Што е ова првово? Дај рецепт.
Изволте.
Сеченица со урда, сирење и чварки
Состојки:
1 кг брашно
1 квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
500 мл млака вода
за премачкувања:
5 лажици свинска маст
5 лажици масло
1 јајце
за филување:
сирење и урда по потреба
неколку чварки
Се соединува квадецот со водата, шеќерот и солта, па постепено се додава брашното. Се меси меко тесто како за леб. Тестото се остава да стаса покриено околу 15 минути.
Откако ќе стаса се дели на 8 еднакви топчиња (може и помалку или повеќе, колку помалку, толку подебели корите ќе бидат и обратно). Се расукува кора со големина на тепсија бр. 36.
Кората се префрла во подмачканата тепсија со масло, одозгора се премачкува со мешавината од масло/растопена свинска маст, со помош на четкичка. Одозгора врз цела површина на кората се наросува со урда. Истата постапка се повторува со сите кори (се редат една врз друга). Јас ги филував наизменично, една со урда, наредната со сирење. Со тоа што последната кора не се филува туку прво се сечат коцки, па потоа се премачкува со маслото. Па се остава да стаса додека да се загрее рерната на 180 степени. Па се премачкува со едно разматено јајце и секое парче се декорира со парченце чварка.