Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 13 3,3%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 183 47,0%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,1%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 27,0%

  • Вкупно гласачи
    389
Член од
19 септември 2009
Мислења
44
Поени од реакции
2
Ја сум за второво... ако сме он топик.



За кои приврзаници на пораката зборуваш?

Дали се тоа крстоносните христијани? И инквизициските? Или оние од 20-вековните војни низ Европа, сите со од бога даден благослов да војуваат едни со други до последнакапка крв? Или томбола и бинго мајсторите од Ватикан со писмата со прочка од бога нудени на рајата за „евтини“ пари?

Или мислиш на вистинските, скромни, прибрани луѓе кои жртвата на Исус ја негуваат во длабочината на своите души и не се чаталат со неонски крстови по ридови и со усти полни презир за се нехристијанско?


Па види после толку векови све е променето, и она што мислиш дека е правилно и добро на крајот ке испадне сосем обратно.
Истото се случува и со крстоносците во почетокот(барем дел од нив)навистина верувале и се бореле за христијанството,а всушност позадината на сето тоа е сосема друга(меѓутоа ке одземе многу простор и време).Па така крстоносците по освојувањето на Ерусалим и нивниот скоро 200г. престој на светата земја почнале да се приклонуваат кон приврзаниците на крвната лоза(но тоа е друга тема)



А сосема си во право кога ја критикуваш инквизицијата,војните и т.н церемонијал мајстори од Ватикан кој сето тоа го прават наводно со божја воља,а единствената цел е материјална добивка(али је....га светот така функционира)


А секако мислев на оние тивки и вистински христијани кои Исус и неговото дело го носат длабоко во душата и веруваат во неговите дела.:helou::helou::helou::helou:
 
D

DartWader

Гостин
Можеби не бил божји син , но сигурен сум дека бил некој многу интелегентен човек што луѓето го воспејале до степен на бог.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Многу релевантен сајт?!
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Многу релевантен сајт?!
Не знам за сајтот, ама мене овој ортодоксниов поп, ако навистина е тоа, ми има една многу неортодоксна книга за една така ортодоксна библиотека... и тоа книга со многу неортодоксен поглед на Исус + со датум на издавање што некако и' дава жесток кредибилитет на приказната на попов.

Па, ако попов не е глумец и ако книгата е вистинска, не знам што би се кажало за библијата тогаш... посебно за Исус божјиот син.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Јас не можев да се одлучам..За мене е и Божји син и Господ..па и Светиот Дух..тие се едно..секој со свои дела и делување во точно определено време.

Цитат:
Отк. 1:17, "Јас сум Првиот и Последниот и Живиот, и умрев, и ете , Жив Сум во сите векови"

Цитат:
Јован 8:24, "Зашто ако не поверувате дека ЈАС СУМ, ќе умрете во своите гревови." Јован 8:58, "Вистина, вистина ви велам: уште пред да биде Авраам ЈАС СУМ"

Цитат:

Михеј 5:2, "А ти Витлееме Ефратов, најмалиот меѓу Јудините кнезови, од тебе ќе ми излезе Оној Кој ќе владее со Израел; Неговото потекло е од дамнини, од вечни времиња. "


Цитат:
Лука 1:35 Ангелот одговори и и рече: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе - ќе се нарече Божји Син.

Цитат:
Јован 3:18 Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.
А пак ако го додадам и овој стих..

Цитат:
(Зашто тројца се Кои сведочат во небото: Таткото, Словото и Светиот Дух; и Овие Три се едно).


Тогаш е повеќе од јасно за што станува збор...
Видовме дека ништо не е јасно, поготово со стихот за Таткото, Словото и Светиот Дух, кој е ставен во заграда "поради проблемите кои ги предизвикал", а кои проблеми Marcus немаше волја да ни ги каже, но и без тоа веќе ни се познати, бидејќи станува збор за апокрифен или вметнат стих во Библијата. :)

Jas samo bi dodal nekolku stihovi od samata Biblija povrzano so ovaa tema a toa e:

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ
Глава 2

31 предвидувајќи за воскресението на Христа, рече: ‘Ниту беше оставен во Подземјето, ниту телото Му се распадна.’

32 Бог Го воскресна Овој Исус, за кое ние сите сме сведоци.

kako prvo Bog nema potreba da bide voskresnat od drug Bog, no Isus ne bil nisto poveke od obicen covek kako i site ostanati, bil pratenik ispraten od Boga koj sto gi povikuvase lugeto da veruvaat vo Boga.

no kako sto kazuva i samiot Pavle:

ПРВО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ТИМОТЕЈ Глава 2

5 Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус,:vozbud::vozbud:

1. imame Bog
2. go imame Isus
3 gi imame lugeto

Ako Isus e Bog , pomegu kogo posreduva togas ?!!!

Ako Isus e Bog , za koj Bog Isus ni zboruva ?!!!

No, toj ne e Bog, tuku e kako i samiot veli:

5.....................................: Човекот Христос Исус,:toe:

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН Глава 5

30 Јас ништо не можам да правам Сам од Себе……

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО Глава 13

32 А за оној ден и час, никој не знае: ни ангелите на небото, ниту Синот, а само Таткото.

No zarem isus ne gi opomenal deka gabe ke mu se poklonuvaat ?!!!

Sekako!:)

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ Глава 15

9 Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’”

Prasanjeto e Што е Исус ?!!! :):):)

 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Сите знаеме дека Исус е син на бога и дека е пратен на Земјата да се жртвува за човештвото.Ова е основна и едниствена работа што се знае за него.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Еве малку поедноставено кој е Исус Христос:





ИСУС (Бог Синот)
E
ЈАХВЕ (Бог Таткото)
Јован 1:3, "[FONT=&quot]Се стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него. "Отк. 1:16-17, "зашто во Него е создадено се што е во небесата и на земјата, видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти, се е создадено преку Него и за Него. И Тој е пред се и се во Него има свое сплотување"[/FONT]
Создател
Исаија 48:13, "[FONT=&quot]Мојата рака ја основа земјата, Мојата десница ги оптегна небесата"[/FONT]
Исаија 40:28, "[FONT=&quot]Зар не знаеш? Зар не си чул? Господ е вечен Бог, Творец на земните краишта.."[/FONT]
Битие 2:4, "[FONT=&quot]Тоа се раѓањата на небото и земјата, кога беа создавани. Во денот кога Господ, Бог, ги правеше земјата и небото"[/FONT]
Отк. 1:17, "[FONT=&quot]Јас сум Првиот и Последниот и Живиот, и умрев, и ете , Жив Сум во сите векови"[/FONT]
Отк. 2:8, "[FONT=&quot]Ова го зборува Првиот и Последниот, Кој умре и оживе"[/FONT]
Отк. 22:13, "[FONT=&quot]Јас Сум Алфа и Омега, и ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговото дело! Првиот и Последниот, Почетокот и Свршетокот."[/FONT]
Првиот и Последниот;
Алфа и Омега
Исаија 44:6, "..[FONT=&quot]Јас Сум Првиот и Јас Сум Последниот, нема Бог освен Мене"[/FONT]
Исаија 48:12, "[FONT=&quot]Чуј Ме, Јакове, Израеле, кого го повикав: Јас Сум истиот, Јас Сум Првиот, Јас Сум и Последниот."[/FONT]
Јован 8:24, "[FONT=&quot]Зашто ако не поверувате дека ЈАС СУМ, ќе умрете во своите гревови." Јован 8:58,[/FONT] "[FONT=&quot]Вистина, вистина ви велам: уште пред да биде Авраам ЈАС СУМ"[/FONT]
Види Излез 3:14
[FONT=&quot]Јован 13:19,[/FONT] "[FONT=&quot]Отсега ви зборувам пред да се збидне, за да поверувате кога ќе се случи -дека ЈАС СУМ. "[/FONT]
Јован 18:6 "[FONT=&quot]А кога им рече: ЈАС СУМ, се тргнаа назад и паднаа на земјата. "[/FONT]
ЈАС СУМ "ego eimi"
Излез 3:14, "[FONT=&quot]ЈАС СУМ КОЈ СУМ, му рече Бог на Мојсеј. Потоа продолжи: Кажи им вака на Израелците: ЈАС СУМ ме испрати пре вас." [/FONT]
Исаија 43:10, "..[FONT=&quot]за да знаете и верувате и да видите дека ЈАС СУМ.."[/FONT]
Исаија 43:12,13, "[FONT=&quot]Вие сте Ми сведоци, словото е Господово, а Јас Сум Бог, од вечноста - ЈАС СУМ! "Види [/FONT]Второзаконие 32:39
2 [FONT=&quot]Тим. 4:1, [/FONT]"[FONT=&quot]Те заколнувам пред Бога и пред Исуса Христа, Кој е готов да им суди на живите и на мртвите, со Неговото јавување и Неговото Царство. "[/FONT]
2 [FONT=&quot]Кор. 5:10,[/FONT] "[FONT=&quot]зашто сите ние треба да се појавиме пред Христовиот Суд.. "[/FONT]
Судија
Јоил 4:12, "[FONT=&quot]Станете народи, дојдете во долината Јософат, зашто таму ќе седнам да им судам на сите околни народи"[/FONT]
Псалм 50:6 "[FONT=&quot]Небесата ја објавуваат Неговата праведност: Тој е Бог Судија! "[/FONT]
Псалм 75:7 "Бог е Кој суди"
Матеј 2:2, "...[FONT=&quot]Каде е Тој кој се родил, Царот на Јудејците? "[/FONT]
Лука 23:3, "[FONT=&quot]А Пилат го праша, велејќи: Ти ли си Јудејски Цар? А Тој во одговор му рече: Ти велиш."[/FONT]Види[FONT=&quot]Јован 19:21[/FONT]
Цар
Еремија 10:10, "[FONT=&quot]А Господ е вистински Бог, Тој е жив Бог и вечен Цар." [/FONT]
Исаија 44:6, "[FONT=&quot]Вака зборува Израелевиот Цар и Неговиот Искупител, Господ над воинствата.." Види [/FONT]Псалм 47
Јован 1:6-9 "[FONT=&quot]Се јави човек, испратен од Бога, по име Јован. Тој дојде за сведоштво, за да сведочи за Светлината... "[/FONT]
Јован 8:12,"[FONT=&quot]Исус пак прозбори натаму, велејќи: Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи нема да оди во темнина..[/FONT] "
Јован 12:46, "[FONT=&quot]Јас, Светлината, дојдов во светот..."[/FONT]
Светлина
Псалм 27:1, "[FONT=&quot]Господ ми е светлина и спасение, од кого да се плашам?"[/FONT]
Исаија 60:19 ,"[FONT=&quot]Сонцето веќе не ќе ти биде светлина дење, туку Господ ќе биде твоја вечна светлина... " [/FONT]
1 [FONT=&quot]Јован 1[/FONT]:5, "[FONT=&quot]Бог е светлина и во Него нема никаква темнина"[/FONT]
1 [FONT=&quot]Кор. 10:4 [/FONT]"...[FONT=&quot]зашто пиеа од духовната Карпа, која ги следеше, а таа Карпа беше Христос." Види[/FONT] 1 [FONT=&quot]Петар 2:4-8[/FONT]
Карпа
Второзаконие 32:4, "Тој е Карпа, делото Му е совршено, зашто се прави Неговите патишта "Види исто 2 Самоил 22:32 и Исаија 17:10.
Јован 4:42, "...[FONT=&quot]зошто самите чувме и знаеме дека Тој навистина е Христос, Спасителот на светот."[/FONT]
1 [FONT=&quot]Јован 4:14,[/FONT] "[FONT=&quot]И ние видовме и сведочиме дека Бог Таткото Го испрати Синот како Спасител на светот"[/FONT]
Спасител
Исаија 43:3, "[FONT=&quot]Зашто Јас Сум Господ, твојот Бог, Израелевиот Светец, твој Спасител"[/FONT]
Исаија 45:21, "[FONT=&quot]Нема друг Бог освен Мене; праведен Бог и Спасител, нема освен Мене."[/FONT]
Јован 10:11, "[FONT=&quot]Јас Сум Добриот Пастир. Добриот Пастир го дава животот за овците." [/FONT]
Евр. 13:20, "..[FONT=&quot]Го изведе од мртвите Великиот Пастир на овците, нашиот Господ Исус,"[/FONT]Види исто и[FONT=&quot]Јован 10:14,16; 1 Пет. 2:25[/FONT]
Пастир
Псалм 23:1, "[FONT=&quot]Господ е мојот Пастир. Ништо не ќе ми недостига." [/FONT]
Исаија 40:11, "[FONT=&quot]Како пастир го пасе Своето стадо..."[/FONT]
Михеј 5:2, "[FONT=&quot]А ти Витлееме Ефратов, најмалиот меѓу Јудините кнезови, од тебе ќе ми излезе Оној Кој ќе владее со Израел; Неговото потекло е од дамнини, од вечни времиња. "[/FONT]
Вечен
Римјаните 16:26, "..[FONT=&quot]а сега се јави преку пророчките списи и по заповед на Вечниот Бог им беше соопштена на сите народи,"[/FONT]
[FONT=&quot]Јас и Таткото сме едно. (Јован 10:30)[/FONT]


АМИН !:pop:

За посликовит приказ кликни ТУКА.

А може и вака, ако е полесно :

ИСУС ХРИСТОС
„Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото. Тоа во почетокот беше во Бога. Сe стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана.“ Јован 1:1-3 „И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видoвме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.“ Јован 1:14 „Јас и Отецот едно сме.“ Јован 10:30
Премногу расправи се водени во врска со прашањето за постоењето на Исус Христос. Многумина прашуваат дали Тој навистина е Бог или е само човек. Ако убедувањата не се засноваат на Библијата како на непогрешливо Божјо Слово, тие се напразни и безвредни.
„Тој (Исус Христос) е образ на невидливиот Бог, првороден пред секоја твар; бидејќи преку Него е создадено сe што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сe е преку Него и за Него создадено. Тој е пред сe, и сe преку него се држи. И Тој е глава на телото, односно на Црквата; Тој е почеток, првороден меѓу мртвите, за да има првенство во сe.“ Колосјаните 1:15-18
Во книгата на пророкот Исаија чие име значи „Господ спасува“, (најголемиот пророк што некогаш живеел), 740 години пред Христос, е напишано: „ Затоа Самиот Господ ќе ви даде доказ: ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му Го дадат името Емануел (што значи „Бог е со тебе“)“ Исаија 7:14 „и ќе Го наречат: Чудесен Советник, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот“ Исаија 9:6.
Ова пророштво беше целосно исполнето и прецизно потврдено во многуте настани од Новиот Завет.
Исус дојде на земјата во тело за да ни покаже со својот личен пример, како треба да се однесуваме, со цел да Му бидеме угодни на Бог, преку вера во Неговото име. Исус ни кажа: „Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот освен преку Мене. Ако Ме бевте познавале, ќе Го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.“ Јован 14:6-9 „Вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос, Кој, иако беше во обличје Божјо... се изедначи со луѓето.“ Филипјаните 2:5-7
Сам Исус има кажано во Библијата: „Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, и како ти велиш: ›Покажи ни Го Отецот?‹ Не верувате ли дека Јас сум во Отецот, и дека Отецот е во Мене...?“ Јован 14:9-10 „...макар што Мене не Ми верувате, на делата Мои поверувајте, за да разберете и поверувате дека Отецот е во Мене и Јас сум во Него.“ Јован 10:3
Исус дојде на земјата да нe помири со Бог „...преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос“ 2 Петар 1:1. Поради нашето бунтовништво и непослушност во Еденската градина и поради нашата доброволна одлука да Му се спротивставиме на Господа и да ги прифатиме сатанските лаги, бевме отфрлени од Бог и предадени на сатаната.
Но, Бог е љубов. Тој имаше добри намери за нас, луѓето, уште од самиот почеток. Токму затоа, Тој ни нуди бесплатен дар, спасение, преку Исус Христос и Неговата пролеана крв на Голготскиот крст. „...сега... се оправдавме со крвта Негова...“ Римјаните 5:9 „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен.“ Јован 3:16, 26
Исус праша: „А вие, за кого Ме мислите? Симон Петар одговори и рече: ›Ти си Христос, Синот на живиот Бог.‹“ Матеј 16:15-16 „А за синот (Бог рече): Твојот престол, Боже, е вечен“ Евреите 1:8.
„Она, што беше од почетокот, она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме и што рацете наши го опипаа, за Словото на животот – и животот се јави, и видовме, и сведочиме, и ве известуваме за вечниот живот, кој... нам ни се јави.“ 1 Јован 1:1-2
А, вечниот живот е: „...да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа.“ Јован 17:3 „Нивни се и оците, од нив по плот е и Христос, Кој е Бог над сите, благословен во веки.“ Римјаните 9:5
Ние склучуваме завет со Исус преку Неговата Света крв, за да Му припаѓаме Нему и на Неговото Слово. „Затоа е Тој посредник на Новиот Завет, та... призваните да го добијат ветеното вечно наследство.“ Евреите 9:15
Исус толку многу нe љуби, што никогаш во животот нема да нe напушти. Тој е полн со ветувања за секој од нас.
Исус е Алфа и Омега. Во Книгата на откровението 22:12-13, Тој рече: „И еве, ќе дојдам скоро! (Маран-ата!)... Јас сум Алфа и Омега, Почеток и Свршеток, Првиот и Последниот!“; „Јас, Исус... Јас сум Коренот... сјајната ѕвезда Деница“ Откровение 22:16 „Бидејќи Сам Господ со заповед, при глас на архангел и при труба Божја, ќе слегне од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите“ 1 Солунјаните 4:16 „... Царството на светот стана царство на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и Тој ќе царува во сите векови!“ Откровение 11:15 „И беше облечен во облека, натопена со крв, и со името – Слово Божјо... На облеката и на бедрото Негово беше напишано името: Цар над царевите и Господар над господарите.“ Откровение 19:13,16
АМИН !
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Калипсо, пред да почнеме да ги анализираме поединечно библиските цитати, ќе ти поставам едно просто прашање:

-Дали некој го видел Бога?
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
44
Поени од реакции
2
Измислена особа
И според историските извори и податоци и според библиските на пр. Јосиф Флавиј(Јудејски древности),Евстатиј Кесариски(црковна историја)
Исус не е измислен лик туку вистина постоел.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Калипсо, пред да почнеме да ги анализираме поединечно библиските цитати, ќе ти поставам едно просто прашање:

-Дали некој го видел Бога?
Ти многу љубиш да си играш со зборови, нели Омер ?
Јас не.:toe: Јас немам проблем, ниту дилема околу Исус Христос...За тебе не знам.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Ти многу љубиш да си играш со зборови, нели Омер ?
Јас не.:toe: Јас немам проблем, ниту дилема околу Исус Христос...За тебе не знам.
:nenene: Не Калипсо, не играм јас со зборови, туку играш ти. Затоа што погоре напиша еден куп зборови кои ми се неразбирливи, па затоа и те прашав, повторувам:

Omer el Faruk напиша:
-Дали некој го видел Бога?
Yes or no !:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom