Што е тоа грев - дефиниција

O

Omer el Faruk

Гостин
Грев е се она што ти ги притиска градите и ти внесува немир во душата! :smir:
 

debi7777

Night games. One night, no worries
Член од
12 септември 2009
Мислења
411
Поени од реакции
8
Гревот е промашување на целта, .... ние сме грешни затоа што засpтанивме од целта која Бог ја имаше зацртано за нас...со тоа што отидовме по волјата на сатаната....
Значи кога застрануваме од оноа што Бог го бара, очекува, сака од нас-ГРЕШИМЕ.
 
S

Sucubus

Гостин
Грев е се она што ти ги притиска градите и ти внесува немир во душата! :smir:
Е не знаев дека врскана со идиотон што ја имам била грев.
Ти благодарам што ми ги отвори очите, сега знам.
И како се дефинира нешто како што е гревот кога за секоја религија се подразбираат различни елементи?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Грев е глупоста.
Грев е било кој светоглед што ја ограничува човечката природа и особини.
Грев е себеодрекувањето.
Грев е отфрлањето на амбициите.
Грев е патетичноста и лицемерноста.
Грев е величењето на одреден морал за сметка на некој друг.
Грев е контрапродуктивната гордост.
Грев е лажењето себеси и другите.
Грев е кукавичлакот.
Грев е менталитетот на "стадото".
Грев е слабоста да се смета за доблест.
Грев е пасивноста.
Грев е манипулацијата со човечките стравови и надежи.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Гревот е договор со Смртта.
Гревот е она што Создателот, Севишниот, Премудриот ни го оставил во "наследство", од многу "љубов" кон нас, оставајќи ни ја слободната воља да сами грешни трчаме во "прегратките" на смртта, која пак исто така ни ја остави во наследство од преголемата љубов.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.312
Поени од реакции
30.429
prestavuva reakcija koja poteknuva od uslovenosta na nashiot um od minatoto i e intuitivna reakcija vo dadena situacija
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Гревот е она што Создателот, Севишниот, Премудриот ни го оставил во "наследство", од многу "љубов" кон нас, оставајќи ни ја слободната воља да сами грешни трчаме во "прегратките" на смртта, која пак исто така ни ја остави во наследство од преголемата љубов.
Погоре изнесениот став, едноставно, пати од „христијанизам„...:icon_lol:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
nema vrska ja i bog sme vaka.prijateli.
Јас ги запознав, кај мене на кафе бевме, дискутиравме дека ептен забегала работава го грешниот свет.
--- надополнето: Sep 7, 2011 7:06 PM ---
Грев е тоа што поповите ќе ти кажат дека е бидејќи они знаат повеќе од секој друг бидејќи го имаат господ на своја страна. Затоа не треба многу со своја глава да се размислува и да се препушти на волјата божја.
Отворено признание од верник, дека религијата ја понижува и забранува способноста на човековиот ум за свои лични и промислени ставови, сфаќања и перцепции, како и секоја креативна и инвентивна активност....
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.820
Поени од реакции
11.845
„Зборот на гревот е ограничување.“ - Книга на Законот, поглавје I, стих 41
Гревот е договор со Смртта.
„Смртта е за пците.“ - Книга на Законот, поглавје II, стих 45

„О човеку! причувај се! Со кои маки ти си бил обликуван! Колку векови протекле во твое обликување! Историјата на планетата е вткаена во својствена супстанција на твојот ум! Зар сето тоа било за ништо? Зар нема причина во тебе? Зарем така беше створен за да би јадел, дишел и умрел? Не мисли така! Ти обединуваш толку многу елементи, ти си плод на толку еони труд, ти си обликуван така како што си, а не поинаку, за некоја колосална Цел.“ - Liber CL

Не дробете глупости за гревот, кога не сте го ни спознале животот, а не пак смртта! (Малку да изнервираме некои форумџии, да им протече крвтта побрзу низ умот) :)

Што би било грев за оние кои што се водат по ова:
За нас, значи, кои сме еманципирани од сите припрости закони, што треба да направиме за да ја задоволиме својата Волја за Соединување? Не помала љубовница од Универзумот: не помал бордел од Бесконечната Вселена: не пократка ноќ од Вечноста! - Liber CL
И каде ќе го најдете гревот ако знаете што правите во животот? Ќе ве лажат свештениците на стариот умирачки бог сеуште? Сеуште имате прашања за нив... Да се чуди човек...

Убаво велиме, Зборот на Гревот е ограничување, Зборот на законот е Телема!
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
За каков грев зборувате бе луѓе? Грев кон кого? Ако е „промашување“ по дефиниција, тоа значи дека е промашување од моралните норми кои треба да ги следиме? Или зашто така пишува во некоја лектира? Е ај кажете ми дали е грев родител ако краде за да ги прерани своите деца, или ако убиеш некој во самоодбрана зошто он сака да те убие (или ќе си речеш, не бе грев е нека ме убие, „така трабало да биде“)
--- надополнето: Sep 7, 2011 8:44 PM ---
Грев е глупоста.
Неможеш глупоста да ја ставаш во листата на морални промашувања. Ако некој се родил со помала интелигенција, не е он крив.
Но ти живееш по мотото "Survival of the fittest" изгледа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom