Што вели Библијата за Мухаммед а.с

Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
ova se kuranski aeti (stihovii),, koj potvrduva deka vo vasite knigi mora da postoi i da pisuvaa za Muhamed.a.s, no vestite race na vasite prethodnici vesto ja mesale vistinata i ja iskrivuvale sodrzinata vo vasite knigi toaa e potvrda od kuran kerim,, ,, kuranot ja odeluva vistina od nevistinata,
kuranot e cuvar na prethodnite knigi i toj kon niv e iskren ja odelodenuva i podrzuva vistinata vo niv a lagata ja iznesuva na videlina i ja otvrla,
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
ova se kuranski aeti (stihovii),, koj potvrduva deka vo vasite knigi mora da postoi i da pisuvaa za Muhamed.a.s, no vestite race na vasite prethodnici vesto ja mesale vistinata i ja iskrivuvale sodrzinata vo vasite knigi toaa e potvrda od kuran kerim,, ,, kuranot ja odeluva vistina od nevistinata,
kuranot e cuvar na prethodnite knigi i toj kon niv e iskren ja odelodenuva i podrzuva vistinata vo niv a lagata ja iznesuva na videlina i ja otvrla,
аха ...
значи Куранот вели дека мора да пишува во Библијата за Мухамед ...

у секој случај офтопик си ...
темава гласи Што вели Библијата за Мухаммед а.с
а не шо вели Куранот шо треба да пишува во Библијата ...
 

Eraser

S.... Seni Seviyorum
Член од
12 април 2010
Мислења
422
Поени од реакции
18
А името „Мухамед„, дека е? Вака, поимот „пророк„ били кој може да го чита на свој начин и под „пророк„ било кој може да се види дури себе си. Но, на форумов, повеќе пати е (пре)повторено кој е тој пророк, па кој сака, нека чита.
Види Мичо, не го барај името на Мухаммед с.а.в.с во библијата оти го нема, избришано е!!

Ти како христијанин би требало да знаеш дека ниту во тората не е спомнат Исус а.с по име, а сепак е најавен пророк !!

Од кај си ти толку сигурен дека пророштвата се однесуваат баш на него ??

Малку ли пророци има ?

Исто како што ти се чудиш на Муслиманите, така Евреите се чудат на тебе. За разлика од вас ние не се чудиме со никој пратеник !!
 

Eraser

S.... Seni Seviyorum
Член од
12 април 2010
Мислења
422
Поени од реакции
18
Па и ние "не се чудиме со никој пратеник".
Леле кај си бе ти, астрет бев да се пишам со тебе :vozbud:
Не вие не се чудите, туку негирате.

Ние негираме пророци, ама не оние од лозата на Ибрахим а.с !!

Што значи ние ем сме верници во Еден Бог, еме сите пратеници ги признаваме !!

За разлика од вас !!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
вие ние тие ...
доста си го мерите ...

давај/давајте цитати, или било какви докази за што вели Бибилијата за Мухамед или доста и беше на темава со бош муабети ...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.399
Поени од реакции
5.030
Сигурно ова на Мухамед се однесува?
Може да се однесува на Дејвид Ајк, кој своевремено (а можеби и уште) мисли дека е вториот пратеник после Исус...
Или може се однесува на некој што се уште не се појавил.

--- надополнето ---

вие ние тие ...
доста си го мерите ...

давај/давајте цитати, или било какви докази за што вели Бибилијата за Мухамед или доста и беше на темава со бош муабети ...
Мислам дека до сега стана јасно.
Такви стихови, пасуси во Библијата каде се спомнува Мухамед во иднината не постојат.
Тоа е доволно за да даде одговор НИШТО на насловот на темата. :)
 
Член од
25 септември 2010
Мислења
44
Поени од реакции
1
Мухаммед во Библијата​

Во хебрејската верзија на Тората сеуште се користи името “Мухаммед“ без било каква двосмисленост. Во песна над песните, поглавје 5, стих 16, пишува : „ Неговиот говор е најпријатен. Тој е голем / славен Мухаммед, мој миленик и мој пријател. “ Хебрејскиот збор јасно укажува на името Мухаммед, но евреите и христијаните тоа одбиваат да го признаат и инсистираат на тоа дека не се работи за сопствено име, туку епитет кој го опишува Пратеникот, тврдејќи дека тоа име значи “најсакан“. Неговата уста е најслатка(најпријатна) да, тој е најсакан. Тој е мој миленик и мој пријател.“ На кого тогаш би можеле да одговара описот на оној кој ги има доблестите и особините како Мухаммед, Аллаховиот најдраг и најсакан Пратеник?

Во Новиот завет Пратениковото, с.а.в.с., име се спомнува на неколку места. Во Евангелието по Јован 16:7, ги наоѓаме Исусовите зборови упатени на неговите ученици: „ Сепак, Јас ви ја кажувам вистината: подобро е за вас, Јас да си отидам; зашто ако не си отидам, Утешителот (periclytos на грчки) нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам “.



Зборот “утешител“ е превод на грчкиот збор “ paracletos“ кој е употребен како замена на оргиналниот “periclytos“ , а кој одговара на арапскиот збор “ Мухаммед“ или “Ахмед“.



Двата грчки изрази имаат мала разлика во изговарањето и во пишувањето; и со самото тоа препишувачите лесно можеле да менуваат еден во друг збор во одредени верзии. Евреите и христијаните се склони на употреба на искривени верзии.




Постои и едно евангелие кое што е познато под името Евангелие на Барнаби кое што црквата го исфрлила во 492 година од н.е. по наредба на Геласиус. Тоа евангелие е конфискувано секаде, но сеуште постои копија во библиотеката на папата Сихтус V. За среќа некој римски свештеник кој се викал Фрамарино успеал да го обелодени. Го прoнашол писмото од Иренеус во кое се спомнува името на евангелието на Барнаби. Неговата радозналост го натерала да го побара тоа евангелие. Откако се спријателил со папата Сихтус V, ја добил копијата од евангелието и од него дознал дека ќе дојде време кога ќе се тврди дека Исус е Аллахов син и дека тоа уверение ќе постои се додека не се појави Мухаммед , Аллаховиот Пратеник кој ќе ја разјасни заблудата.

Во Евангелието по Барнаби (220:4) пишува: „ И таа лага ќе трае се додека не дојде Мухаммед, Божјиот пратеник, кој кога ќе дојде ќе им ја открие измамата на оние кои веруваат во Божјиот закон.“ Фрамарино преминал во ислам и почнал со печатењето на ова евангелие, што предизвикало спротиставување од страна на црквата. Пратениковото име ( нека мирот и спасот се на него) јасно е спомнато во списите на евреите и христијаните.
Исламските научници го користеле овој факт во расправиите со свештениците и учените евреи. Во книгата на Исаија пишува : „ Ќе ти дадам име Мухаммед . О Мухаммеде, кој си свет за својот Господар! Твоето име секогаш било таму.“ (Овој цитат е превземен од делото “Ал-Дин ва Ал-Давала“ Али ибн Рабан Ал-Табарија ( кој од христијанство преминал во ислам ) умрел 247 година по хиџра.

--- надополнето ---

Во книгата на Исаја исто така пишува : „ Го слушнавме од крајот на земјата, гласот на Мухаммед.“



Во книгата Хабакук пишува: „ Бог дојде од Таумана, Свети од планината Паран. Мухамедовото величество ги прекри небесата, а земјата е полна со благодарности на него. “ И ова е спомнато во делото “Ал-Дин ва Давала“ Али ибн Рабан Ал-Табарија, како и кај Ибрахим Халил Ахмед, исто така христијански свештеник кој покасно примил ислам и овој стих го спомнал во својата книга која ја напишал во 1409 година по хиџра.


Во Исаија исто така пишува :„ Она што ќе му го дадам нему, на никој друг нема да му биде дадено. Ахмед ќе ја обнови верата во Аллах. Тој ќе дојде од најдобрата земја; и дивината и нејзините жители ќе се радуваат. Тие ќе ја слават Единственоста на Аллах на секое благородно место и на секоја височина “ . Ова го спомнал Абдуллах Ал Турјуман кој порано се викал Анселм Тормида. Бил шпански свештеник кој преминал во ислам. Умрел 832 година по хиџра.


Џубејр ибн Мут’им рекол: „ Го слушнав Аллаховиот Претеник, с.а.в.с., како вика: „ Јас имам различни имиња: Јас сум Мухаммед, јас сум Ахмед, јас сум Ел-Махи со кое Аллах го поништува неверувањето и јас сум Ел-Хашир кај чии стапала луѓето ќе се соберат и јас сум Ел-акиб“ . Аллах с.в.т., вели: „ И кога Иса, синот на Мерјем, рече: “О синови Израилови, јас сум ви, навистина, Аллахов пејгамбер, да го потврдам од Теврат она што е меѓу моиве раце, и да донесам радосна вест за пратеникот што ќе дојде по мене, чие име ќе му биде Ахмед. И кога тој им донесе јасни докази тие рекоа: “Ова е волшебништво јасно!”. (Куран 61:6)



Професор Абдул-ЕхадДавудел-Ашури, поранешен надбискуп од Мосул, кој конвертирал во ислам, во својата книга "Мухаммед во Библијата“ вели:„Меѓу христијаните е раширена реченица: "Нека е слава на Аллах на небесите и мир нека владее на земјата и среќа нека владее меѓу луѓето", а претходно гласела: „Нека е слава на Аллах на небесите и исламот нека владее на земјата, а Мухаммед е за луѓето. "


Името на Пратеникот (нека секој мир и спас биде над него) се појавува во хинду - списите. Во Sama Vedi -Сaмa Веди пишува: „Ахмед ќе донесе шеријат (верозакон) од својот Господар. Тој закон е полн со мудрости. Јас од него ќе добијам светлина како од сонцето."


Во Athrava Vedi (уште една хинду - списа) Канада 20, суки 127, Мантра 1-3, пишува: „О луѓе, слушајте го внимателно ова! Мухаммед ќе дојде меѓу луѓето ... Неговата големина ќе биде фалена, дури и во рајот и тој (рајот), ќе биде подреден за него, а тој е Мухаммед. "


Во Bhawishya Purana (следна хинду - списа) парв 3, Кханд 3, Aдја 3, Шалок 5-8, пишува: „Дури тогаш ќе дојде неписмен човек со прекар на учителот, по име Мухаммед, со своите другари. Ангелот ќе очистиод пет нешта. " Пет нештана чистењеочигледно претставуваат петте дневни намази кои муслиманите ги чистиод нивните гревови.

--- надополнето ---

Калки Аватар-Мухаммед а.с. во светите индиски книги


Пундит Ведапракаш Упадхјај, индиски професор, во неговата книга „Калки Аватар“ тврди дека описот на Аватар кој е земен од индиските свети книги Веди и Упанишади како и од другите списи одговараат на описот на Аллаховиот Пратеник Мухаммед а.с.Авторот е Индиец,Брамин, од Бенгалско потекло.Тој е научен истражувач во Универзитетот Аллахабад.После неколку години истражување , проф.Пундит ја објавил оваа книга , и не помалку од 8 учењаци Брамини го потврдија и посведочија неговото истражување и неговите образложенија како автентични. Према нивно верување индијците очекуваат „водач“ по име Калки Аватар.Меѓутоа неговиот опис изложен во индиските свети книги ,укажува единствено на Аллаховиот Пратеник Мухаммед а.с.
Авторот ги наведува следните јасни докази од Ведите и другите Хиндуистички свети книги :

1.Во Пуранас (индиска света книга) пишува дека Калки Аватар ќе биде последен Божји Пратеник на овој свет.Тој ќе биде лидер за целиот свет и за сите луѓе.

2.Према индиските свети книги , Калки Аватар ќе биде роден на острово во Арапскиот реон.

3.Во индиските книги имињата на таткото и мајката на Калки Аватар се :
ВИШНУБ-БХАГАТ и СУМААНИ. Ако го испитаме потеклото на овие зборови доаѓаме до интересен заклучок.
ВИШНУ значи Бог + БХАГАТ значи Роб= Божји Роб или Абдуллах на арапски, што е името на таткото на Аллаховиот Пратеник.
СУМАНИИ- значи смиреност, мир = Амина на арапски , што е и име на Пратениковата а.с. мајка.

4.Во индиските религиозни книги е спомната и главната храна на Калки Аватар, а тоа се урми и маслинки, и воедно дека тоа ќе биде најпоштената и најискрената особа во реонот.Без сомнеж Аллаховиот Пратеник а.с. бил познат по истите квалитети и во пред Пратеничкото време –како Ел Емин.
5.Споменато е во Ведите дека раѓа
њето на Калки Аватар ќе биде во чесен и познат клан.Тоа одговара со Курејшиите кои Аллах ги спомнал во Куранот.

6.Бог ќе го учи Калки Аватар преку своите известувачи во пештера.Аллах го учеше Пратеникот а.с. преку ангелот- Мелекот Џибрил во пештерата Хира.

7.Бог ќе го снабди Калки Аватар со многу брз коњ , да го јава и да го обиколи светот и седумте неба . Ова укажува на „бурак“ и ноќта наречена Мираџ, ноќ во која Пратеникот а.с. патуваше кроз 7-те неба.


8. Бог ќе го помогне Калки Аватар со неговата помош.Ова посебно е докажано во битката на Бедр( Аллах ги испрати мелеките(англелите) да им помогната на верниците.

9.Друг многу битен податок за Калки Аватар е дека тој ќе биде роден 12 ден во месецот.Пратеникот а.с. е роден 12 ребиул евела по хиџретскиот календар.

10.Калки Аватар би требало да биде одличен јавач на коњи и мечувалец.
Авторот овде им подвлекува на индијците дека времето на коњи и сабји поминаа и дека денешното време е на огнено оружје и ракети.И според тоа би било смешно да се очекува да Калки Аватар биде одличен јавач и мечувалец.А Аллах најдобро знае!

--- надополнето ---

МУЏИЗИ(Чуда) НА ПОСЛЕДНИОТ БОЖЈИ ПРАТЕНИК МУХАММЕД С.А.В.С.
1.Имам Бејкеки бележи од Осман Бин Хунејфа дека кажал:
Чув дека кај Аллаховиот пратеник с.а.в.с. дошол еден слеп човек и му се пожалил дека го изгубил својот вид. Човекот му рекол на Мухаммед с.а.в.с: Аллагов пратениче! Немам никој кој би ме водел затоа што сум слеп, и дека му било толку тешко да оди. Аллаховиот пратеник му рекол: оди земај абдест, клањај два рекати и речи:
Мој Аллаху! Те молам и ти се обраќам со угледот на твојот пратеник Мухаммед с.а.в.с. пратеник на милоста. Михаммед! Му се обраќам на својот господар со твојот угледот и твојата чест, да ми го поврати видот. Мој Аллах те молам за негово залагање за мене.
Осман Бин Хунејфа вели! Се колнам во Аллах! Ние ни своите места не ги напуштивме, а не се задржавме многу таму, кога се појави тој човек и изгледаше како никогаш да не пател од некоја болест.

2.Oд муџизите на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. беше и расцепувањето на месечината. Мекенлиите побараа од Пратеникот с.а.в.с. некаков знак, па месечината се преполови на два дела, така што ридот Хира јасно го видоа помеѓу двете половици. А во тоа време месечината била полна.
Овој знак Аллах џ.ш. ни го наведува во во Својата Книга: ,, Се приближи часот и месечината се преполови! А оние, секогаш кога ќе видат доказ, се вртат и говорат: Maгија непрекината.” (Ел-Камер, 1-2) Ибн Кесир пренесува конзенсус на муслиманите за овој настан, споменувајќи ги хадисите кои говорат за тоа.

Оваа муџиза ја виделе луѓе од сите делови на Арапскиот полуостров, А Мекинлиите пак не поверувале туку рекле: ,, Мухаммед не маѓепса, А потоа се присетија и рекоа: Почекајте да видиме што ќе кажат караваните што поминуваат, Мухаммед не може да ги маѓепса сите луѓе. “ Другиот ден им дојде делегација вон Мекка и ги извести за настанот дека и тие тоа го виделе.

Месечевото расцепување го виделе и луѓето надвор од Арапскиот полуостров.Ибн Кесир вели: ,, Неговото расцепување го виделе луѓе и во другите делови на земјата, Се кажува во некои предели на Индија дека е изградена и градевина таа ноќ и е означена со дата ,, Ноќта кога се расцепи месечината.”
 
Член од
25 септември 2010
Мислења
44
Поени од реакции
1
3.После битката на Бедр, Курејшиите ги откупуваа своите заробени. Секој ги откупуваше своите. Еден од нив-Аббас, кој исто така беше заробен, му рече на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. : ,, Јас сум муслиман,”А пратеникот , с.а.в.с. му рече: ,, Аллаху е`алем – Аллах го знае твојот ислам. Ако е така како велиш, Аллах ќе те награди . Што се однесува на твоето однесување, наше е да просудиме. Откупи се себеси и своите двајца браќа, му рече Пратеникот, с.а.в.с. ,, Немаме со што,” рече Аббас. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. тогаш го запраша: ,, А каде се парите кои ги закопавте со Умми Фадл, кога и рече: ” Ако мене нешто ми се случи на овој пат, овој иметок им го оставам на Фадлините потомци Абдуллах и Кусем? “ Аббас тогаш рече: ,, Се колнам во Аллах, гледам дека навистина си Аллахов Пратеник, зошто оваа работа никој не ја знаеше освен јас и Умму Фадл.”

4.Пренесува Џабир ибн Абдуллах, р.а. како луѓето на Худејбиј ожеднале, додека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. држеше во раката сад и земаше абдест. Истрчаа исплашено кон него, а тој ги запраша: ,, Што ви е?” ,, Немаме вода ниту за абдест, ниту за пиење, освен она што е во тоите раце”, рекоа тие. Џабир р.а. вели дека тогаш Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. ја стави својата рака во садот, па водата потече помеѓу неговите мубарек-прсти, како извор, па сите се напоивме и зедовме абдест.

5.Еден бедуин го запраша Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.: Со што можам да знам дека си ти Аллахов Пратеник?” , А Пратеникот, с.а.в.с. му одговори: ,, Ако го повикам оној грозд од палмата, ќе ми поверуваш тогаш дека сум пратеник? “. ,,Да” рече бедуинот. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. го повика гроздот, кој почна да слегува, додека не дојде пред него. Пратеникот с.а.в.с. тогаш му рече: ,, Врати се” и тој се врати ... бедуинот прими ислам.

6.ПОЈАВЕНИТЕ ЗНАЦИ ВО НОЌТА ПРИ РАЃАЊЕТО НА ПЕЈГАМБЕРОТ

Научниците од претходните книги знаеле за објавувањето на К*р'анот и за доаѓањето на Пејгамберот Мухаммед а.с. бидејќи биле известени уште во претходните книги, дури и името на Пејгамберот Мухаммед а.с. се спомнувало со едно име исто по значење.
А сега според мудреците да видиме кои се тие знаци, и што означуваат - (покажуваат), за раѓањето на последниот Пеј-гамбер.
Во долината на слонови т.е 20 април 571 год., во ноќта од 12-ти Ребиул-еввел, се случил земјотрес кој ги потресол и испукал тврдините на Византиската престолнина Константинопол - денешен Истанбул. Во исто време се случил и друг земјотрес во Иран (Персија) каде што се срушила тврдината од палатата на владарот Кисра. Исто така згаснал и светиот оган на Персијците кој дотогаш горел (во време од 1000 години). Порада ова многу бил исплашен владарот Кисра, собирајќи ги своите советници за да ја разгледаат новонастанатата состојба.
Еден од главните советници рекол:
- Владару и јас вечерва видов еден сон каде што група камили и арапски коњи од страна на Арапскиот Полуостров ја поминуваат реката Диџле, и влегуваат во Иран проширувајќи се на сите страни на нашата земја.
- Што значи ова? - запрашал владарот.
- Може да значи дека нешто многу чудно и важно се случува кај арапите. – одговорил советникот.
Загриженоста на владарот Кисра, уште повеќе се зголемила. Дури напишал писмо до намесникот на Басра, во кое што побарал да му го испратат најдобриот и познат научник и мудрец кај него. Така намесникот на Басра ја испратил бараната личност.
Кога познатиот мудрец и научник дошол пред владарот Кисра, бил запрашан:
- Рушењето на 14 тврдини, гаснењето на светиот оган и сонот на главниот советник, дали имаат некоја врска една со друга? И ако имаат што е тоа?
Научникот му одговорил:
- Одговорот на овие прашања може да ги знае само вујко ми што е во Шам!
- Тогаш веднаш оди кај него, научи ги одговорите и врати се назад кај мене. – му рекол владарот.
Научникот набргу отишол во градот Шам и таму што ќе види својот вујко го нашол на смртна постела. Немал многу сила ниту да зборува.
Научникот знаел дека може да го поттикне да зборува ако му се каже нешто интересно и убаво. Ги употребил сите свои умешности и започнал да му ги поставува зададените прашања во стил на поезија. Во тоа време голема важност се давало на зборувањето со поетски стил. Навистина ова позитивно влијаело на болниот старец кој што тесно ги отворил очите и на ист начин со поетски стил му кажал три важни работи:
Знајте дека ќе се зголеми читањето на објавата;
Ќе дојде еден нов Пејгамбер и со него ќе заврши Пејгамберството;
Навистина ќе згасне светиот оган на Иран и ќе завладеат владари по бројка на тврдините што се порушија, потоа ќе се случи она што ќе се случи.
Ова биле последните зборови на болниот старец-стариот научник, предавајќи ја својата душа.
И навистина, случките се случиле после неговото кажување. По кажувањето на стариот научник. Се зголемило читањето на објавата, Мухаммед а.с. дојде како последен Пејгамбер. Во Иран во кратки периоди владееле 14 владари. Потоа Иран се приклучил кон исламските земји
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Мухамед е Еврејски збор, Мухамед е еврејско име. Мухамед проповедал верба во еден бог, бог на израел бог на израелскиот народ, го пренесувал зборот на Јахве.
 
