- Член од
- 13 јануари 2015
- Мислења
- 913
- Поени од реакции
- 813
И ти грешиш, огромен број остануваат овде во Македонија. Од тие што остануваат живи и после Втората светска војна, не ја знам точната бројка на апликанти, но сигурно се преку 2000, бараат илинденска пензија од властите во СР Македонија за нивното учество. Еден од апликантите е и мојот прадедо од Врбјани (охридско) таму има изјавено дека се борел за македонскиот народ, и јас кога отворив бугарска википедија видов дека му ставиле бугарско име, и му го промениле презимето, а ставиле референца илинденски сведоштва. Ај после не ги мрази кога измислуваат.Тука си во тешка заблуда...Најголем дел од дејците на ВМОРО завршуваат во Бугарија после окупацијата на егејскиот и вардарскиот дел од Грција и Србија. Па затоа најголем дел од роднините и внуците на истакнати дејци на ВМОРО и ВМРО како Гоце Делчев, Тодор Александров и др. денес живеат во Бугарија. По србската окупација на вардарскиот дел, Србите прават тешки репресии а најжестоко на удар се борците и членовите на ВМОРО и нивните фамилии.
Иначе воопшто е пренапумпана бројката од 3 милиони Бугари со потекло од Македонија, прашање е дали се и 1 милион (овде не ги рачунам пиринците).
Од Дебарца кој бил чист крај каде имало само дејци на ВМРО, ни 50 семејства се немаат преселено во Бугарија, никој не бил репресиран. Слично е и со другите региони во Македонија. Бранислав Русиќ после Втората светска војна оди од село во село и истражува за родовите и нивни иселеници, во неговите истражувања има многу малку за иселеници во Бугарија.