-површност, ниту разбираат нешто, не знаат да проценат ситуација и луѓе, и нормално на крај заклучокот им е полн со предрасуда.
-покажување сила на послаб ( и најсилниот на светот е слабак ако си фаќа работа со послаб од него)
-луѓе кои се очајни по внимание (што се демонстрира со гласна расправа на аргументи, сите во кафич се свртени кон него/неа, т.е најчесто висината на децибелите на нивниот глас е крајно неподнослива за мои уши)
-немање манири
-бескрупулозност
-еготрипови ( е овие ми се онака баш најнеподносливи, еготриповите имаат наклонетост да викаат јас почесто од било кој збор, они се најбољи у баскет у маало, на работа нема као нив, и нормално платата им буши плафон, социјалниот живот им е толку полн што холивудска ѕвезда би им позавидела итн.). Ако нешто научив во живтотов е дека оној кој што е квалитетен, придонесува и стварно е најбољи во баскет, на работа итн, делото само си го шири добриот збор.