Што е тоа што ги држи многу незадоволни луѓе во Македонија да седат во државата...

Член од
21 март 2011
Мислења
2.511
Поени од реакции
1.757
Потикнат од една иста тема повторувана повеке пати само со различни наслови каде секојдневно го слушаме истиот муабет како не ни чини државата сакам да поставам некое прашање за кое никако не можам да најдам одговор а се работи за следното:

Што е тоа што нашиве стални учесници во вакви теми ги држи во Македонија.На секоја тема истите прикаски, плукање по државата, по народот, родителите и слично а сепак со години ги гледаме се уште тука во Македонија, не се мрднати од мртва точка, зарем мораат на секоја тема да го дрват истото и пак тука да седат, зарем не е полесно со молчење еден ден да си ги соберат парталите и да ги снема за век и векова, барем ке се спасат од бедава наша а и нас ке не спасат од нивната депресија, меланхолија во која западнале, не ке мора да шират негативна реја, верувам некаде на друго место ем ке бидат насмеани и весели ем нема другите да ги трујат другите со години со истите нивни плчења, лигавења дека све им смета, па немора само тоа па тоа и така натака. Понекогаш се прашувам која е вистинската причина што се уште седат до мама и тато а толку имааат желба да исчезнат од нашава бедотија, дали не се способни ниту за тука ниту за таму па најдуваат утеха во плукање на државата,во омаложување на луге кој не се согласуваат со нивните ставови и слично,знам многу луге кој не биле или не се задоволни од состојбата тука во нашава бедна држава ама не се дереле на цел глас дека паднале во депресија туку едноставно кренале парталот и заминале, кој со авион, кој автобус, имало случаеви некој дури и и преку планини, долини и препливување на реки ама заминале а нашиве секојдневни плачковци со години плачат тука ама никако да потегнат потез.Смртно сум заинтересиран да ги слушнам нивните одговори па повелете, мислам дека темава е доволна провокативна за солидна дискусија.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.583
Поени од реакции
4.711
Значи некој ако има критика кон сопствената држава, не смее да ја каже туку треба да се исели?! Браво, профи логика! Секоја власт го посакува тоа, што помалку незадоволни, толку подобри услови за владеење и инсталирање на свои политики врз грбот на граѓаните.

Добро, си слушнал ти за критична маса? Само така една држава може да оди напред!

Не ми се верува дека и народот го убедија дека цело време треба да си презадоволен, во спротивно сели се :facepalm:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
38.387
Нема потреба од критична маса во државава, само така ќе се одржува илузијата дека овде прекрасно се живее. Ако критиуваш си предавник, крвник на својата земја. Неможам да се изначудам до каде успеа да продре оваа пропагадна машинерија. И тоа замисли поголемиот дел не ни плаќаат даноци кој заговараат иселување. Или се средношколци или се студенти или вечити студенти кој до 25 години сеуште се трета на факултет.
Не се селам од мојата земја, на кој му сметам слободно нека се исели.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.436
Поени од реакции
15.309
Ова се објаснува само со еден збор, ама пошто ќе ме бришат еве подолга реченица. Инаку одговорот е:

Глупавоста
 
В

Вештерот

Гостин
Што е тоа што нашиве стални учесници во вакви теми ги држи во Македонија

барем ке се спасат од бедава наша а и нас ке не спасат од нивната депресија, меланхолија во која западнале, не ке мора да шират негативна реја, верувам некаде на друго место ем ке бидат насмеани и весели ем нема другите да ги трујат другите со години со истите нивни плчења, лигавења дека све им смета, па немора само тоа па тоа и така натака..
Некои едноставно не можат да добијат виза. На тие кои ќе добијат виза никој не им гарантира дека нема истото да им се случи и таму некаде кај што би заминале и дека нема да ги снајде беда.Не е така лесно да се замине. За некои пак важи правилото дека е подобро е да си прв во село отколку да си последен во град.
Изгледа дека не е се така црно како што некои сакаат да ги прикажат работите.;). Бај д веј ова ми даде инспирација за нова тема.
 
Член од
21 март 2011
Мислења
2.511
Поени од реакции
1.757
Нема потреба од критична маса во државава, само така ќе се одржува илузијата дека овде прекрасно се живее. Ако критиуваш си предавник, крвник на својата земја. Неможам да се изначудам до каде успеа да продре оваа пропагадна машинерија. И тоа замисли поголемиот дел не ни плаќаат даноци кој заговараат иселување. Или се средношколци или се студенти или вечити студенти кој до 25 години сеуште се трета на факултет.
Не се селам од мојата земја, на кој му сметам слободно нека се исели.
ке замолам без внесување политички примеси, и второ никој не заговара иселување туку потенцирам многу други членови на другите теми цело време се изјаснуваат дека би заминале а се уште се тука, ниту заговарам иселување туку ме интересира зашто се се уште тука ако цело време го труби тоа, инаку никој не зборува да не се критикува
--- надополнето: 10 јануари 2012 во 09:42 ---

Ако не заминале, а сакале да заминат или сеуште имаат обврски (образование) или немаат бугарски пасош да можат легално да заработат. Кога Македонија ќе добие можност слободно да работи во ЕУ јас те уверувам дека илјадници млади ќе заминат.
 
Член од
21 март 2011
Мислења
2.511
Поени од реакции
1.757
тие што сакаа да заминат замина одамна, кој сака ке си го најде чарето, ние овде имаме секојдневно плаченње без потези, дури и кога би ја викнал таа критичка маса на протес нема да дојде туку ке седи во некој кафич и ке се лигави од таму
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.008
...или вечити студенти кој до 25 години сеуште се трета на факултет.
:oops:

Да го завршам образованието, па ќе видиме. Не е толку лесно да фатиш џаде Австралија, Н. Зеланд или Канада. Полесно се нафаќаат луѓето да се иселат во ЕУ земјите, ама за таму ти треба бугарски пасош (добро, не секогаш, со одредено образование можеш и со наш пасош, но сепак и тоа е еден ограничувачки фактор).
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Ако сум незадоволна од државата треба да си одам? Ајде бе жити се. Ова е најновото што сум го чула. Ако не ти се свиѓа иди си. Ко да има некој право да ми каже дали да си идам од Мк или не. Чие имање е ова бе?
Не сакам бе! И сум незадоволна, ќе зборам колку сакам и исто толку ќе критикувам за тоа што јас мислам дека треба да се критикува.

Туку дај тие успешните, што им цветаат рози, нека прошетаат по светот да видам дали ќе останат успешни. Ко што имаше погоре, да видам дали ќе станат први во градот. Само таму ќе го нема тато, со книшката партиска.
 
Член од
21 март 2011
Мислења
2.511
Поени од реакции
1.757
да не мешаме баби и жаби, никој не рече да си одат незадоволните, јас прашувам ШТО Е ТОА ШТО ГИ ДРЖИ ВО МАКЕДОНИЈА, сепак е различно од тоа што некој пробува да му даде друг правец на темава, ве молам бидете прецизни без обид за дефокусирање.
 
Член од
21 март 2011
Мислења
2.511
Поени од реакции
1.757
Храброста. Да сменат нешто, а не да бегаат.
конечно некој со попрецизен одговор,ако е тоа причината јас би се гордеел со нив,само збунувачки ми делува тоа што овие најповиканиве на темава не показуваат такви знаци во своите настапи.
 
На врв Bottom