Што мислите за Жан Митрев?

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Бреј се навртеле двајца - тројца ќе го откриваат вистинскиот Митрев...
 
H

HITCH

Гостин
Да јас сум Кардио-Васкуларен Хирург ( диплома која за жал сеуште ја нема Митрев). И да знаеш дека си грешка, ниеден медицинар во согласност со медицинската етика и морал и според Хипократовата заклетва не смее да врши само-пропаганда, то ест само рекламирање. Митрев има 52 години јас само 34 тоа е разликата а за успехот ке говорат делата понатаму...
Хах со 34 години ти се се` она што Жан Митрев не е :pos: не ми објасни за Систина убаво погоре имаш прашање, или не можеш да постигнеш :pos:
 
Член од
13 август 2010
Мислења
13
Поени од реакции
1
Кому ќе веруваме ние не е проблем туку е право.
И чекам одговор на едно прашање од погоре Oberatz.
Ако мислиш на цифрата на операции зошто Св. Илија при Систина има договор на 400 операции за Филип Втори на 800 еве ке ти го дадам одговорот. Филип Втори како кардиохирургија постои 10 години, започнувајќи со 2000 година со 180 оперирани пациенти, 2001 со 213 оперирани пациенти, 2002 со 324 оперирани пациенти, и пнатаму за да во 2009 стигне до бројка од 850 ( 50 приватни) оперирани пациенти на срце и 350 операции кои вклучуваат абдоминална хирргија, васкуларна, торакална, ортопедски операции и итн.
Систина започна со работа на 1 мај 2010 година и до сега се оперирани 120 (32 приватни) пациенти без смртен исход и без компликација ( тоа лесно се проверува)
Има пмалку затоа што е прва година на работа на кардиохирургијата во Св Илија меѓутоа со проверен тим, кој 70 % работел по странство и дел од филип втори.
Меѓутоа ке видис како ке се одвиваат работите понатаму како ке се одвиваат договорите со фондот и слично
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Стварно не гледам што е лошото во тоа да се има поголем број на операции годишно. Баш напротив, подобро е затоа што се спасуваат повеќе животи.
За смртноста во Систина. Да заклучиме дека се погодила така „пожива“ година.
Не значи дека утре нема да се падне таму 80 годишен старец чиј организам нема да ја издржи ризичната операција на отворено срце и нема да почине.
Не игра улога само стручноста на докторот при операција. Игра улога и пациентот како и среќата.

Барем ти како хирург треба да го знаеш тоа.
 
Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
@ HITCH,
Во мојата област каде што јас работам умираат најмногу пациенти, да во мојата а не во кардиохирургијата. И не си ми ти потребна тоа да ми го соопштиш, мојот живот ми го кажува. Поради тоа и знам, колку е важно лекарот да е највисоко квалифициран и да знае што работи и добро да планира, а не да биде мауелец како што кажа колегата, и да се ќити со академско перје од фирма за производство и доставка на мебел за дом и канцеларии ДООЕЛ.

Ти го спомнав забот од лично искуство. И самата се негираш. Замисли еден заб не бил добро направен и створил проблеми. Замисли сега едно срце не е добро оперирано - поради нестручноста на Митрев (навидум добро оперирано во прво време) и после може да створи проблеми, но може да донесе и смрт. Токму поради тоа сериозноста кај срцето е поголеми и таква треба да биде и професионалноста на Митрев (што очевидно не е)

Ти средношколка ли си па ми зборуваш како да сум осмооделенец?!
 
Член од
13 август 2010
Мислења
13
Поени од реакции
1
Хах со 34 години ти се се` она што Жан Митрев не е :pos: не ми објасни за Систина убаво погоре имаш прашање, или не можеш да постигнеш :pos:
Значи јас само сакам да кажам дека во делот на образованието имам меѓународно признаена диплома, додека мојот колега Митрев има признание за фелосхип кое го добива секој студент кој оди ан размена на студенти подолга од 2 месеци, тоа не е диплома која има тежина на 14 семестри патем речено, а како доказ за неговото владеење на македонскиот јазик и покрај 18 годишното живеење во Скопје е повеке од очигледно кога ке се појави на ТВ...
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Ај јас да прашам нешто малку офтопик.. Дали има можности Фондот за здравство да ги раскине сите договори со филип 2 во полза на Систина? Т.е. Систина да биде единствената хирургија која покрај приватно ќе оперира и здравствено осигурани лица... Мене ми мириса дека некој се обидува да го направи токму тоа.
 
И тоа е вероватно точно. До сега никаде немам прочитано дека Жан МИтрев има положен специалистички испит во ниту една држава!!! А такви постојат во секоја држава!
Познавајќи како функционира специализацијата во Германија, и читајќи ја неговата автобиографија, Жан Митев има само fellowship! Бидејќи, во Германија сам си ги средуваш работите и специализацијата и твоја одговорност е дали и кога ќе полагаш државен специалистички испит.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
@ HITCH,
Во мојата област каде што јас работам умираат најмногу пациенти, да во мојата а не во кардиохирургијата. И не си ми ти потребна тоа да ми го соопштиш, мојот живот ми го кажува. Поради тоа и знам, колку е важно лекарот да е највисоко квалифициран и да знае што работи и добро да планира, а не да биде мауелец како што кажа колегата, и да се ќити со академско перје од фирма за производство и доставка на мебел за дом и канцеларии ДООЕЛ.

Ти го спомнав забот од лично искуство. И самата се негираш. Замисли еден заб не бил добро направен и створил проблеми. Замисли сега едно срце не е добро оперирано - поради нестручноста на Митрев (навидум добро оперирано во прво време) и после може да створи проблеми, но може да донесе и смрт. Токму поради тоа сериозноста кај срцето е поголеми и таква треба да биде и професионалноста на Митрев (што очевидно не е)

Ти средношколка ли си па ми зборуваш како да сум осмооделенец?!
Не сум HITCH ама морам да ти одговорам.

Извини ми на јазик, ама заебаваш за болдот... Не ми се верува дека си сериозен.
Знаеш ли ти колку од тие пациенти на кои според тебе Жан им скратил по 2 години од животот ќе починеле и без тие три поминати доколку би чекале од Државната Клиника?
Знаеш ли колку пациенти се одбиваат и не ги прифаќаат во Државна за операција на отворено срце?
Знаеш ли колку нехигиенски се работи во Државна?
Знаеш ли дека Филип II последните 10 години е единствената клиника каде сака да отиде секој човек кој има срцеви проблеми?

Ама не знаеш како е кога на твоја блиска личност ќе и речат: Ааааа нема шанси ова да се оперира. Готов е човекот... - Клинички
Наспроти петте години плус (и дај Боже уште толку) со друга блиска личност оперирана во Филип II.
 
H

HITCH

Гостин
@ HITCH,
Во мојата област каде што јас работам умираат најмногу пациенти, да во мојата а не во кардиохирургијата. И не си ми ти потребна тоа да ми го соопштиш, мојот живот ми го кажува. Поради тоа и знам, колку е важно лекарот да е највисоко квалифициран и да знае што работи и добро да планира, а не да биде мауелец како што кажа колегата, и да се ќити со академско перје од фирма за производство и доставка на мебел за дом и канцеларии ДООЕЛ.

Ти го спомнав забот од лично искуство. И самата се негираш. Замисли еден заб не бил добро направен и створил проблеми. Замисли сега едно срце не е добро оперирано - поради нестручноста на Митрев (навидум добро оперирано во прво време) и после може да створи проблеми, но може да донесе и смрт. Токму поради тоа сериозноста кај срцето е поголеми и таква треба да биде и професионалноста на Митрев (што очевидно не е)

Ти средношколка ли си па ми зборуваш како да сум осмооделенец?!
Оооо доктореееее јас ли се негирам? Ма, јас се си мислам дека си во градинка :smir: Убаво што признаваш дека во твојата област умираат најмногу луѓе. Нема да бидам идиот и да прашам колку пациенти Вас ви починале докторе, подразбирам дека со искуството кое го имате сте се соочиле и со таков не сакан исход. На крајот на краиштата никој не сака да му почине пациент! Мене муабетот докторе не ми беше да мерам тежина на операции, туку сакав да ви кажам дека сеедно ми е дали д-р Митрев во своето тв излагање кажал се што требал да каже, можеби скратил нешто или пак не сакајќи кажал нешто погрешно. Жената го прашала дали штети зејтинот, тој не и одговорил. ОК, и?! Не си задоволен дека не и одговорил на жената? Па што не се јави да му кажеш дека имаш забелешки? Знаеш дека постојат и писма во весник кои можат да бидат директно обраќање до некој доктор кој погрешил толку важна работа? Ма, има нешто поинтересно да му се јавиш во емисија директно, па да му кажеш што ти смета. Видете, јас оваа тема сметам дека е отворена само за да се каже нешто лошо, за некој кој е многу почитуван во својата област, не можејќи да се успее.
 
Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
@ Гладиус

Значи јас не викам дека без Жан не се може. Зошто да е некој си Жан а да не е Д-р Џунг Зи Џинг од Кина, со призната специализација и искуство на самостоен оператор во Кина?
Кога веќе треба да има кардиохирургија во МК тоа требало да се направи професионално.
1. Да се обезбеди стручен тим
- Кардиохирург со призната специалност и искуство на самостоен хирург, а препорачливо Шеф Хирург (ChefArzt) - таков каков што Жан не е.
- Асистентхирург (Assistentarzt) - со искуство во кардиохирургијата, за да затвара и отвора рани.
- Кардиохируршки анестезиолог

2. Државна кардиохирургија - нова зграда, со нови инструменти, со највисока последна технологија.

Зошто државна да мора да биде синоним на нехигенско, на лошо, на корупција на кримианал?!
Зошто и јас сум во државно па кај мене е 100 пати поуредено од Жан, како професионално (со стручни хиерархиски поставени лекари), така и со апарати.
Државно = лошо - не секогаш е точно!

Клинички не прави операции на срце во Македонија, соодветно на тоа не враќа и не прима пациенти.

Филип 2 во последните 10 години беше единствена клиника што работи срце, а не што некој сакал таму да иде. Немал избор.

И повторно, во државна не прават операција на отворено срце.

Имам чувство дека разговарам со тотално немедицински лица. Ако е тоа случајот да не правеме длабоки дебати е најметниот потег во моментот
 
H

HITCH

Гостин
Ај јас да прашам нешто малку офтопик.. Дали има можности Фондот за здравство да ги раскине сите договори со филип 2 во полза на Систина? Т.е. Систина да биде единствената хирургија која покрај приватно ќе оперира и здравствено осигурани лица... Мене ми мириса дека некој се обидува да го направи токму тоа.
Не може, затоа што Систина е чиста перална за пари. Систина добива пари од фондот за да не испадне монопол на Филип Втори. Проблемот не е затворање на Филип Втори туку сосема нешто друго. Последниов период Митрев имал идеја да ја проширува Филип Втори во други области освен досегашните. Филип Втори секогаш добива пари од фондот, онолку колку што ќе побара. Имено, пред некја година му беа префрлени 7.3 милиони евра, а после се зголемија на 9 милиони евра. Доколку се исполни планот на Митрев, кај него ќе одат подобрите лекари, бидејќи навистина скоро сите (освен плукачите) сакаат да сорабитуваат со него. Овие (читај Систина) погодени, а малку и затечени од ситуацијата, почнуваат да плкуаат по Митрев се со цел народот да реагира, ама се зезнаа. Народот сам си одлучи дека засега Митрев е најдобар во својата област. Ако Митрев го исполни планот, Систина ќе пропадне. Значи Систина води борба за опстанок :toe:
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Океј. Јас се измислувам.
Јас сум во заблуда.
Oh wait... who am I actually?
 
Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
@Hitch
До сега ми починале 9% од пациентите на мене лично, во околу 30% од тие 9% не сум бил јас главниот лекар, во улога на асистент.
Не можев да се јавам, не примаа јавувачи.

Тоа е една од највисоките смртности во медицината. Но ниска или од нормална кон ниска во областа во која работам.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
Јас повеќе не те персирам, мислев дека си доктор, АМА ептен сум утнала.
Хм, од почеток на муабетот...се надеваше дека со озбилен човек збориш?
Кога ќе постави некој тема за да омаловажи некого по име и презиме со истовремено вадење на штипски врски и потенцирање дека тој доктор нема кредибилитет (без разлика на успехот на институцијата), мешање на брат му Саша (btw, поздрав до него, човек ипол), рамнење на др Петко и др Митрев, исфрлање информација дека мртви носел наутро (ака Др. Франкештајн), на повик на едно момче да се претстави истото не го прави наводно заради јавноста на форумот (на кој btw го омаловажи докторот по име и презиме, уште фали да му ја изложи интимата, семејството и личните проблеми)...за да после од негова страна се направи обид за "држење некое ниво на дискусија", за да после изјави дека не му се доаѓа во Македонија (ниту да помогне на своите сограѓани со неговата стручност)...озбилност во таква дискусија нема. Диипломата сама по себе не е доказ за сето ова горенаведено. И да не е стручен, барем е конкуренција на државните институции, малку го раздвижи здравството во тој домен.
Сето друго па и оваа изјава
The fact that your patient gets well does not prove that your diagnosis was correct"
се благо речено ограничени размислувања и изјави. Ако почнам (па и други форумџии со лични искуства) со набројување на докторите по име и презиме од клиники и од здравствен дом (поготово што и јас потекнувам од такво докторско/медицинско семејство, башка низ годините сум гледал патешествија на блиски и далечни низ тие институции...и бааги утки и умирачки за мој вкус), некои од најпознатите имиња (посебно изминативе 20-30 години) ќе ти делуваат као чираци у таа бранша. Ако само си припомнам дека мој роднина ќе беша здрав као дрен само доколку хирургот (мноогу познато име) при рутинска операција на слепо црево не сокриеше друга дијагнозата од сите нас.
Ама не е тоа тоа...треба да си навистина терсене у душа за да исплукаш јавно некого. Сите праат киксеви, дипломите се добиваат на разни начини...не е вредно да вреѓаш луѓе по име.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom