Хмммм, турбофолк - осетлива тема.
Прочитав некаде нечиј пост кој во 10-ина реда ја објасни целосно ситуацијата. Те едни те исти фаци ни ги продаваат финтите : „Волимо тавче гравче“ и „Македонке су најлепше“ и на тие фори не фаќаат на велико. Според мене турбофолкот си е музика како и другите, ама крајната целна публика е целиот муабет. Од оваа музика толку ми се има згадено до тој степен што чим видам српски естраден уметник во Македонија - ми се гади, без разлика на жанрот на неговата авторска музика. Па еве сега дискотекиве (клубови) како Колосеум парче направија со Ацо Пејовиќ, Аца, Саша Ковачевиќ, Џенан Лончаревиќ итн итн...
Почна да ми се гади да идам по клубови, Хавана е класичен пример, а и Маракана не е далеку. Почнаа по ципела и кошуља да идат во овие, а некои и во сако, најчесто тоа од матура кога славеле, па некојси фраери глумат. Си викам во себе, што бидна, аман!
Па порано си идеш на блуз или рок свирка во Маракана во шорц и си тегнеш пивце, си уживаш. На почетокот на летово еднаш приморано отидов до Маракана. Завршила колоквиумска недела и пола електро и околни факултети се собрале таму. Се пицнале како за на свадба да ќе идат, ора да вртат со литар ракија, свадбарска пирошка и шопска со кромид во стомак. Абе циркузи. Па све глумат демек еј брат како си, ние еве пиеме лом се правиме, не не примија во Колосеум/Парадизо/остали глупаштарии, па овде и поевтино е...
Ало бе, 20 и кусур години си начукал во задникот, така учитво да се изразам, а уште тераш средношколски филмови за пијанчење, па утрото после тоа како те болела глава и некои такви бош пацерски муабети.
Ми се згади, ми се приповраќа колку пацерски почнаа младиве да се понашаат. Дефинитивно би заклучил дека причина за сево ова се различните мангупи кои преку ноќ направија пари, возат тркачки мотори или опасни коли и форсираат ниско буџетен кичерај (читај турбофолк). А да не ги спомнувам оние кафански муабети, се дотерале како за матура, 10 души на една маса во некоја биртија, и само Смедеревка и Пелистерка на маса, ниту мезе, ниту мевце, ниту бутур. И слики фрчат по Фејсбук - јак провод вчера, ломови, кичма направени... Е тоа е, директна последица на ова се оние т.н ѕвезди од северот, пропаднати фаци кои никој веќе не ги ферма, па ајде овде ќе печалат, и тоа дебело. Кога за поголемиот дел од народот странство и тоа „далечно“ странство е Србија, т.е не виделе подалеку од сопствениот нос (јас разбирам дека економската состојба не ни дава можности за шетање низ светот, ама затоа постои интернет, и не за џабе природата не создала со вграден мозок у тимбата) многу нормално дека главни идоли овде ќе бидат Звезде Гранда и сите екс-ЈУ од пред 30 години кои сега билдаат стаж и лесна пара во Македонија.
Едноставно не сакам да звучам негативно и „хејтерски“ или пак дека „не сум сфатен“, ама треба да се има некаков осет за квалитетни и неквалитетни вредности.
Зарем нашите деца ќе мора да ја оправаат ситуацијата, кога одамна пред да дојде нивното време може да се оправи, и конечно во мозокот на Македонецот да влезат некои поквалитетни вредности (некој ќе каже: „Па другине околу нас поарни да не се?“). Епа не се поарни, ама зашто ние барем еднаш да не бидеме првите кои ќе станат поарни, а не цело време да се споредуваме и да си се тешиме со тие муабети - дека има и полошо?
Зашто еднаш ние да не бидеме првите кои ќе воведат нешто ново овде, нешто убаво, реално? Зошто еднаш наместо кредитите што ги трошиме на не знам какви одмори на егзотични дестинации и славења по кафани со дотичниот музички жанр, а по дома крпиме од 1ви до 1ви, не ги искористиме за подобро образование, издигнување на нивото на културата. Искрено понекогаш ми оди да заплачам, солзи да пуштам и да се прашам - ЗОШТО?