Ееееееј Систина подобра од Филип Втори? ОК! Ај објасни ми како може Систина која од фондот добива пари за 200 операции, да биде подобра од Филип Втори каде се извршуваат 2000 операции? И објасни ми го фактот како може во една болница да се добива поголема плата отколку што има пациенти? Искрено, Систина е пералница на пари! Штом си работел кај Митрев тогаш кога си потпишал и договор за работа си потпишал и за отказ и сега не си задоволен затоа што си отпуштен. Штом си во таа бранша знаеш како е во Државна, во Градска, во Систина и кај Митрев си правите муабет меѓусебе.
За Митрев да знаеш дека е сеедно која партија ќе дојде на власт таа е со него :smir: и сојузот му даваа пари и дпмне му дава пари. Иако тој е десно ориентиран сите му даваат пари! Фондот за него никогаш не прави проблеми.
За делот на починати лица: никој не тврди дека тој ги спасил сите. Се работи за операција на срце, не лепиш со секундарен лепак туку имаш човек кого го касапиш. Нормално е во толку операции да има и починати, секое срце не е исто, секоја болест не е лесна. Тие што преживеале се презадоволни, тие што починале Бог да ги прости.
Спроед мене делата говорат за човекот!
--- надополнето ---
Јас деновиве разговарав со луѓе кои се пациенти но и доктори кои соработувале со Митрев и навистина ме чуди што сите зборуваа во суперлативи за него!
Значи накратко: Не сум воопшто во браншата, ама знам куп луѓе кои се презадоволни од работата на Митрев