И двете се исти, што курац ако учиш ко луд, седиш дома петок и сабота со главата над книгата, и ќе дипломираш прв во генерацијата, али утре не знаеш да се пробиеш затоа што еден салам муабет не знаеш да направиш, ако не знаеш да се пробиеш џабе ти е и диплома и се. Али исто важи и за школото, ако го запоставиш и ако само гледаш кај да се опиеш, утре за ништо не те бива.
Така да треба еден добар баланс да се најде, да знаеш кога треба да си останеш дома и да си учиш, али исто така и да знаеш кога треба да излезеш и едноставно да се издуваш и релаксираш. Ако си нон стоп напнат и ако ти е книгата само у глава, без да излезеш од дома, не ни ти оди учењето. Јас знам ако се мачам некоја лекција да научам саат време, ќе излезам малку или ќе му се јавам на некој, ќе ми се оттргне малку умот од тоа, и после земам книга и за 5 минути научена ми е лекцијата.