Што е тоа кул човек?

Б

Бат Елохим

Гостин
"The best way to say something is neat-o, awesome, or swell. The phrase "cool" is very relaxed, never goes out of style, and people will never laugh at you for using it, very conveniant for people like me who don't care about what's "in." - www.urbandictionary.com

"Еј оној е ептен кул човек"
"Е таа е кул женска"
"Тие двајца се многу кул"

Ситуација1: Во едно мало село, не сакам да го именувам да не се препознае некој и да се дискриминираат некои сосема различни села, на средсело, гужва од народ а пред кооперацијата на дрвена клупа и една гајба се седнати тројца млади дечки и го пијат четвртото ладно пиво а во план им е седмото. Од подоле по патот се слуша задушено брмчење на мотор и некоја чудна но позната бучава кое се повеќе и повеќе се приближува. Кога веќе убаво се слуша бучавата, на патот се појавува зелен автомобил, марка Застава со бројка 101. Од автомобилот се слуша музика со ориентални солажи и глас на некоја пејачка која звучи како да прави гаргара. Низ прозорецот се протнува глава со жолто фарбана коса и златен преден заб и погледнува лево-десно, плукнува меѓу заби на земја, ја враќа косата и забот назад во автомобилот и продолжува по патот по кратката пауза каде што е виден од повеќето луѓе во селото. Низ прашината од возењето на "стокецот", провејува реченица кажана од дечкото што седи на гајбата - "Кул човек е овој". Другите се согласуваат...

Ете неколку примери за тоа како може да се оценуваат кул луѓето. Кое е вашето? Што е тоа што некого го прави кул? Сигурно сте се нашле во ситуација кога некој човек сте го оцениле како кул. Што е тоа што вие мислите дека е потребно да некој биде кул.

П.С. Ако некој ми ја упропасти темава, за која потрошив време долго за пишување, нема да бидам добро расположен.
О примериве, за мене се кул тие на гајбите уствари:icon_lol:, само у мојт филм гарант не би кажале тие дека е кул тој "фраерот" :icon_lol:

За мене кул човек е некој што стои на земја со двете нозе, носот му е на место и гледа малку подалеку од него. Што ќе го запамтиш како некој што те насмеал и ти било пријатно да разговараш со него/неа небитно.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
кул? Нека биде таткоти во собрание..

Облечи најскапа марка,направи фризура ќе видиш после кул :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Секој е кул за некој друг. Кул човек за мене е секој кој знае да живее.
 
С

сашенко

Гостин
кул? Нека биде таткоти во собрание..

Облечи најскапа марка,направи фризура ќе видиш после кул :)
Не те прави кул облеката колку однесувањето.За мене е кул човек тој што нема којзнае колку пари да се облече ама кога оди по улица, кога прави муабет и кога го гледаш како си го живее животот на свој начин сваќаш дека него не ни му требаат повеќе пари отколку што има сега.Тој е појава ваков каков што е.Го гледаш како си дозволува да ужива во работите кои ги сака и тоа го прави сосема нормално без да го боли ташак за тоа што ке рече комшијата или што ке рече светов.Не го боли за модата, не го боли за политиката, не го боли за никого.Кул човек, човек кој не се замара и кој не те замара.Позитивна фаца, кој ке те насмее, ке те воодушени со неговата појава и ке си речеш во себе I wish i was like that.Немораш да го помислиш тоа ама многу ке посакаат да бидат како него.Ако си и ти до некаде кул немаш потреба да бидеш како него.Ке знаеш само дека ова е човекот кој го сакаш во друштво.Кул може да те направат многу работи ама дека облеката и парите на мама и тато ке те направат такво нешто тоа заборави.За многу таквите луѓе ке останат само кретени и фалбаџии.Фалбата е рѓа, тоа никогаш нема да биде кул.Таквите луѓе ке бидат дел од зајбанциите на кул луѓето.
 
абе сите не мислат така.. Повеќето гледаат ова ја шо го пишав.. и сосема го подржувам тоа што ти го напиша али реалноста е друга..
 
Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
ќе земеш еден kawasaki мотор и пред жени ќе го дигаш на едно тркало:D
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Cool човек е Clint Eastwood. Све друго е имитација на него.
 
С

сашенко

Гостин
абе сите не мислат така.. Повеќето гледаат ова ја шо го пишав.. и сосема го подржувам тоа што ти го напиша али реалноста е друга..
Тој со парите и облеката може ке помине кај некого ама тоа не е кул.Кул треба да будеш ти не облеката која ја носиш.Можеш да искочиш на улица со облека на тебе што вреди и над 1000 евра ама што кога ке ти пријде човек и незнаеш збор да размениш? Добро ај не до толку ама што кога ке искочиш подалеку некаде без твоето стално друштво?Секој е фраер и кул со своите луѓе ама искочи со друг и покажи се таму колку вредиш.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Како што налага темата.
Кул човек е индивидуална карактеристика, во зависност од личните преференции.

Мене Usher или Justin Timberlake ми се про геј и шмокљани, ама на пола све му се кул. Сепак јас се држам до своето.
Kurt Cobain ми е кул, а на многу луѓе им е прљав џанки...се е релативно.

Едно е сигурно, ја сум сеопшто кул по сите стандарди :pos:
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
James Bond e кул
а за Ситуација 1: Tешка сељандура без тапија зашто и за тапија треба да си малце кул
 
I

indigo child

Гостин
Кул е тој што не му е гајле дали другите за него мислат дека е кул.
Исполнет е со кулнес постојано.
Се смее повеќе на своите отколку на туѓите шеги.
Не се замара со меѓучовечки односи и малограѓански муабети.
Пишува книги и слуша музика.
Седи како сака на час, каде сака и праи муабет со кого сака.
На професорите им се обраќа со „ти“.
 
Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
кул е кога некој преоѓа од хај у доун
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Кул е тој што не му е гајле дали другите за него мислат дека е кул.
Исполнет е со кулнес постојано.
Се смее повеќе на своите отколку на туѓите шеги.
Не се замара со меѓучовечки односи и малограѓански муабети.
Пишува книги и слуша музика.
Седи како сака на час, каде сака и праи муабет со кого сака.
На професорите им се обраќа со „ти“.
Има разлика од музика до музика, ако слуша Сека Алексич, Јелена Карлеуша 100 %не е кул, а ако слуша добра и квалитетна музика може
 
I

indigo child

Гостин
Има разлика од музика до музика, ако слуша Сека Алексич, Јелена Карлеуша 100 %не е кул, а ако слуша добра и квалитетна музика може
Шо му е гајле бе?
Ако сака и Сека Алексич ќе слуша.
Ако не му е гајле дали ти го сметаш за кул него или не, КУЛ Е ! Легенда.
Си поштуем <3
 
Kajgana Shop

На врв Bottom