Мухаммед во Библијата
Во хебрејската верзија на Тората сеуште се користи името “Мухаммед“ без било каква двосмисленост. Во песна над песните, поглавје 5, стих 16, пишува : „ Неговиот говор е најпријатен. Тој е голем / славен Мухаммед, мој миленик и мој пријател. “ Хебрејскиот збор јасно укажува на името Мухаммед, но евреите и христијаните тоа одбиваат да го признаат и инсистираат на тоа дека не се работи за сопствено име, туку епитет кој го опишува Пратеникот, тврдејќи дека тоа име значи “најсакан“. Неговата уста е најслатка(најпријатна) да, тој е најсакан. Тој е мој миленик и мој пријател.“ На кого тогаш би можеле да одговара описот на оној кој ги има доблестите и особините како Мухаммед, Аллаховиот најдраг и најсакан Пратеник?
Во Новиот завет Пратениковото, с.а.в.с., име се спомнува на неколку места. Во Евангелието по Јован 16:7, ги наоѓаме Исусовите зборови упатени на неговите ученици: „ Сепак, Јас ви ја кажувам вистината: подобро е за вас, Јас да си отидам; зашто ако не си отидам, Утешителот (periclytos на грчки) нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам “.
Зборот “утешител“ е превод на грчкиот збор “ paracletos“ кој е употребен како замена на оргиналниот “periclytos“ , а кој одговара на арапскиот збор “ Мухаммед“ или “Ахмед“.
Двата грчки изрази имаат мала разлика во изговарањето и во пишувањето; и со самото тоа препишувачите лесно можеле да менуваат еден во друг збор во одредени верзии. Евреите и христијаните се склони на употреба на искривени верзии.
Постои и едно евангелие кое што е познато под името Евангелие на Барнаби кое што црквата го исфрлила во 492 година од н.е. по наредба на Геласиус. Тоа евангелие е конфискувано секаде, но сеуште постои копија во библиотеката на папата Сихтус V. За среќа некој римски свештеник кој се викал Фрамарино успеал да го обелодени. Го прoнашол писмото од Иренеус во кое се спомнува името на евангелието на Барнаби. Неговата радозналост го натерала да го побара тоа евангелие. Откако се спријателил со папата Сихтус V, ја добил копијата од евангелието и од него дознал дека ќе дојде време кога ќе се тврди дека Исус е Аллахов син и дека тоа уверение ќе постои се додека не се појави Мухаммед , Аллаховиот Пратеник кој ќе ја разјасни заблудата.
Во Евангелието по Барнаби (220:4) пишува: „ И таа лага ќе трае се додека не дојде Мухаммед, Божјиот пратеник, кој кога ќе дојде ќе им ја открие измамата на оние кои веруваат во Божјиот закон.“ Фрамарино преминал во ислам и почнал со печатењето на ова евангелие, што предизвикало спротиставување од страна на црквата. Пратениковото име ( нека мирот и спасот се на него) јасно е спомнато во списите на евреите и христијаните.
Исламските научници го користеле овој факт во расправиите со свештениците и учените евреи. Во книгата на Исаија пишува : „ Ќе ти дадам име Мухаммед . О Мухаммеде, кој си свет за својот Господар! Твоето име секогаш било таму.“ (Овој цитат е превземен од делото “Ал-Дин ва Ал-Давала“ Али ибн Рабан Ал-Табарија ( кој од христијанство преминал во ислам ) умрел 247 година по хиџра.
--- надополнето ---
Во книгата на Исаја исто така пишува : „ Го слушнавме од крајот на земјата, гласот на Мухаммед.“
Во книгата Хабакук пишува: „ Бог дојде од Таумана, Свети од планината Паран. Мухамедовото величество ги прекри небесата, а земјата е полна со благодарности на него. “ И ова е спомнато во делото “Ал-Дин ва Давала“ Али ибн Рабан Ал-Табарија, како и кај Ибрахим Халил Ахмед, исто така христијански свештеник кој покасно примил ислам и овој стих го спомнал во својата книга која ја напишал во 1409 година по хиџра.
Во Исаија исто така пишува :„ Она што ќе му го дадам нему, на никој друг нема да му биде дадено. Ахмед ќе ја обнови верата во Аллах. Тој ќе дојде од најдобрата земја; и дивината и нејзините жители ќе се радуваат. Тие ќе ја слават Единственоста на Аллах на секое благородно место и на секоја височина “ . Ова го спомнал Абдуллах Ал Турјуман кој порано се викал Анселм Тормида. Бил шпански свештеник кој преминал во ислам. Умрел 832 година по хиџра.
Џубејр ибн Мут’им рекол: „ Го слушнав Аллаховиот Претеник, с.а.в.с., како вика: „ Јас имам различни имиња: Јас сум Мухаммед, јас сум Ахмед, јас сум Ел-Махи со кое Аллах го поништува неверувањето и јас сум Ел-Хашир кај чии стапала луѓето ќе се соберат и јас сум Ел-акиб“ . Аллах с.в.т., вели: „ И кога Иса, синот на Мерјем, рече: “О синови Израилови, јас сум ви, навистина, Аллахов пејгамбер, да го потврдам од Теврат она што е меѓу моиве раце, и да донесам радосна вест за пратеникот што ќе дојде по мене, чие име ќе му биде Ахмед. И кога тој им донесе јасни докази тие рекоа: “Ова е волшебништво јасно!”. (Куран 61:6)
Професор Абдул-ЕхадДавудел-Ашури, поранешен надбискуп од Мосул, кој конвертирал во ислам, во својата книга "Мухаммед во Библијата“ вели:„Меѓу христијаните е раширена реченица: "Нека е слава на Аллах на небесите и мир нека владее на земјата и среќа нека владее меѓу луѓето", а претходно гласела: „Нека е слава на Аллах на небесите и исламот нека владее на земјата, а Мухаммед е за луѓето. "
Името на Пратеникот (нека секој мир и спас биде над него) се појавува во хинду - списите. Во Sama Vedi -Сaмa Веди пишува: „Ахмед ќе донесе шеријат (верозакон) од својот Господар. Тој закон е полн со мудрости. Јас од него ќе добијам светлина како од сонцето."
Во Athrava Vedi (уште една хинду - списа) Канада 20, суки 127, Мантра 1-3, пишува: „О луѓе, слушајте го внимателно ова! Мухаммед ќе дојде меѓу луѓето ... Неговата големина ќе биде фалена, дури и во рајот и тој (рајот), ќе биде подреден за него, а тој е Мухаммед. "
Во Bhawishya Purana (следна хинду - списа) парв 3, Кханд 3, Aдја 3, Шалок 5-8, пишува: „Дури тогаш ќе дојде неписмен човек со прекар на учителот, по име Мухаммед, со своите другари. Ангелот ќе очистиод пет нешта. " Пет нештана чистењеочигледно претставуваат петте дневни намази кои муслиманите ги чистиод нивните гревови.
--- надополнето ---
Калки Аватар-Мухаммед а.с. во светите индиски книги
Пундит Ведапракаш Упадхјај, индиски професор, во неговата книга „Калки Аватар“ тврди дека описот на Аватар кој е земен од индиските свети книги Веди и Упанишади како и од другите списи одговараат на описот на Аллаховиот Пратеник Мухаммед а.с.Авторот е Индиец,Брамин, од Бенгалско потекло.Тој е научен истражувач во Универзитетот Аллахабад.После неколку години истражување , проф.Пундит ја објавил оваа книга , и не помалку од 8 учењаци Брамини го потврдија и посведочија неговото истражување и неговите образложенија како автентични. Према нивно верување индијците очекуваат „водач“ по име Калки Аватар.Меѓутоа неговиот опис изложен во индиските свети книги ,укажува единствено на Аллаховиот Пратеник Мухаммед а.с.
Авторот ги наведува следните јасни докази од Ведите и другите Хиндуистички свети книги :
1.Во Пуранас (индиска света книга) пишува дека Калки Аватар ќе биде последен Божји Пратеник на овој свет.Тој ќе биде лидер за целиот свет и за сите луѓе.
2.Према индиските свети книги , Калки Аватар ќе биде роден на острово во Арапскиот реон.
3.Во индиските книги имињата на таткото и мајката на Калки Аватар се :
ВИШНУБ-БХАГАТ и СУМААНИ. Ако го испитаме потеклото на овие зборови доаѓаме до интересен заклучок.
ВИШНУ значи Бог + БХАГАТ значи Роб= Божји Роб или Абдуллах на арапски, што е името на таткото на Аллаховиот Пратеник.
СУМАНИИ- значи смиреност, мир = Амина на арапски , што е и име на Пратениковата а.с. мајка.
4.Во индиските религиозни книги е спомната и главната храна на Калки Аватар, а тоа се урми и маслинки, и воедно дека тоа ќе биде најпоштената и најискрената особа во реонот.Без сомнеж Аллаховиот Пратеник а.с. бил познат по истите квалитети и во пред Пратеничкото време –како Ел Емин.
5.Споменато е во Ведите дека раѓа
њето на Калки Аватар ќе биде во чесен и познат клан.Тоа одговара со Курејшиите кои Аллах ги спомнал во Куранот.
6.Бог ќе го учи Калки Аватар преку своите известувачи во пештера.Аллах го учеше Пратеникот а.с. преку ангелот- Мелекот Џибрил во пештерата Хира.
7.Бог ќе го снабди Калки Аватар со многу брз коњ , да го јава и да го обиколи светот и седумте неба . Ова укажува на „бурак“ и ноќта наречена Мираџ, ноќ во која Пратеникот а.с. патуваше кроз 7-те неба.
8. Бог ќе го помогне Калки Аватар со неговата помош.Ова посебно е докажано во битката на Бедр( Аллах ги испрати мелеките(англелите) да им помогната на верниците.
9.Друг многу битен податок за Калки Аватар е дека тој ќе биде роден 12 ден во месецот.Пратеникот а.с. е роден 12 ребиул евела по хиџретскиот календар.
10.Калки Аватар би требало да биде одличен јавач на коњи и мечувалец.
Авторот овде им подвлекува на индијците дека времето на коњи и сабји поминаа и дека денешното време е на огнено оружје и ракети.И според тоа би било смешно да се очекува да Калки Аватар биде одличен јавач и мечувалец.А Аллах најдобро знае!
--- надополнето ---
МУЏИЗИ(Чуда) НА ПОСЛЕДНИОТ БОЖЈИ ПРАТЕНИК МУХАММЕД С.А.В.С.
1.Имам Бејкеки бележи од Осман Бин Хунејфа дека кажал:
Чув дека кај Аллаховиот пратеник с.а.в.с. дошол еден слеп човек и му се пожалил дека го изгубил својот вид. Човекот му рекол на Мухаммед с.а.в.с: Аллагов пратениче! Немам никој кој би ме водел затоа што сум слеп, и дека му било толку тешко да оди. Аллаховиот пратеник му рекол: оди земај абдест, клањај два рекати и речи:
Мој Аллаху! Те молам и ти се обраќам со угледот на твојот пратеник Мухаммед с.а.в.с. пратеник на милоста. Михаммед! Му се обраќам на својот господар со твојот угледот и твојата чест, да ми го поврати видот. Мој Аллах те молам за негово залагање за мене.
Осман Бин Хунејфа вели! Се колнам во Аллах! Ние ни своите места не ги напуштивме, а не се задржавме многу таму, кога се појави тој човек и изгледаше како никогаш да не пател од некоја болест.
2.Oд муџизите на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. беше и расцепувањето на месечината. Мекенлиите побараа од Пратеникот с.а.в.с. некаков знак, па месечината се преполови на два дела, така што ридот Хира јасно го видоа помеѓу двете половици. А во тоа време месечината била полна.
Овој знак Аллах џ.ш. ни го наведува во во Својата Книга: ,, Се приближи часот и месечината се преполови! А оние, секогаш кога ќе видат доказ, се вртат и говорат: Maгија непрекината.” (Ел-Камер, 1-2) Ибн Кесир пренесува конзенсус на муслиманите за овој настан, споменувајќи ги хадисите кои говорат за тоа.
Оваа муџиза ја виделе луѓе од сите делови на Арапскиот полуостров, А Мекинлиите пак не поверувале туку рекле: ,, Мухаммед не маѓепса, А потоа се присетија и рекоа: Почекајте да видиме што ќе кажат караваните што поминуваат, Мухаммед не може да ги маѓепса сите луѓе. “ Другиот ден им дојде делегација вон Мекка и ги извести за настанот дека и тие тоа го виделе.
Месечевото расцепување го виделе и луѓето надвор од Арапскиот полуостров.Ибн Кесир вели: ,, Неговото расцепување го виделе луѓе и во другите делови на земјата, Се кажува во некои предели на Индија дека е изградена и градевина таа ноќ и е означена со дата ,, Ноќта кога се расцепи месечината.”