Што ви недостига од детството?

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Не сум размислувал на оваа тема, ама и сега да ви кажам искрено ништо не ми недостига од моето детство ако детство сметаме <13 или 14 и немам некои вредни сеќавања од тоj период на кои што би се навратил. Некои делови сакам комплетно да ги заборавам, други не се вредни за паметење, а голем дел сум ги заборавил. :oops:

Туку, ми недостигаат одредени сегменти од делот потоа, ама тоа не е опфатено со темава а и како што рече еден член, додека се навраќаш на минатото те одминува сегашноста така да и тоа не вреди :)
 

Eufrat Kurajber

Real cigan from da hood.
Член од
4 декември 2009
Мислења
341
Поени од реакции
12
Ми недостига целото детство и најдобрите занимации и игри кои ги имавме тогаш..Тогаш немавме компјутери и мобилни...имавме Нинтенда, Гејмбој, имавме џамлии..игравме брканици и топката на место, игравме фудбал , без топка никаде не одевме..игравме жмурка (повеќето го така знаат) ми недостигаат глупостите кога влегувавме по туѓи дворови да крадеме овошје и се чуствувавме многу херојски..исто така ми недостига една игра кај нас ја викавме ГРАНИЦИ , можда некој е слушнал , се играше до определена територија и требаше да најдеш неколкумина за одредено време шо ти знам не се сеќавам баш добро, не е битно..битно такви времиња тешко да се вратат..денешната младина освен фејсбук и лигавење по улиците као демек некои гангстери, повеќе од тоа ништо не знаат..али јеби га.. за сето тоа повеќе се криви родителите и нивното "воспитување".. тоа наше детство.. зборувам за детството од мојата генерација 88ма, не верувам дека денес или малку покасно ќе се најде некој да го продолжи сето тоа..жално но вистинито..
 
Член од
24 мај 2010
Мислења
2.048
Поени од реакции
4.640
ебастите учителки, професорки, пропуштените мувања и сл. зимите со повеќе снег, летата со повеќе море и сеа да ми текне пак ќе пишам понатака
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
детска градинка- каде се’ беше просто и едноставно
ќе си размените по некое бонбонче- и веќе сте маж и жена :pos:
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
Нинтендо, киснење по флиперници со другарите, играње со џамлии, жмурка, искреното и вистинско другарство, првата симпатија (ќерка на некој комшија) која ти ја „таксаа“ твоите родители за тебе, правење најразлични предмети на час по ОТП, детската безгрижност итн итн до бескрај :D
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Старата држава, Скопје, паркот позади зграда, комшиите кои се одселија или испоумираа, музиката од 80-ти и 90-ти....и мајка ми, најмногу од се'...
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Фрлање со најлончиња полни со вода, понекогаш и со урина по сите возила што поминуваа на улица, фрлање со јајца живи или жолчки варени по фасади, праевење пин-бал од штица, шајки, конци и штипки, крадење цреши/петровки буквално све шо е и шо не е за јадење чисто само да направиш бркајнци со комшии и други луге, пукање петарди во влезови од згради:ROFLMAO::ROFLMAO: , палење контењери и оставање на сред пт, скокање од кј каналон, крадење греди од стоваришта понекогаш и комшии за правење голчиња, дремење до 3-4 сабајле со безвеза муабети и заебанции, возење со велосипеди кј тумбине возење со велосидеди и бркање низ расадник, Ми недостасува Симон будалата човек во години најпоке проблеми кј него праев, праење од снег големи топки и оставање пред влезови буквално барикади, мотање со сличиња и лижење раце сите зарази дома ги носевме :D, па едно време повикуваме вештерки-абе аман деца шо разбирет, го дупчевме Неџат берберон на гла му се качвевме чим не видеше одма ифрит беше хахаха, провалување во болница во некои си ходници и пишење арон мејден со спреј хахахха.... се буквално се ми фали ако почнам да пишам пост од шо ке е голем никој немат ни да му се опуљит,
И да се пофалам и ден денес за некои работи сум како дете така да минатата сабота после излегувањето се собравме маалска багра па си фино лепо украдовме мрежа за тенис и си ја плеснавме в маала АЈ ЗА УБО !!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom