Тоа што знам дека сум жива здрава, со големи цицки, некој ме гали, но не ме сака и имам секс со него( не водам љубов,ама свесно си правам ќеифови, тоа е тоа, засега), тоа што татко ми спокојно си чисти спанаќ во кујна, сестра ми е на работа и ми симнува Симпсонови, другарките ми се среќни или драматични, Сонцево грее, Јан Тирсен ме носи низ музики, јадам рум касато, локам сок од јаболка, мириса на омекнувач од перените алишта, точакот ме чека да го возам...
Ме исполнува музиката што ја издишав вчера, но се вратив полна со впечатоци и нешто кеш. Ме исполнува фактот дека ќе одам утре на факс и ќе можам да му ги пијам смешните реченици на Влатче мој и смешните патики. Ме исполнува моментот на зараза од сончогледов и мојот јазик што смени боја од грицкање.
Уф, да.