Можеби нема проблем со паркинг, можеби има.
Не секој може да пешачи, што од старосни, што од здравствени причини. Да не ги заборавиме тие категории кои и не се баш во мал број-додека сте млади или здрави фала богу, можете. Но и макар една дисфункционалност го чини ова претешко за остварување.
Друга категорија се жителите во централно подрачје за кои и имаше отворено тема во врска со зонското паркирање, а кои очигледно имаат проблеми. Трето е начинот на наплата на паркирање -од час што е многу скапо плус некој како мене кој не користи мобилен треба да бара трафика со картички, а за да бара треба да паркира некаде. Не мора со кола, да...но поврзано со ова е градскиот превоз и врските на одредени релации.
Од градска болница до фонтана не можев никако со автобус (на страна што автобусите се прљави кочини и нередовни), а со кола требаше да дадам плус 100 денари за паркирање, под услов да најдам картички за истото. Има многу зошто не е позитивно сето ова, а гужвата нема да се намали. Само таксистите (барем така се имаат изјаснето 2-3 што ме возеле низ центар за да го избегнам зонското) ќе се во некоја добивка, другите... зијан. Се на се, решение без соодветни предуслови.
Да не ги споменувам болниците или институциите каде имате потреба од неколку часа чекање во редица, а за кои веќе доста се говореше и кои се голем проблем при вакво паркирање-на час.
Доколку се споредуваат други градови низ светот и нивните централни решенија...би требало да се споредат и условите во истите -јавен превоз, пристап до институции, услови за плаќање на превоз, стандард оф ливинг, паркинзи и на коловозот (доста улици им се адаптирани да едната коловозна лента е паркинг, нормално со плаќање, но сепак може да се остави на коловоз) ...има доста фактори кои треба да се земат предвид.