Што мислите за Жан Митрев?

Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Hitch, сега со тебе ли ќе спориме.
1. Темата не е претенциозна, и беше започната 5 минути после гледањето на една емисија на канал 5, од која што целосно бев разочаран од Д-р Жан. На која што направи најмалку 10 стручни грешки - елементарни.

2. Велите немам доволно докази? Погледни го доказот за стекнувањето на титулата академик. Ако сакаш ќе идеме заедно на адресата во Благоевград да видиш со што се занимава фирмата (ДООЕЛ) на која што Жан е академик. - Тоа е првиот доказ.
- А вториот доказ е кога го слушам како зборува на ТВ - не му е позната медицината - со други зборови избегнува да разговара на медицински тема. А и тогаш кога се осмелува, прави сериозни стручни грешки. Којшто секако не се случајни.
- Третиот доказ е тоа што до сега нема научно достигнување во ниту една медицинска област. Секој доктор се стреми да постигне научен успех. И на тој начин станува професор, академик и слично. Жан Митрев до сега нема таков придонес, а кај луѓето се претставува како таков.
- Четврт доказ како што кажав претходно - дел од неговата биографија е смешна, дел фалсификувана.
- Не можам да говорам за смртност и успешност на неговите операции - бидејќи не ми е познато.

3. што толку ви смета кај доктор Митрев?
- Ништо не ми смета лично кај Митрев. Она што ми смета е навредувањето на Македонската популација со подметнување на фалисфикувани титули кои не му принадлежат. Во Република Бугарија единствената институција која доделува титула АКАДЕМИК, е Бугарската Академија на науки БАН. На која што неговиот колега акад. Д-р Чирков е член и академик. Додека Жан не е, а тој е академик на фирма за производство на мебел.
Но, додека има такви кои му веруваат, ќе постои и Жан. Не ли ја знаеш поговорката Додека има овци, ќе има и кој да ги стрижи, или нешто така.

4. Во медицината има една поговорка што јас често си ја користам "The fact that your patient gets well does not prove that your diagnosis was correct" - Тоа е и одговорот на твоето тврдење за разговарањето со пациентите и колегите негови. Тоа што операциите се успешни не значи дека се и правилно или најправилно направени. Тоа дека пациентот е добар 1,2 или 3 години, не значи дека на 4-тата година нема да почине поради потребната висока стручност (научно-образовна) при планирањето, пресметувањето и извршувањето на операцијата. И јас кога бев на заболекар пред 5 години забот ми го направи, и 2 години беше добар, но на 3-тата заболекарот овде ми кажа ауууууууу аууууу па на тебе пола корен не ти е наполнет.

Повели ако те интересира друго?
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
И што? На крај излегува дека ова е ефтин и подмол маркетинг од конкуренцијата.
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Прочитав 3-4 поста.

Нема шо да тресите ви како он зборувал :)
Човекот си е специјалист во неговата работа, и си ја работе најдобро во Македонија :)
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Јаоооооооооо па сега требало да отиде HITCH за да истражува кој и што е всушност Жан Митрев за кој јас и останатиите форумџии мислеме се најдобро?
Што сака нека биде.Може да завршил со врски,може е внук на Киро Глигоров ама успеал многу.ФАКТ.
Ајде Вие докторе што се обидуваш да постигнеш?
Да ја посетуваме вашата клиника?
Да ги премислеме сите негови пациенти да не одат кај него
Или нешто сосема трето.
А да,вујко му или чичко на Гладиус(што беше заборавив)лажел. -.- Срам да го биде.
 

Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Јаоооооооооо па сега требало да отиде HITCH за да истражува кој и што е всушност Жан Митрев за кој јас и останатиите форумџии мислеме се најдобро?
Што сака нека биде.Може да завршил со врски,може е внук на Киро Глигоров ама успеал многу.ФАКТ.
Ајде Вие докторе што се обидуваш да постигнеш?
Да ја посетуваме вашата клиника?
Да ги премислеме сите негови пациенти да не одат кај него
Или нешто сосема трето.
А да,вујко му или чичко на Гладиус(што беше заборавив)лажел. -.- Срам да го биде.
РубинРед ти и јас имаме други стандарди. А ти, хитч и оваа другата....како беше што се каравме вчера ќе ве поканев први доколку отворев клиника, ама не ми е цел да работам во Македонија, зошто овде ми е добро. А ако сакаш да ми бидеш медицинска сестра, тогаш може да ја наредиме :smir:
 
Член од
13 август 2010
Мислења
13
Поени од реакции
1
Јаоооооооооо па сега требало да отиде HITCH за да истражува кој и што е всушност Жан Митрев за кој јас и останатиите форумџии мислеме се најдобро?
Што сака нека биде.Може да завршил со врски,може е внук на Киро Глигоров ама успеал многу.ФАКТ.
Ајде Вие докторе што се обидуваш да постигнеш?
Да ја посетуваме вашата клиника?
Да ги премислеме сите негови пациенти да не одат кај него
Или нешто сосема трето.
А да,вујко му или чичко на Гладиус(што беше заборавив)лажел. -.- Срам да го биде.[/QU


Јас се извинувам ако бев погрешно сватен, јас зборам за моите контакти кои ги имам и ден денеска во Воената Болница, и искрено тоа е ваш проблем кому и што ке му верувате
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
РубинРед ти и јас имаме други стандарди. А ти, хитч и оваа другата....како беше што се каравме вчера ќе ве поканев први доколку отворев клиника, ама не ми е цел да работам во Македонија, зошто овде ми е добро.
A кај си ако не е тајна,која е причината која не сакаш да работиш во Македонија?
Одговори на ова ако можеш.
Или е причината конкуренцијата од Жан Митрев?
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Кому ќе веруваме ние не е проблем туку е право.
И чекам одговор на едно прашање од погоре Oberatz.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
13
Поени од реакции
1
Да да и мојата диплома е секако со врски добиена во сред Израел и со меѓународно полпжен државен испит и специјалност. Јас сум му конкуренција на Митрев ама има за тоа време
 

Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
A кај си ако не е тајна,која е причината која не сакаш да работиш во Македонија?
Одговори на ова ако можеш.
Или е причината конкуренцијата од Жан Митрев?
Во Македонија не работам, зошто за да работам треба да се вратам во Македонија, а не сакам да се вратам.
Жан не ми е конкуренција зошто сме во различни области.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Честитки за дипломата. Афирмирај се пред народот и стекни си реноме за да ти пружам рака и да ти честитам на дипломата и познавањето на медицината.
Уште едно прашање само... Што имаш спeцијализирано, ако не е тајна?

Затоа што ако е кардио - васкуларна хирургија, да ти кажам дека патот кон успехот не се гради со понижување на туѓиот успех, туку со докажување на вредноста и големината на сопствениот.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
13
Поени од реакции
1
Честитки за дипломата. Афирмирај се пред народот и стекни си реноме за да ти пружам рака и да ти честитам на дипломата и познавањето на медицината.
Уште едно прашање само... Што имаш спцијализирано, ако не е тајна?

Затоа што ако е кардио - васкуларна хирургија, да ти кажам дека патот кон успехот не се гради со понижување на туѓиот успех, туку со докажување на вредноста и големината на сопствениот.

Да јас сум Кардио-Васкуларен Хирург ( диплома која за жал сеуште ја нема Митрев). И да знаеш дека си грешка, ниеден медицинар во согласност со медицинската етика и морал и според Хипократовата заклетва не смее да врши само-пропаганда, то ест само рекламирање. Митрев има 52 години јас само 34 тоа е разликата а за успехот ке говорат делата понатаму...
 
H

HITCH

Гостин
Hitch, сега со тебе ли ќе спориме.
1. Темата не е претенциозна, и беше започната 5 минути после гледањето на една емисија на канал 5, од која што целосно бев разочаран од Д-р Жан. На која што направи најмалку 10 стручни грешки - елементарни.

4. Во медицината има една поговорка што јас често си ја користам "The fact that your patient gets well does not prove that your diagnosis was correct" - Тоа е и одговорот на твоето тврдење за разговарањето со пациентите и колегите негови. Тоа што операциите се успешни не значи дека се и правилно или најправилно направени. Тоа дека пациентот е добар 1,2 или 3 години, не значи дека на 4-тата година нема да почине поради потребната висока стручност (научно-образовна) при планирањето, пресметувањето и извршувањето на операцијата. И јас кога бев на заболекар пред 5 години забот ми го направи, и 2 години беше добар, но на 3-тата заболекарот овде ми кажа ауууууууу аууууу па на тебе пола корен не ти е наполнет.

Повели ако те интересира друго?
Јас повеќе не те персирам, мислев дека си доктор, АМА ептен сум утнала. Прво нешто што не учат во животот, без оглед кои сме и што сме, е дека само смртта е сигурна! Значи се` друго може ќе се случи, може и да не се случи, ама дупката на гробишта не ни бега на никого. Некој порано некој подоцна, чив организам е појак тој ќе живурка подолго. Болдот ме натера да си помислам дека си играш доктор. Си бил на забар и не го поправиле добро забот, велиш?! Ми споредуваш заб и срце?! Ајде беееее, не ме зезај. Искрено, ниту јас, ниту ти, а уште помалку овој другиот доктор не сме кардио - васкуларни хирурзи (за другиов се гледа од километар дека е емоционално повреден поранешен работник во Филип Втори), а тоа значи дека можеме да се разубедуваме уште милион години и ништо да не се разбереме. Ќе се потрудам на Македонски да објасанам.

Д-р Жан Митрев директор на Филип Втори извршува операции на срце! Значи, овој човек не оперира кукли, туку оперира луѓе (оние живи суштества што се движат на 2 нозе и имаат способност да зборуваат и да мислат). Некој ќе почине за време на операцијата, некој после операцијата, а некој ќе си живее супер, ама онолку колку што ќе издржат другите органи. Како доктори знаете дека целиот наш организам функционира како една целина. Значи се` е поврзано. Еден од пациентите со кои зборував ми рече дека во државна му дале 6 месеци, поминаа 5 години. Човеков нема гајле, функционира како никогаш да не бил под нож.

Рече дека не го познаваш лично него, дека не си видел каде работи и дека не си контактирал во живо со луѓе кои ги оперирал и со луѓе кои или работеле или сакаат да работат кај него. Ѕвер си жими се`!!! Па како даваш вакви тешки квалификации? Не ми ја спомнувај Татарската академија. Ич не ми е гајле за Татарите. Не ми е важно дали е академик или не. Мене како лаик ми е сеедно дали ќе ми објаснува за лева комора или десна предкомора или уште бетер за доток на крв во срцевиот мускул, па уште ако нешто погрешил додека зборувал. Ич не ми е гајле, бре! Важно ми е ако не дај Боже појдам под нож да знае што работи. Има премногу искуство. Повеќе не е важно да објаснува и да се докажува, сега е време да покажува што знае. Зависи и од пациентот, може да дојдат до некои непредвидливи компликации. Плус сите знаеме дека додека не го отворат телото на пациентот ништо не е 100% познато и 100% сигурно. АМА ако ти очекуваш тој да ти објаснува и да те учи тебе преку телевизија, тука веќе имаме друг проблем. Не се учи медицина така.

Докторе луѓето умираат! Не само од операција на срце, туку и во сообраќајки, а некои умираат и од заборавени инструменти во телото. Жалам што ви го соопштив ова! Ова не е ништо ново! Секој кој што ја работи таа работа има пациенти кои му починале. Не е семоќен. На колегите кои ги спомнувате од нашиот сосед на Исток, не знам дали ви кажале, ама сигурно и на нив им починале пациенти, ама во многу поголем број. Јас, како и многумина на форумов, го поддржваме доктор Жан Митрев во она што го работи.

Ме интересира за која област си доктор?

П.С. НЕ МЕ НАВРЕДУВААТ ГРЕШКИТЕ КОИ ГИ РЕКОЛ НА ТВ, ОТИ ЗНАМ ДЕКА НА МАСА КОГА ИМА ПАЦИЕНТ ДАВА МАКСИМУМ ОД СЕБЕ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА ДА ПОМИНЕ УСПЕШНО!
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Не реков дека нема да успееш. Напротив, посакувам да постигнеш многу повеќе од него во животот за да може и некој друг за тебе вака да зборува и да те брани кога некој твој колега кој се уште ќе биде на почетокот на кариерата ќе те омаловажи поради икс - причина.

Туку... Имаш 34 години... Си работел 10 години со Митрев... Значи, математиката кажува дека си се вработил на 24... Имаше медицински факултет тогаш завршено претпоставувам. Ама специјализација сигурно си немал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom