Страшно ме нервираат дволични луѓе кои во еден момент седат со мене, ми прават лице, зборуваат за некоја трета особа, кажуваат за неа ваква е, онаква е, незнам таму што, а после десет минути истиот муабет го прават со таа особа, само што сега озборуваната сум јас.
Ме иритираат и лажговци и тоа највеќе оние за кои сум сигурна дека лажат и јасно им давам на знаење дека не им верувам и дека им ја знам играта, а тие упорно си продолжуваат со истата приказна.
Исто страшно ми газат на нерви и материјалисти луѓе кои само сакаат нешто да искористат, и машки и женски без разлика кои, кога станува збор за ваква работа, ме нервира истата и кај двата пола.