Што мислите за српската музика?

  • Креатор на темата P.cat
  • Време на започнување
Член од
1 октомври 2011
Мислења
828
Поени од реакции
785
КАТАСТРОФА.Поготово на турбофолк сум алергичен.Штета само што 90 посто од народов слуша турбофолк.И не ми е јасно како может луѓево на турбофолк да се расположвет кога песнине се депресивни.А тие што слушале српски народни кафански песни неам зборови.Од толку македонски народни песни народов српски слуша.На нив појке виното лизгало.Зато не мојме напред да тргниме.
И не мислам само на турбофолкот катастрофа туку општо.Рапон не му чинит.Има некој само што мислат дека раповаат.Рок не слушам,а поп песнине му се со примеси на турбофолк.И да,да беше убав турбофолкот не ќе го имаше само на балканов.Проста раја...
 
Член од
12 март 2008
Мислења
51
Поени од реакции
8
Хмммм, турбофолк - осетлива тема.
Прочитав некаде нечиј пост кој во 10-ина реда ја објасни целосно ситуацијата. Те едни те исти фаци ни ги продаваат финтите : „Волимо тавче гравче“ и „Македонке су најлепше“ и на тие фори не фаќаат на велико. Според мене турбофолкот си е музика како и другите, ама крајната целна публика е целиот муабет. Од оваа музика толку ми се има згадено до тој степен што чим видам српски естраден уметник во Македонија - ми се гади, без разлика на жанрот на неговата авторска музика. Па еве сега дискотекиве (клубови) како Колосеум парче направија со Ацо Пејовиќ, Аца, Саша Ковачевиќ, Џенан Лончаревиќ итн итн...
Почна да ми се гади да идам по клубови, Хавана е класичен пример, а и Маракана не е далеку. Почнаа по ципела и кошуља да идат во овие, а некои и во сако, најчесто тоа од матура кога славеле, па некојси фраери глумат. Си викам во себе, што бидна, аман!
Па порано си идеш на блуз или рок свирка во Маракана во шорц и си тегнеш пивце, си уживаш. На почетокот на летово еднаш приморано отидов до Маракана. Завршила колоквиумска недела и пола електро и околни факултети се собрале таму. Се пицнале како за на свадба да ќе идат, ора да вртат со литар ракија, свадбарска пирошка и шопска со кромид во стомак. Абе циркузи. Па све глумат демек еј брат како си, ние еве пиеме лом се правиме, не не примија во Колосеум/Парадизо/остали глупаштарии, па овде и поевтино е...
Ало бе, 20 и кусур години си начукал во задникот, така учитво да се изразам, а уште тераш средношколски филмови за пијанчење, па утрото после тоа како те болела глава и некои такви бош пацерски муабети.

Ми се згади, ми се приповраќа колку пацерски почнаа младиве да се понашаат. Дефинитивно би заклучил дека причина за сево ова се различните мангупи кои преку ноќ направија пари, возат тркачки мотори или опасни коли и форсираат ниско буџетен кичерај (читај турбофолк). А да не ги спомнувам оние кафански муабети, се дотерале како за матура, 10 души на една маса во некоја биртија, и само Смедеревка и Пелистерка на маса, ниту мезе, ниту мевце, ниту бутур. И слики фрчат по Фејсбук - јак провод вчера, ломови, кичма направени... Е тоа е, директна последица на ова се оние т.н ѕвезди од северот, пропаднати фаци кои никој веќе не ги ферма, па ајде овде ќе печалат, и тоа дебело. Кога за поголемиот дел од народот странство и тоа „далечно“ странство е Србија, т.е не виделе подалеку од сопствениот нос (јас разбирам дека економската состојба не ни дава можности за шетање низ светот, ама затоа постои интернет, и не за џабе природата не создала со вграден мозок у тимбата) многу нормално дека главни идоли овде ќе бидат Звезде Гранда и сите екс-ЈУ од пред 30 години кои сега билдаат стаж и лесна пара во Македонија.
Едноставно не сакам да звучам негативно и „хејтерски“ или пак дека „не сум сфатен“, ама треба да се има некаков осет за квалитетни и неквалитетни вредности.
Зарем нашите деца ќе мора да ја оправаат ситуацијата, кога одамна пред да дојде нивното време може да се оправи, и конечно во мозокот на Македонецот да влезат некои поквалитетни вредности (некој ќе каже: „Па другине околу нас поарни да не се?“). Епа не се поарни, ама зашто ние барем еднаш да не бидеме првите кои ќе станат поарни, а не цело време да се споредуваме и да си се тешиме со тие муабети - дека има и полошо?
Зашто еднаш ние да не бидеме првите кои ќе воведат нешто ново овде, нешто убаво, реално? Зошто еднаш наместо кредитите што ги трошиме на не знам какви одмори на егзотични дестинации и славења по кафани со дотичниот музички жанр, а по дома крпиме од 1ви до 1ви, не ги искористиме за подобро образование, издигнување на нивото на културата. Искрено понекогаш ми оди да заплачам, солзи да пуштам и да се прашам - ЗОШТО?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.629
Поени од реакции
31.830
Моментално Србија има бендови за кои Македонијава може да сонува. Одма се фатиле повеќето за турбофолк, а темата може да се сфати и поошто, бидејќи во српска музика спаѓа и српски рок и панк и метал и сл.
Кај нас сцената таа андерграунд е ок донекаде, макар што во последна е слаба, нема нови квалитетни бендови, се повеќе се јавуваат некои скопски детенца кои сакаат да шибаат некој филм а не да прават музика. Вака само кога ќе размислам на памет ми идат минимум 20 добри бендови кои кај нас ги нема, и најискрено ми е мака и криво оти пропадна таа култура.
За турбофолк не коментирам, не трошам зборови на тоа срање(y)
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.629
Поени од реакции
1.189
Кога ќе се спомне српска музика, поголемиот дел одма ги асоцира на турбофолк, што е тотално погрешно, затоа што тоа не е музика, тоа е срање кое е максимално искомерцијализирано со цел да се затруе народот кој последниве години го губи вкусот за добра музка.

На пример, еве нешто од таа „лоша“ музика:


 
Член од
8 септември 2012
Мислења
48
Поени од реакции
18
Зависи за која српска музика, ако е за ,,актуелните'' новокомпоновани песнички мислам дека е очајна...
 

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Јас сум рокер.НЕ екс ју рокер,туку рокер...МРАЗАМ се што е на српски,од песни,до поговорки,од зборови до реклами!Искрено ги затварам ушите кога гледам кај женска ми на (не гледам никогаш телевизија,но таму морам,бидејќи е пуштен цело време) сител(патриотите пуштаат 90%српски,не е битно) реклами.И ја затварам вратата кога мајка ми пушта турбо фолк радио станици...Инаку се враќа металец дома дрво пијан во 4 сабајле и мајка му му вика-сине да не сакаш да ти пуштам метал да се освежиш?Ма каков метал ма,пушти ми српско да повратам...
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.629
Поени од реакции
31.830
Block out - Carobni akord

Си има ок бендови, ептен ок. Кога се зборува српска музика обично по дифолт се мисли на турбофолк, али не треба така :)
 
A

Antigona

Гостин
Српско ретко слушам . Нема што да мислам кога некои т.н. пеачки без гаки се појавуваат на сцена


 

Prince

PsyTrance, Musica Psychedelica
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.987
Само рап слушам и поштовам од српскава музика... Bad Copy, Marchelo, Prti BG, THC la familija, Beogradski Sindikat....и така натаму, се шо е квалитетно и интересно за слушање :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom