Well... има три варијанти.
Едни ме знаат ко најсрамежлива и најповлечена, други ме знаат ко ненормална будала, а оние најдобро што ме знаат, ме виделе у двете светла (фактички му доаѓа како трето светло).
Тие што не ме знаат доволно, на пример познаници или на улица да ме види некој: Затоа што сум премногу срамежлива, највероватно ќе буљам у нешто.. може да биде земја, небо, семафор, зависи што ме импресионирало.
Оставам впечаток на многу срамежлива и повлечена личност. После тоа следува моментот кога ќе се лупнам во бандера, ќе се сопнам качувајќи се на тротоар и некој ќе си рече: Нема спас за оваа.
Кај срамежлива, па и глупа.
Не гледам секогаш у очи кога зборам, од тој пусти срам. На тоа ми имаат дадено замерка.
Кога сум у друштво: Е тогаш сум скроз различна. Одам од крајност во крајност. Тогаш веќе правам премногу гестикулации, мислиш бркам муви пред себе.
Али така е пошто сакам поубаво да објаснам.
Или пак да пеам или рапувам некоја најретардирана песничка. Тогаш... ми имаат кажано дека сум била позитивна, смешна, распеана...
Така што, не можам да издвојам едно.