Што мислите за Жан Митрев?

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.293
Тоа што одредени студенти идолизираат одредена јавна личност, успешна во своето поле, не го става ниту над законот, нути му дава слобода, во овој случај, да експериментира повикувајќи се на своето име (реноме) и статус. Тоа ти е исто како еден еминентен кривичар или социолог, со цел имплементирање некој нов (научен) метод (или техника, технологија, производ...) за ресоцијализација на затворениците, без нивна согласност, а притоа во спроведување на истиот да постои потенцијална опасност по нивниот живот и/или здравје, да започне тест експирементални студии кои, во пракса, навистина даваат или би дале одлични резултати! Или можеме со уште попрост, реален и секојдневен, пример од сферата на медицината.

Докторите се секогаш заштитени како бели мечки, последно со експертите на Лекарската комора, која застанаа зад Асани. Претпоставувам и дека, Асани, е ваш идол. Покорисен е на слобода отколку во затвор. Нели?

Ако најдат вина, односно ако го прогласат за виновен, Митрев, може да добие условна казна, парична казна и/или алтернативна мерка. Кривичната постапка не секогаш резултира само и само со казна затвор (ако обвинетиот е прогласен за виновен). Прашањето е дали јавното обвинителство ќе покрене нови обвинителни акти, или дали ќе ја прошири истрагата кон други лица, гледам, Митрев, го товарат само за измама. Ако остане на ова, сметам дека ќе изеде дебела парична казна. Ништо повеќе.

Скандалот пукна, медиумите гладно ја следат истрагата во чекор, има меѓународен интерес, во прашање беа ставени и човечки животи, а и пристапи кон трупање на рекордни профити во време на пандемија, со што се навали и јавната тежа против него. :)
Да се разбереме, не релативизирам, но филтрација на цитокини не е забранета процедура кај пациенти кои имаат цитокинска бура.
 
Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.801
Поени од реакции
2.600
Дно:facepalm:

Вика напатен сум од новинари и бара да потпишат договор кај што секоја обработка на итнервјуто мора да има согласност од двете страни,им влага у уредувачка политика.Пљус и пишчано мен проби дно. Не е он крив што земале кредити над 20к евра луѓе туку новинари му са криви за тоа што објавиле дека го правел
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.372
Поени од реакции
19.959
Никогаш не сум имал некое посебно мислење за Жан, го гледам како жртвено јагне или тепачка помеѓу ривали. Во ред јас сум за да ако е крив Жан да му се суди и да се осуди, но што е со останатите Жановци? Правдата е премногу селективна и смешна, се додека Љуљзим си зима мито на отворено пред камери, Африм си вози со мерцедесот со 210 км/ч собирајќи тинејџери под него и Зибери е алергичен на плаќање сметки, која е целта да правиме муабет за правда, образование, здравство?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.293
Правдата е премногу селективна и смешна,
Значи Жан треба да одговара и да си го добие ама заедно со другите пајташи кои не постапиле по службена должност и го дозволиле ова како црепот Фиљипче! Во нормална држава сите кои не постапиле по службена должност ова да го спречат се СОУЧЕСНИЦИ!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.760
Поени од реакции
9.558
Штета....голема штета, но тоа е кај нашиот народ, македонски синдром, да уништи, пљука, да линчува се што е квалитетно и успешно.
Жан е голем стручњак и тука никој неможе да му најде замерка.
Сите новитети во лекување кои се применуваа во неговата клиника беа транспарентни, тајно не работеше ништо....но го фатија на зуб, го турија у бубањ и сега мамето мамино ќе му го расплачат, да се покае што воопшто се вратил во Македонија, а сигурно веќе се кае.
Ниту еден пациент не бил хоспитализиран на сила, ама и луѓето се безобразни, ем знаеле колку чини третманот, молат за помош а кога ќе треба да се плати, тогаш немаат пари...па што одите бре кај него?
Ние обични смртници ќе се лечиме во државни установи ако имаме среќа.
Голема хајка е ова против Жан....човекот не е виновен, но ќе мора рекет да даде негде кај што нејќел.
 
Несомнено е тоа дека е жртва на рекет, ама и господинот "академик" не е китка за мирисање.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
I jas sepak mislam deka nema tolku strasno krivica kaj nego kolku sto se digna fama....
Od edna strana ocigledno dobar kako strucnjak, od druga dno od sueta I alcnost. Si tera isklucivo biznis, bez "H" od nekakva humanost. Samo profit... Sto vo toj pogled ne go pravi nisto porazlicen od kup tranziciski biznismeni ili politicari. Ama ako moram da odberam nekoj od kupot bagra kako minco, zegin, zaev, micko... sepak simpatija ke odi kaj akademikov...
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.760
Поени од реакции
9.558
Не е дозволиво да нудиш таква процедура профилактички. Во тој случај ризикот не го надминува бенефитот.
Можеби не е дозволена, но он кога почна со таа процедура, сите телевизии го рекламираа, сите гледаа, зошто тогаш веднаш не реагираа надлежните, а не тек после две години?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.293
Можеби не е дозволена, но он кога почна со таа процедура, сите телевизии го рекламираа, сите гледаа, зошто тогаш веднаш не реагираа надлежните, а не тек после две години?
Затоа треба и Фиљипскиот на Наде да му праи друшто, ама како што гледаш не му праи!
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
723
Поени од реакции
388
Искрено тешко дека некој знае точно што и како било, но дека е 100% чист не ми се верува.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
816
Поени од реакции
1.296
Штета....голема штета, но тоа е кај нашиот народ, македонски синдром, да уништи, пљука, да линчува се што е квалитетно и успешно.
Жан е голем стручњак и тука никој неможе да му најде замерка.
Сите новитети во лекување кои се применуваа во неговата клиника беа транспарентни, тајно не работеше ништо....но го фатија на зуб, го турија у бубањ и сега мамето мамино ќе му го расплачат, да се покае што воопшто се вратил во Македонија, а сигурно веќе се кае.
Ниту еден пациент не бил хоспитализиран на сила, ама и луѓето се безобразни, ем знаеле колку чини третманот, молат за помош а кога ќе треба да се плати, тогаш немаат пари...па што одите бре кај него?
Ние обични смртници ќе се лечиме во државни установи ако имаме среќа.
Голема хајка е ова против Жан....човекот не е виновен, но ќе мора рекет да даде негде кај што нејќел.
Толку голем "стручњак" е што ќе ти бара 2000 евра за озонирање и дезинфекција на собата пред да те прима со корона погребална вируза. :D

Следно што е и за воздухот да не треба некое евро?
 
Член од
28 ноември 2022
Мислења
229
Поени од реакции
339

Planovite na Kamčev vo korelacija so vlasta se mnogu golemi i valkani, no koj da razbere

Samo hrabro drag moj kolega, vistinata sekogaš mora da izleze na videlina
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom