Ме иритираат луѓето како појава.
Не сум мизантроп, но ме иритира се околу човековите навики, особено кај стереотипното население чие живеалиште е Балканот.
Зошто?
Затоа што доколку си интелектуалец, не си прифатен од широкораспространетата проста маса каде што владее едноумие и сите твои идеи за подобрување на општеството паѓаат у вода. Но, за да бидеш слушнат и за твојот глас да има некакво, па и минимално значење, мораш да бидеш дел од, се извинувам на вулгарноста, сељачаната што освен тоа што седи пред коперација со пивото и бистри политика, област од која нема ни 1% основно познавање, нема апсолутно никаква дневна рутина. Аналогно на тоа, западното сфаќање на работите е многу светлосни години одалечено од нас.
Тоа ме иритира. Што интелектуалците се третирани како ѓубре, додека најголемите идиоти чиј што мозок е tabula rasa стигнуваат до министерски фотелји.