Да треба да чекам некого,нешто..неизвесноста ме убива,ај нека не ме убива,како парализирана сум.Не можам да мислам на друго,како да висам во воздух се чувствувам.Значи било која ситуација,која на некој начин влијае на мене,а јас не можам да влијаам на неа,ми го расипува денот.
Друго да ми текни......исто,многу мразам промена на план во последен момент,како откажување,итно мобилизирање и други слични зафрканции.За ова многу често сум на удар на критика дека не сум била спонтана,а мене ми се чини дека сум единствена што ваквиов недостиг на спонтаност не го сметам за мана.
Трето...кавги......неее,навикната сум.