Што е поважно: учењето или дружењето?

Член од
10 мај 2005
Мислења
529
Поени од реакции
14
Што е поважно кога станува збор за животот на еден средношколец: учењето или дружењето? Дали еден типичен средношколец треба да се посвети главно на учењето или главно на дружењето? Ако треба, како може да се направи тој баланс помеѓу времето поминато на школо и за школо и времето поминато за забава и со друштво?
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Во средно школо е поважно дружењето, и нема многу учење, кога ке ми текне со какво учење сум се вадел и сум поминал одличен, сега си викам зашто сум се замарал толку дали ке имам кец или не.Но тоа сега се резултира на факултет каде се покажува мрзата за учење и тоа што не сум стекнал навика да учам.У секој случај мислам дека сепак дружењето е поважно.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Основата на знаењето (општото) се стекнува во основното и средното училиште (тука се стекнуваат и некои основи од стручно образование ако училиштето не е гимназија).
Меѓутоа, вистинското знаење доаѓа на факултет. Така да мислам дека нема многу да пропуштите ако пред факултет не бубате од А до Ш. Дружење треба да има, но треба да се посветува внимание и на училиштето секако.
Јас лично, вистинските другарства кои останале до ден денес ги стекнав во средношколските денови. Мислам дека такво другарување во подоцнежниот период неможе да се повтори, созреваме, имаме обврски, секој од нас зачекорува по некој свој пат и немаме толку време за дружба.
Учете, другарувајте, искористете ги средношколските денови.
 
MSV

Член од
24 март 2005
Мислења
2.423
Поени од реакции
38
Ќе испаднам многу глуп и големо теле(шо и сум) ако речам дека поважно е учењето..... :shock: :shock: :shock: :shock:
 
Член од
10 мај 2005
Мислења
529
Поени од реакции
14
Мистичен напиша:
Учете, другарувајте, искористете ги средношколските денови.
Немам зборови, се е кажано во една единствена реченица. :)
 
The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Повеќе дружењето се памти од учењето..
Еден средношколец (ко мене вака :lol: ) треба подеднакво да се посвети и на учењето и на дружењето:))
средношколските денови се најубавото нешто кој не(ма) (да) ги искористи(л) џабе му е се:)
 
StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
49
The`bItCh напиша:
Еден средношколец (ко мене вака :lol: ) треба подеднакво да се посвети и на учењето и да учењето:))
средношколските денови се најубавото нешто кој не(ма) (да) ги искористи(л) џабе му е се:)
Ако сите ги поминуваат средношколските денови како тебе, ондак отиде јабана младинава :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
1.000
Поени од реакции
8
оф леле ме насмеавте :lol:
 
The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
ахахахах леле да еј :lol: :lol: :lol:
згрешка во чекори :lol: :lol: :lol: :lol: а то е з`ш зборвев на телефон дур го пишев постот :lol: :lol: АХахахахахаха!!!!
муууууууууууууууу...
 
MSV

Член од
24 март 2005
Мислења
2.423
Поени од реакции
38
The`bItCh напиша:
Повеќе дружењето се памти од учењето..
Еден средношколец (ко мене вака :lol: ) треба подеднакво да се посвети и на учењето и на дружењето:))
средношколските денови се најубавото нешто кој не(ма) (да) ги искористи(л) џабе му е се:)
Uaaaa..... :P :P :P :P
 
Член од
10 мај 2005
Мислења
529
Поени од реакции
14
Јас мислам дека и учењето и дружењето се речиси еднакво важни, но во никој случај не треба да се запостави ни едното ни другото. Подобро е еден средношколец да се насочи малку повеќе кон дружењето затоа што по тоа ќе го памети овој период од животот, а не по учењето. Сепак, не треба ни да се забега во другата насока - да се посвети само на дружењето и да не учи воопшто. Баланс, можеби на моменти со предност на дружењето, е најдобро.
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
The`bItCh напиша:
Повеќе дружењето се памти од учењето..
Еден средношколец (ко мене вака :lol: ) треба подеднакво да се посвети и на учењето и на дружењето:))
средношколските денови се најубавото нешто кој не(ма) (да) ги искористи(л) џабе му е се:)
ја не сум ги искористил средношколските денови, и ми е криво за тоа, но и ти да учеше со сељачишта искомплексирани што секој ден ке ти трубат дека срамота било што сум носел долга коса (зашто не било во мода), и те доведуваат до точка да ги замразиш, затоа јас повеќе го сакам периодов на факултет, затоа што никој не се замара со тебе, него едноставно сака да се дружи.И во исто време сретнуваш другари од различни генерации.
 
Член од
10 мај 2005
Мислења
529
Поени од реакции
14
И мене на моменти ми се случило да мразам одредена средина поради тоа што има типови на кои мојот живот изгледа дека им е поважен од нивниот. Цело време се занимаваат со тоа што ти си го направил, ти зборат дека си глупав што имаш женска со којашто идеш 6 месеца, ти зборат дека си дупка во спорт а уствари тие не знаат топка да шутнат, ти јадат дека си глупав што слушаш рок кога сите слушаат рап и слични глупости. Баш поради вакви работи, и други нешта (не се на оваа тема), едвај чекав да почнам прва година да учам во Скопје. Со ова сакам да кажам дека и самото учење во средно е поврзано со односот со другарите и со оние коишто се прават дека се твои другари.
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
SpAcE_c0wb0y напиша:

нај глупите проблеми што може да ти се десат у средно, само поради некои искомплексирани
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Gizo напиша:
нај глупите проблеми што може да ти се десат у средно, само поради некои искомплексирани
Секој ги носи своите комплекси у некое чекмеџе и во средно и после, ги м'кнеме цел живот.
Ако средното училиште спаѓа во воспитно-образовни инстуции (а спаѓа) работата е како да се воспитаат/научат децата да живеат со своите и да ги толерираат туѓите комплекси. И никој никого да не гуши.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom