Што кога ќе се посомневате во партнерот?

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Ама ич не се замарам, додека сум со него со него сум и не се замарам, обично со одредени муабети се увидува дали крие нешто или не. Сум ги местела порано на секаков начин до степен што не би помислиле, ама сега немам време за тоа и за такво замарање. Ако одам со него значи имам доврба во него, ех сега а ако праи нешто си се знае одма што следува, нема многу размислување. Не се сомневам многу, а ако случајно ми дојде таква мисла во глава, прво проверувам дали е точно па после го карам и завршувам.
 
E

elence*$

Гостин
ми се случило да се посомневам дека нешто не штима,иако тој ми негираше знаев добро да проценам.видов дека не е исто,а ни слично ко на почетокот и решение: ја прекинав врската ..то е незнам друго решение за ваков случај.
 

ThugProphet

I'ma die a hustla!
Член од
14 јули 2007
Мислења
468
Поени од реакции
8
Значи, во врска сте, се сакате и се по ред, но почнува нешто да ве копка ... ви се појавуваат некои сомнежи во врска со партнерот, дали ве сака, колку му значите, дали сеуште е заинтересиран за вас како и порано или па крајно има некој/а друг/а итн. Што правите во тој случај?
Прво, ако нема место за сомнеж, ќе сфатам дека сум будалест и нема да мислам на тоа повеќе.
Доколку има, прво секад почнувам да пијам, можда малку маричка колку да се опуштам. После трезнењето, при првата средба, оценувам реакции, колку се совпаѓаат со претходните, кои суделе за искреноста. Доколку не се совпаѓаат, не се слични или манифестираат нешто спротивно или далеку од она што го очекувам, почнувам разговор, ама не директно, туку од околу.

Тој едноставно не сака да разговара за тоа, или па ако разговара, ви кажува дека нема никаква промена кај него во врска со вас.
Доколку не сака да разговара, очигледно е дека избегнува тема, а со тоа мојот сомнеж се зголемува. Ако разговара, а ми кажува спротивно од она што јас го гледам, тогаш плескам в лице се што сакам да кажам, па чисто сумњам дека тогаш ќе може да избегне тема.

Па после тоа, кроите план како да му наместите ситуација каде што би се открил ако ве лаже за нешто (пример: праќате удварачки пораки од друг мобилен, го следите каде оди и што прави, се допишувате со него преку интернет со друг јузер, му праќате другарка да му се пушта ...) или оставате на времето да си покаже што е со него/неа?
Нема што да испитувам, да поставувам замки, моите чувства, мојата потсвест никогаш до сеа ме нема изневерено.

Можеби некои од вас воопшто не се замараат и при прва слична забелешка не се трудат повеќе и ја раскинуваат врската?
Е тоа не го правам никогаш. Прво сакам од личноста да ја чујам вистината, после превземам мерки.

А дали вас некогаш некој ве наместил како во примерите, и како сте изреагирале? Сте го прифатиле тоа најнормално, сте раскинале, сте се налутиле ... ?
Ако пратнерот се сомнева, и ако го насетам тоа, почнувам директен разговор.

Што мислите општо за ваквите постапки ... несигурни се и ниски или па неизбежни кога партнерот едноставно не разговара отворено за проблемот?
Ако партнерот не обрнува доволно внимание не мора секогаш да значи дека повеќе не постои заинтереснираност. Тогаш е потребен разговор за да пронајде и елиминра проблемот!
 

Pretty bItCh

..::feel the ♥::..
Член од
20 септември 2007
Мислења
317
Поени од реакции
1
ако се посомневам сигурно ке има причина.тоа се познава во однесувањето,ако крие нешо.нема шанса да не препознам.освен ако не изглумира ептен добро.ама пред се ако се посомневам можеби нема одма да пробам да добијам одговор,но сепак ке поработам на случајот.можеби од него ке извлечам одговор,можеби сама ке го барам одговорот...се зависи од моментот и колку ке ме мани точката в гла..аа дека ке го пратам,шпионирам,претесвам,буричкам по мобилни нема шанса не пагам толку ниско.то е то
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Ако се посомневам ке го прашам отворено,затоа што не знам како ама некако ги дознавам работите.Случајност.
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
64
Ako se pocuvstvuvam nesigurna,probuvam toa da go resam so nego...ako nema resdenie,ako toj nesaka da razgovara za toa i mi vika deka se e kako sto treba da bide a jas cuvstvuvam deka ne e,ostavam na vremeto da pokaze,ako prodolzuvam taka da se izmacuvam mu raskinuvam,no nikogas ne bi napravila nesto tolku podmolno i smesno da mu prakam drugarki ili poraki za da vidam sto se slucuva:lud:...Ne mi se slucilo nekoj mene da me namesti zosto ne sum davala povod za toa,igram cisto:)Mnogu nizok udar e takvo nesto da mu priredis na decko, mislam ako veke si vo vrska treba da veruvas za da ti veruvaat a ako nemozes togas stavas kraj...vrtenje odokolu i doznavanje na glupi necini:lud:
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Значи, во врска сте, се сакате и се по ред, но почнува нешто да ве копка ... ви се појавуваат некои сомнежи во врска со партнерот, дали ве сака, колку му значите, дали сеуште е заинтересиран за вас како и порано или па крајно има некој/а друг/а итн. Што правите во тој случај? Тој едноставно не сака да разговара за тоа, или па ако разговара, ви кажува дека нема никаква промена кај него во врска со вас.
Па после тоа, кроите план како да му наместите ситуација каде што би се открил ако ве лаже за нешто (пример: праќате удварачки пораки од друг мобилен, го следите каде оди и што прави, се допишувате со него преку интернет со друг јузер, му праќате другарка да му се пушта ...) или оставате на времето да си покаже што е со него/неа? Можеби некои од вас воопшто не се замараат и при прва слична забелешка не се трудат повеќе и ја раскинуваат врската?

А дали вас некогаш некој ве наместил како во примерите, и како сте изреагирале? Сте го прифатиле тоа најнормално, сте раскинале, сте се налутиле ... ?

Што мислите општо за ваквите постапки ... несигурни се и ниски или па неизбежни кога партнерот едноставно не разговара отворено за проблемот?
Тоа малку што го научив во овие 17 години е дека кога бирам некој крај себе треба да знам добро што избирам, личност која ќе ме љуби и почитува, личност која ќе има доволно достоинство да ми каже ако еден ден се појави некоја друга.
Не, не би посегнала кон било какви тестови и проверки за луѓето кои ги љубам, нив им верувам.
Ако некој достигнал одредено ниво на зрелост тогаш нема да има апсолутно никаква потреба од тоа да се крие зад проблемот и ќе биде доволно способен ако го има да го стави на маса и да го реши.
Ништо не се постигнува со постојано барање проблеми, ништо не се постигнува ниту со нивно игнорирање.
Партнерот е личноста со која треба да бидеме најблиски, а не најдалечни.
 
U

UnholY

Гостин
Ке ја повикам на разговор и ќе и ги кажам моите сомнежи....мислам дека тоа е најдобро решение кога едниот од двајцата ќе се посомнева во својот партнер....
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Хм... секогаш се започнува со добар збор, па како ке заврши... Инаку ако се посомневам си правам некое црно филмче, па кога ке испадне дека тоа филмче е само во мојата глава знаеме многу пати да се смееме на филмчињата. Истото и со нејзините.

Едноставно колку и да си сигурен во врската има делче црно што ке те тера да мислиш на глупи работи, особено ако се гледате поретко.
 

Zodiak DJ

♥ I feel you... Anyway ♥
Член од
8 август 2009
Мислења
286
Поени од реакции
21
Ако не те сакам, зошто боли вака?



Ја отворив оваа тема со цел да го видам вашето размислување пријателчиња околу тоа... Како да се потиснат сомнежите кон вашиот партнер/ка кога тврдите дека го сакате, ама сомнежите ви се поголеми од љубовта и постојано го повредувате, поради една грешка која ја направил ненамерно (не зборувам за изневерување, туку било која грешка неповрзана со изневерување) Или искоментирајте баш доколку сте се нашле во таква ситуација да бидете сомничени од партнерот/ката и покрај љубовта која ја има, односно ви тврделе дека ве сакаат, но очигледно било дека ве обвинува само поради тоа што кај неа/него се појавуваат за одреден период сомнежи од се што се случува околу вас... Посебно кога знаете дека не сте направиле ништо, дека сте искрени, но партнерот/ката упорно ви ги пика во очи тие сомнежи?:helou:

„Сегде околу нас љубов ефтина со дланка просјачка и мантил искинат, но мојата ќе трае се дури сум жив, твојто име да е мој последен здив. Ако не те сакам, зошто ми е мака, кога ноќ ќе падне и ќе ми помине без тебе? Ако не ми требаш, тогаш што ми прави кога ќе ме гушнеш светла топлина во гради?Ако не те сакам, зошто боли вака секој Божји ден што ќе ми помине без тебе? Ако не ми требаш, зошто суша ти ми оставаш во душа кога и да заминеш? А сега, одете си сите, сакам да сум сам, не би ме разбрале ни да ви објаснам. Ве имам како свои, но ми фали едно лице сокриено во мојто непроѕирно срце....Ако не те сакам....“
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Најтешко е невин да те обвинат за нешто кое не си го направил, па уште личноста која те обвинува да е лудо сомничава и не можаш никако да ја докажеш својата невиност тоа е капак на се.
Колку и да боли љубовта секогаш има утеха дека ако те опнат со шипка по грб секогаш ќе боли повеќе.
Баш на темава се сетив на еден српски филм Булевар револуције се викаше, таму има една позната фраза од главниот протагонист вака викаше Курвите се за д*пење, додека дамите за љубење. Не е поврзано со темава ама ете ми помина низ мисли таа фраза.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
А зошто песна? од Владо Јаневски.
 

Zodiak DJ

♥ I feel you... Anyway ♥
Член од
8 август 2009
Мислења
286
Поени од реакции
21
А зошто песна? од Владо Јаневски.

Па така... едноставно онака, го истакнува неразбраното ... пошто секој не може да разбере што некој чуствува за некој, посебно кога станува збор за разбирањето од саканата личност... Дека неговиот/нејзиниот партнер/ка не е е спремен/а да изневери затоа што ја сака таа особа, која произведува сомнежи... А сомнежот боли, посебно кога е нереален...
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Сомнежи постоеле и ќе постојат.Проблемот е кога тие достигнуваат енормни величини.Сметам дека е поради недостаток на доверба во врската и покрај голема љубов или пак од толку голема љубов кај еден од партнерите се појавува страв или сомнеж.
Во секој случај сомнежот(оној во крајни граници што е), не носи добри резултати во врската.Сметам дека еден добар разговор во четири очи и отворено разговарање за причините за појавување на сомнжот можат да ги подобрат работите.Може едниот од партнерите прави несвесно некоја работа што предизвикува сомнеш па со разговорот ќе се санкционира итн итн...
Во секој случај искреност и отвореност е лекот за сфе:pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom