи според мене ноќниот живот си е за сега ок и колку и да збориме цените горе-долу се пристојни, зашто во ниедна земја со просечна плата од 1000-2000 евра нема да најдеме пиво за 1 евро и влез во дискотека за 1,5 евро