Што ви ја исцрпува енергијата?

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Негативни луѓе,,непожелни обврски,,стрес,,нервоза...Веројатно секој некогаш се нашол во друштво на негативни луѓе...Дали некогаш ви се случило да почувствувате дека токму таквите личности или пак нешто сосема трето ви ја црпи енергијата која ја имате во себе? Или воопшто можеби само ви ја одземаат позитивната енергија? Секој од нас некогаш се чувствува исцрпено..но,,не зборувам за таква исцрпеност што настанува директно после напорна физичка работа,, зборувам за исцрпеност на духот,, кога чувствуваме дека нешто ни ја одзема енергијата,,а понекогаш ни самите не сме свесни што било тоа...
Мене на пример ми се има случено да толку ме исцрпи една негативна личност,,што сета моја позитивна енергија во тој момент беше неутрализирана и дури надвладеана од нејзината негативна..Чувството е лошо дефинитивно.. Но,,тоа е само еден пример..
Што е тоа што вам може да ви ја исцрпи енергијата? Дали сте воопшто свесни кога тоа ви се случува? Како реагирате? Како повторно ги полните батериите? Можно ли е воопшто да се спречи оваа појава и како?
Искрено јас го имам почувствувано ова и понекогаш ни самата не можам да си дадам објаснување..Повторно ги полнам батериите со спиење,,или ако не сум во можност тогаш со еден мал одмор од 10 мин. ама вистински одмор на духот,,се опуштам максимално и се обидувам да не мислам на ништо..Можат да ме исцрпат како што кажав негативни луѓе,,стресни ситуации,,кога работам нешто што морам а не сакам,,и веројатно многу други работи кои не ми текнуваат во моментов,,а има и такви за кои ни самата не сум свесна..:pipi:
Сега повелете вие:smir:
 
Член од
24 септември 2008
Мислења
450
Поени од реакции
14
Dobra tema. Pred se monotomijata, ponekogas sekoj den mi izgleda ist i toa mi stvara negativna energija. Isto taka ima nekolku licnosti koi ne samo mi ja iscrpuvaat energijata i mi stvaraat negativna tuku i me frustriraat. Sekako probuvam da se drzam podaleku od takvite ama za zal gi ima previse. i najverojatno tolku, po priroda sum energicna (ne samo fizicki) taka da retko sto drugo uspeva da mi ja iscrpi energijata.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Љубоморни кокошки што многу кокодакаат. Не дека многу им обврнувам внимание т.е најчесто ги игнорирам, ама кога ми се во близина и кога е неопходно да дојдам во непосреден конктакт односно судир со нив - ми се црпи целата позитивна енергија. Ама пошто не ги сметам како многу битни елементи од мојот живот, после тоа исцрпување, позитивната енергија веднаш се регенерира и се е исто како и да не ме исцрпиле.

Намќори и луѓе на кои никогаш ништо не им е по ќеиф - Ај еднаш, два пати, еве и три - четири пати нека не ти биде денот, ама не може стално бе ништо да не ти е како што треба и стално нешто да не ти чини и да бидеш намќорест. А бидејќи имам теорија дека негативната енергија брзо се шири, гледам и овој тип на луѓе да ги игнорирам.

Досада и ништо неправење - Е за ова пример ми е ова лето. Летово ми беше премногу досадно, ништо креативно не правев освен што спиев и идев по кафиња и јас целата бев полна со негативна енергија, а на моменти воопшто не ни имав енергија. И западнав во меланхонија. Сега откога почнав на факултет и имам обврски се вратив на старата јас, односно ете ме пак сум весела, насмеана, дури и вишок енергија имам. И тоа е супер.:)

Расправии - Гледам да ги избегавам, ама некогаш неможеш да избегаш од нив.:toe:

Горе-доле се е кажано во овој пост.
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Сум се нашла у ситуација да после еден часовен муабет се чувствувам уморно. Значи девојката со која зборев толку ме исцрпи тоа е чудо. После тоа два саата неможев да дојдам на себе, т.е. бев изморена, а ништо не правев само ја слушав и си седев, ама послее.. има такви работи стварно значи,кои можат да ти ја исцрпат енергијата. Дефинитивно негативните луѓе како да се хранат со твојата позитива и паралелно со тоа ти ја даваат нивната негатива. Страшно! Одбегнувам такви луѓе колку што можам.:helou:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Сум се нашла во ваква ситуација и тоа со неколку различни особи и чувството е ужасно, морам да напоменам. Вие сте расположени, весели, насмеани од уво до уво и туку наеднаш се појавува дотичната особа која максимално ви ја одзема енергијата, ве истоштува и насмевката веќе ни присилно не можете да си ја изнудите. А што е најчудно во целата оваа приказна, нема потреба да разговарате со таа личност или да сте ептен блиску, едноставно може да сте и на различни краеви од просторијата, но сепак сте на истото место, а тоа зачудувачки ја одзема енергијата. Како е можно ова и до ден денес не ми е јасно :toe:

Веројатно секој некогаш се нашол во друштво на негативни луѓе...Дали некогаш ви се случило да почувствувате дека токму таквите личности или пак нешто сосема трето ви ја црпи енергијата која ја имате во себе? Или воопшто можеби само ви ја одземаат позитивната енергија?
Не би рекла дека станува збор за негативни луѓе. Мене ми се случило баш спротивното, да енергијата ми ја одземат, барем на прв поглед, позитивни луѓе кои поголемиот дел од околината ги прифаќаат без проблеми во свое друштво. Според мене не станува збор за тоа дали личностите се позитивни или негативни туку дали нас ни се компатибилни или баш напротив.

*А сте се запрашале ли некогаш дали и таа личноста која нам ни ја одзема енергијата и ни го уништува расположението, дека можеби и таа личност се чувствува исто во наша близина, а ние врз неа имаме исто влијание како и таа врз нас?

Што е тоа што вам може да ви ја исцрпи енергијата? Дали сте воопшто свесни кога тоа ви се случува? Како реагирате? Како повторно ги полните батериите? Можно ли е воопшто да се спречи оваа појава и како?
Најмногу од се да ми ја одземат енергијата успеваат токму горе наведените личности. И да, свесна сум за тоа. Претходно не бев, но денес многу добро можам да препознаам во што е проблемот.

-Како повторно ги полнам батериите?

Едноставно ги избегнувам колку што можам повеќе тие личности,а кога сум во нивно присуство се трудам да ги игнорирам и чекам да си заминат или заминувам јас...уште истата секунда по разделбата со таа личност веднаш ми се враќа енергијата, иако во не толку големи количини, но барем може да се диши.

Исто така во доста помали дози може да ме уништи и монотоноста на секојдневието за кое што чекам самото од себе да помине...додека пак некои други работи кои го имаат истиот ефект врз мене за сега сеуште ми се непознати.
 
Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Енергетски вампири.Одма препознавам некој кој ми ја “краде“ енергијата.
Порано имав само една личност,сега се прибајаѓи,што едноставно со самото нивно присуство ме исцрпуваат крајно,се чувствувам истоштено,нерасположена сум и ме гонат негативни мисли дека во просторијата/местото сум непожелна за сите.
А имаше една личност која не ми ја исцрпуваше енергијата,туку ме преполнуваше со негативна енергија,што некогаш знаело и да ме фрли у депресија,наеднаш да ми опадне расположението,а од кога ќе пројде “моментот“ со таа личност,се враќам у нормала.
Исто така,сум приметила дека пред и за време некои активности ми опаѓа нивото на енергија,не дека се нешто тешки или исцрпни,баш напротив,лесни се,ама ме исцрпуваат тотално и гледам да ги одбегнувам што е можно повеќе.

Дали ќе делуваат позитивно или негативно е индивидуално,како што ќе ги прифатиме,така ќе ни делуваат,не мора да значи дека мојот енергетски вампир е сечиј енергетски вампир.

Спротивно на се ова,има личности кои потребно е и само да ги видам,и да ми ја зголемат енергијата, во чиво присуство батериите ми се на стотка,а еден разговор со нив ми делува како опивка и ме држи повеќе денови.

Како реагирате? Како повторно ги полните батериите?
Како одбранбен механизам ми се позитивни мисли,со кои си правам на некој начин бариера на негативната енергија,одмор и слично не ми помага,само ми ја влошува ситуацијата,пропаѓам подлабоко.
И гледам одма да се умешам у позитивни луѓе,и да позајмам малку од нивната.
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Можда звучи глупо,ама компјутерот(кога е расипан),страшно ми ја исцрпува енергијата.
Знам за енергетските вампири,ама сепак...тие луге постојат и нормално,има причина зошто(свесно или не),го прават тоа што го прават.
Можеби им треба енергија.
Можеби и ние сме биле такви во еден период на животот.
Енергијата мора да се подели а не љубоморно да се чува за себе,па дури и во присуство на негативни личности.Напротив,тогаш уште повеќе треба да се настојува на споделување,бидејќи многу повеќе енергија ќе потрошиме во обидот за нејзина презервација,отколку ако се одлучиме доброволно да ја подариме на некој,на кој можеби навистина му е потребна-колку и таа личност да изгледа негативно и незаслужно за еден таков гест.
 
Ја сепак мислам дека сето тоа давање-земање на енергијата се одвива на едно несвесно ниво и дека ниту вампирот(како што го нарекувате), ниту пак жртвата не се свесни за чинот.
А ако навистина не се свесни тогаш како можеме да ја споделиме енергијата кога ни самите не сме свесни дека на дотичната особа и е потребна?
Енергијата точно дека мора да се сподели ама со личности со кои можеме да ја поделиме, а не со личности кои ни ја одземаат енергијата и кои не тераат да се чувствуваме лошо. Јас сепак мислам дека во вакви случаи треба да настојуваме да ја зачуваме енергијата затоа што нема потреба од поделба кога ионака ни се одзема, сакале ние или не.
 
Да,треба да се зачувува енергијата.
Ама има време за тоа а има време за делење на истата.
Проблемот е во тоа што,кога ќе се појават такви луѓе(вампири,да ги речеме),нашата свест веднаш реагира на нив и прави се за да ги одбегне,а со тоа да го избегне исцрпувањето.Тоа е така,бидејќи ние имаме создадено мислење за некои луге дека се такви и дека по дефулт мора да го направиме тоа,бидејќи ако не ги избегнеме,ќе настрадаме ние самите.
Сепак,тоа понекогаш не е точно.
Некогаш и ние сме тие личности на кои им треба енергија,а неможеме да ја добиеме на никаков начин,па затоа нашата потсвест несвесно реагира,бидејќи мора да ја задоволи таа потреба.
Ако има некој кој доброволно и свесно би ни дал енергија,тогаш нема да има цел таа активација на потсвесните системи,а со тоа нема да има никакво искористување,нема да има жртва,туку обично споделување меѓу две личност,што е многу подобро од првата опција.
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Не знам бе што ми ја исцрпува енергијата. Мислам, настрана од умор и други физички состојби кои логично е дека ќе те исцрпат... Вакви случаи со луѓе кои со самото присуство прават да се чувствувам негативно и истоштено, не сум сретнала.

Точно е дека околу насмеани и позитивни луѓе ќе се чувствувам убаво, а околу депресивни и негативни, веројатно и јас ќе се почувствувам послабо и подаун... Ама некоја личност да ми исцрпи енергија (енергетски вампир, како што ги нарекувате), не ми се случило. Всушност, и не знам баш да препознавам енергии и такви чуда... Ако некој е негативен, тоа ќе го препознаам според неговите изрази на лицето, гестови и зборови... А не според бранот на негативна енергија што го опкружува и не знам што. Подобро се снаоѓам со визуелни, материјални нешта... :icon_lol:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ако има некој кој доброволно и свесно би ни дал енергија,тогаш нема да има цел таа активација на потсвесните системи,а со тоа нема да има никакво искористување,нема да има жртва,туку обично споделување меѓу две личност,што е многу подобро од првата опција.
Се согласувам... само што очигледно треба да се изврши соодветна распределба на енергијата за да бидат сите задоволни. Има појаки и послаби. Енергетските вампири (ако нас ни ја крадат енергијата) се очигледно појаки од нас, но во секој случај послаби од некој друг... и така се во круг, така што распределбата треба да се движи од појаките кон послабите т.е. енергетски појаките да ги снабдат "нашиве вампири", а ние да снабдуваме некои други "вампири" итн. Значи да има подеднаква распределба со соодветните луѓе.
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
234
Поени од реакции
9
Негативни луѓе,,непожелни обврски,,стрес,,нервоза...Веројатно секој некогаш се нашол во друштво на негативни луѓе...Дали некогаш ви се случило да почувствувате дека токму таквите личности или пак нешто сосема трето ви ја црпи енергијата која ја имате во себе? Или воопшто можеби само ви ја одземаат позитивната енергија? Секој од нас некогаш се чувствува исцрпено..но,,не зборувам за таква исцрпеност што настанува директно после напорна физичка работа,, зборувам за исцрпеност на духот,, кога чувствуваме дека нешто ни ја одзема енергијата,,а понекогаш ни самите не сме свесни што било тоа...
Мене на пример ми се има случено да толку ме исцрпи една негативна личност,,што сета моја позитивна енергија во тој момент беше неутрализирана и дури надвладеана од нејзината негативна..Чувството е лошо дефинитивно.. Но,,тоа е само еден пример..
Што е тоа што вам може да ви ја исцрпи енергијата? Дали сте воопшто свесни кога тоа ви се случува? Како реагирате? Како повторно ги полните батериите? Можно ли е воопшто да се спречи оваа појава и како?
Искрено јас го имам почувствувано ова и понекогаш ни самата не можам да си дадам објаснување..Повторно ги полнам батериите со спиење,,или ако не сум во можност тогаш со еден мал одмор од 10 мин. ама вистински одмор на духот,,се опуштам максимално и се обидувам да не мислам на ништо..Можат да ме исцрпат како што кажав негативни луѓе,,стресни ситуации,,кога работам нешто што морам а не сакам,,и веројатно многу други работи кои не ми текнуваат во моментов,,а има и такви за кои ни самата не сум свесна..:pipi:
Сега повелете вие:smir:

Ух за ова ќе морам да филозофирам за влијанието на планетите на хороскопските знаци :)) затоа ќе ве оставам сами да си прочитате за тоа а ќе филозофирам за нешто друго :))

Обично јас сум тај шо црпе и дава енергија роден сум како енергетски вампир :))

порано несвесно црпев сеа само давам на сите оти иам вишок :))

негативната енергија најчесто се манифестира кај песимисти и нервозни луѓе, па и ако не му се погодени планетите ќе им се еб# ма#@ на сите околу него.. оти ќе гледа на сите да се истуре.. немора со зборови ќе се истуре со самото однесување, неприсутност, депресивен поглед и сл.. секоја планета делува на магнетното поле на земјата бла бла бла воа ќе си го прочитате за хороскоп..

Ако нејкете планетите да ви делуват негативно мора да научете да го рефлектирате магнетното поле на земјата... неговото влијание над вас.. колку повеќе се однесувате како вашоит хороскопски знак толку повеќе магнетното влијание на планетите ви влијае на вас... коа ќе остете негативна енергија или исцрпеност..
пробајте да ги изменете вашите хороскопски и секојдневни карактеристики... прајте работи шо не ги праете скојдневно.. ослободете се и се ќе се среде...

Нареднио пат коа ќе се осеќаш исцрпено само насмевни се осети го живото надвор излези таква и рашири го истото на другите околу тебе... така ќе ги рефлектираш негативните влијаниe на магнетното поле на земјата.. пробај ќе видеш... без експеримент нема теорија :)))

Free your mind and your soul, they will free your body...
 
С

Сатори

Гостин
Енергетските вампири (ако нас ни ја крадат енергијата) се очигледно појаки од нас, но во секој случај послаби од некој друг... и така се во круг, така што распределбата треба да се движи од појаките кон послабите т.е. енергетски појаките да ги снабдат "нашиве вампири", а ние да снабдуваме некои други "вампири" итн. Значи да има подеднаква распределба со соодветните луѓе.
Не е баш така.
Види, во прицип, „вампирот“ (колку грд збор сте одбрале) никогаш не е свесен за тоа дека успева да ја ишмука енергијата од луѓето и тоа не резултира веднаш, на крајот луѓето стануваат уморни откако тој ќе си замине, не додека е тука и протокот на енегрија е силен.
А дека треба да има нешто посилно или послабо од тоа, нема апсолутно врска, со тоа дека тој ќе се храни од луѓето и ама баш ништо нема да го спречи.
Емоции, мисли, делувања, се е тоа енергија, само во различен облик кој што варира од потребата.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Хм, не е само околу вампирите. Црпачи на енергија се различни луѓе, соодетно, за различни луѓе.
Мене енергијата ми ја црпат токму таквите, луѓе што се далеку од мојата бранова должина, тука спаѓаат нападни, гласни, нервозни, песимисти, тврдоглави, духовно отапени.

Освен луѓе, енергијата ми ја црпи и брзиот терк на живеење, тоа значи, притисок и страв дека нема да стигнам да направам нешто зошто обврските се многу а времето е мало.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom