Б
Бат Елохим
Гостин
О примериве, за мене се кул тие на гајбите уствари, само у мојт филм гарант не би кажале тие дека е кул тој "фраерот""The best way to say something is neat-o, awesome, or swell. The phrase "cool" is very relaxed, never goes out of style, and people will never laugh at you for using it, very conveniant for people like me who don't care about what's "in." - www.urbandictionary.com
"Еј оној е ептен кул човек"
"Е таа е кул женска"
"Тие двајца се многу кул"
Ситуација1: Во едно мало село, не сакам да го именувам да не се препознае некој и да се дискриминираат некои сосема различни села, на средсело, гужва од народ а пред кооперацијата на дрвена клупа и една гајба се седнати тројца млади дечки и го пијат четвртото ладно пиво а во план им е седмото. Од подоле по патот се слуша задушено брмчење на мотор и некоја чудна но позната бучава кое се повеќе и повеќе се приближува. Кога веќе убаво се слуша бучавата, на патот се појавува зелен автомобил, марка Застава со бројка 101. Од автомобилот се слуша музика со ориентални солажи и глас на некоја пејачка која звучи како да прави гаргара. Низ прозорецот се протнува глава со жолто фарбана коса и златен преден заб и погледнува лево-десно, плукнува меѓу заби на земја, ја враќа косата и забот назад во автомобилот и продолжува по патот по кратката пауза каде што е виден од повеќето луѓе во селото. Низ прашината од возењето на "стокецот", провејува реченица кажана од дечкото што седи на гајбата - "Кул човек е овој". Другите се согласуваат...
Ете неколку примери за тоа како може да се оценуваат кул луѓето. Кое е вашето? Што е тоа што некого го прави кул? Сигурно сте се нашле во ситуација кога некој човек сте го оцениле како кул. Што е тоа што вие мислите дека е потребно да некој биде кул.
П.С. Ако некој ми ја упропасти темава, за која потрошив време долго за пишување, нема да бидам добро расположен.
За мене кул човек е некој што стои на земја со двете нозе, носот му е на место и гледа малку подалеку од него. Што ќе го запамтиш како некој што те насмеал и ти било пријатно да разговараш со него/неа небитно.