Како се справувате со колеги кои непримерно се однесуваат кон вас?
Неколкупати ми се има случено во фаца да ми кажат дека ништо не работам, а сега брзо еден ми ги зема онака дрско документите за да ги среди.
Од една страна си велам отерај ги у три лепе, а од друга не сакам да се разлошувам.
Совет?
Не, различни сектори сме ама уште од старт вака се понашале. Глумат директори бидејќи се скоро 20 години во фирмата.
Ја еднаш така со убаво им одговорив на таквите, да не речам на културен начин им го спуштив, ама без злонамерен настап, како шала и тоа исто како кај тебе, едната 16 години таму, другата 10.
Овие отидоа подалеку. Јас спремна на секакви интриги, кога колеги нешто ќе побараат од мене екстра, обавезно сум зафатена, не слушам, на важен повик сум, ,, срце на меил прати ми те молам ". Дојде до директорката, она нормално ним повеќе им верува. Јас од сѐ што сум правела, во рамки на легалното, од прв ден спремам и принт и дигитални докази. Толку ја наелектризирале, ми вика ако ова не е сработено, зошто ние те држиме тука. И тука е време за докази на сунце.
,,Можеби поради ова. "
Се запелтечи и она и кокошкиве. Ама јазична бариера колешке, не сакавме така да кажеме, ние за целиот систем колку е функционален зборевме, а што сме рекле ,, ти", така дошол зборот. Работно место е се случуваат тензии, а голема фирма сме не можеме сечија работа во секое време најточно да следиме. Аха, да. Мене тој автодемант ми беше доволна сатисфакција.
На денешницава најубаво е брат да си ходајуча претерана реклама на работа. ,, Еееј, паломава ја кренав и ја фрлив во ѓубре, чујте и почујте".
Јас не можам така, ама затоа кога ќе видам провокатори, ги прекинувам оти ние тука работиме немаме време за муабетење
и обавезно откако ќе дознаам какви копии и доказни материјали се легални, обавезно имам архива од сѐ сработено.
Зависи многу и од табиетот. Пример и сегашниве ми се тешки жени, ама увидов дека сакаат да бидат тутури, да уведуваат во работа, да објаснуваат и слично. Па сѐ нешто ќе најдам изговор, ќе се симнам со кафињата за нив, видете јас ова работам ама многу ми е важно да се консултирам со искусни колеги како Вас, ова она. Ако си гледал македонски народни приказни, онаа кога секој пат еснафов оди кај кадијата парите што му ги дал на чување да си ги бара назад ама на Тошо, како првпат да оди. Ете така. На крај ја претерав и ми се симнаа од глава само да не им досаѓам.
Углавно табиетот е важен да им го откриеш оти крају краева поише време си со нив отколку со домашните и мора некако да се живее и работи во што поконтролиран стрес. Ама никогаш не покажувај немоќ, дури ни кога преќутуваш. Директорката кога ме викна шефицата на мојот оддел ме гледа вознемирена и ми вика ,, Види, со дефетистички настап, ни мајка ми не ми верува. Ако е клевета, покажи заби и одбрани го сработеното. Ако одиш со крената глава сега и јас сум зад тебе. " И тоа големо школо ми беше. Најхрабра изгледам кога ми е најмногу страв.