Член од
25 септември 2010
Мислења
44
Поени од реакции
1
7.Се пренесува од правилен синџир дека Сад Бин Еби Вакас рекол: јас бев со пророкот а.с. за време на битката на Ухуд. Чесниот пророк стрелаше со стрелата кон неверниците додека не му се скрши лакот. Тогаш тој ми ги даде мене стрелите и ми рече јас да стрелам. Стрелите што ми ги даде беа без врв. Тој ми наредуваше да стрелам и стрелите летаа дупнувајќи ги телата на неверниците. Во тие моменти Катаде Бин Нуман беше погоден со една стрела во окото која му го изваде окото. Пророкот а.с. го зеде окото во неговата благословена рака и му го стави во очната шуплина, тој оздраве како да ништо му се немаше случено.
8.Се пренесува од Ебу Хурејре Р.А. дека една еврејка во Хајбер му подари на пророкот с.а.в.с. една овца печена на која ималa ставено отров. Почна да јади пророкот с.а.в.с. и веднаш на неговите другари им рече: не јадете! Плешката на овцата ми кажа дека е отровна. Од оваа овца умре Бишр Ибн Бера. Му рече пророкот с.а.в.с. на еврејката: зошто го направи ова? Таа рече: ако си пророк нема да ти направи штета додека ако беше крал ќе умреше од ова.
9.Али р.а. на денот на Хајбер имаше инфекција на окото толку многу што и не гледаше. Дојде пророкот с.а.в.с. и луѓето му кажаа дека е болен. Пророкот с.а.в.с. го плукна во очите и тие оздравеа за момент. Исто така ја плукна и раната што ја имаше Слеме Ибн Екуа на ногата и таа веднаш оздраве. Исто така и слеп човек дојде кај пророкот с.а.в.с. и побара од него да му се помоли на Аллах да го оздраве, пророкот с.а.в.с. му се помоли и човекот оздраве.
10.Множењето на храната. Хадис на Ебу Талха. Ебу Талха му рече на неговата сопруга Уму Сулејм: го слушнав гласот на пророкот с.а.в.с. ми се слушна слаб и сватив дека тој е гладен, затоа дали има нешто за јадење? Таа рече да и извади неколку парчина леб и тргна кон пророкот с.а.в.с. Рече, отидов кај пророкот с.а.в.с. и го најдов во џамијата со други луѓе. Ми рече пророкот с.а.в.с. дали Ебу Талха те прати? Му реков да. Дали ти даде храна? Му реков да. Тогаш им рече на тие што беа во џамијата: станете! Тие станаа и јас одев пред нив додека дојдов кај Ебу Талха и му реков: ни ги донесе пророкот с.а.в.с. луѓето, што ќе му дадеме да јадат? Рече: Уму Сулејм Аллах знае подоборо и неговиот пратеник. Излезе Ебу Талха да го пречека пророкот с.а.в.с. и влезе со него откако пророкот с.а.в.с. му даде селам. Рече пророкот с.а.в.с.: дојди о Уму Сулејм, донеси го тоа што е за донесување. Уму Сулејм го донесе лебот и го подготви откако го здроби. Рече пророкот с.а.в.с. некои зборови и потоа рече: нека дојдат десет луѓе да јадат. Дојдоа јадеа се додека не се најадоа и потоа заминаа. И вака по ред десет по десет јадеа се додека не се најадуваа и си заминуваа се додека сите не јадоа. Тие беа седумдесет или осумдесет луѓе.
Според хадисот на Џабир истото ова се случи и на денот на Хендек кога јадоа околу илјада луѓе додека не се најадоа.
11.Овошјата зборуваат и сведочат дека Мухамед е пратеник на Аллах. Се пренесува од Ибн Умер дека рекол: бевме со пророкот с.а.в.с. на пат. Во меѓувреме му се доближува еден селанец на пророкот с.а.в.с. и пророкот с.а.в.с. му рече: каде одиш, тој одговори: дома, пророкот с.а.в.с. му рече: дали да ти кажам нешто подобро? Селанецот рече што? Пророкот с.а.в.с. му рече: да сведочиш дека нема друг бог освен Аллах и Мухамед е роб и негов пратеник. Селанецот рече: кој сведочи за вистината на ова што го кажа? Пророкот с.а.в.с. рече: она овошјето што се наоѓа во котлината и викни го ќе ти одговори. Дојде овошјето пукнувајќи ја земјата додека застана пред пророкот с.а.в.с. кој побара три пати да сведочи и овошјето посведочи и потоа се врати на своето место.
12.Абдулах Ибн Месхуди вели: ние го слушавме тесбихот што го правеше храната додека ја јадевме во присуство на пророкот с.а.в.с.
13.Се пренесува од Џабир Ибн Семура дека пророкот с.а.в.с. рекол: јас знам еден камен во Мека што ми даваше селам и пред да ми дојди објавата.

--- надополнето ---

14.Исра и мираџ
Овај несекојдневен случај кој му се случил на божјиот пратеник с.а.в.с. во една ноќ: исра – патување од месџидул харам во Мека до месџидул аксаа во Ерусалим – воздигнувањето од месџидул аксаа до највисоките небески сфери сифретул мунтехаатој таинствен нам непознат свет предизвика уште предизвикува меѓу научниците и обичните верници азлични пристапи и жустри полемики. Хадисот за Исрата кај нас дојде преку мутеватир-предавањетонајавтентичното предавањево кое нема сомнеж и тоа преку Омер Б. Ел Хаттаб, Али Б. Еби Талиб, Ибн Месуда, Ебу Зерра, Малик Б. Сасааа, Ебу Хурејре, Ебу Сеида, Ибн Аббас, Шеддат Б. Евс, Убејј Б. Каба, Адуллах Б. Амра, Џабир, Хузејф, Ебу Ејјуб, Ебу Умаме, Семуре Б. Џундуба, Сухејба Ер Румиа, Умми Хане, Ајше и Есме – Аллах со нив да биде задоволен.
Енес Б. Малик пренесува дека Аллаховиот пратеник рекол: даден ми е Бурак. Тоа е бело долго животно. Поголемо е од магаре а помало од мазга. Чекори со брзина на погледот.јавав додека не стигнав до Бејтул – макдес. Го приврзав за алката за која го приврзувале Аллаховите пратеници потоа влегов во џамијата клањав два ректи и излегов. Потоа ми дојде Џибрил и ми понуди чаша со вино и чаша со млеко. Го избрав млекото па Џибрил ми рече: Избра Ислам. Потоа се воздигнавме на небо. Џибрил побара да се отвори, па е прашан: кој си ти? Јас сум Џибрил, одговори, кој е со тебе - прашан е, Мухаммед – одговори, дали му дојде пратеништвото – повторно е прашан, а му дојде! Потврди Џибрил. Тогаш нам ни се отвори. Тука беше Адем а.с. кој нми изрази добредојде и ми посака добро.

Потоа сме издигнати на друго небо/небеско пространство. Џибрил побара да се отвори, па е прашан: кој си ти? Јас сум Џибрил – одговори, прашан е кој е со тебе, одговори - Мухаммед, дали му е дадено пратеништвото – повторно е прашан, да – одговори Џибрил. Ни отворија. Таму беа двајца: Иса синот Мерјемин и Јахја синот на Зекирија – нека е Аллаховиот мир над нив двајцата, кои ми изразија добредојде и ми посакаа добро.

Потоа се воздигнавме на трето небеско пространство. Џибрил побара да се отвори, па е прашан: кој си ти? Одговори – Џибрил, прашан е: кој е со тебе? Одговоро – Мухаммед, дали му е дадено пратеништвото – повторно е прашан, да – одговори Џибрил. Ни се отвори. Го видовме Јусуф а.с. на кого му е дадена половина од вкупната убавина, кој ми изрази добредојде и ми посака секое добро.

Потоа се воздигнавме на четврто небеско пространство. Џибрил побара да се отвори, па е прашан: кој е? Одговори – Џибрил, прашан е: а кој е со тебе? Одговори: Мухаммед! Дали му е дадено пратеништвото – повторно е прашан, да – одговори. Ни се отвори. Таму беше Идрис а.с. кој ми изрази добредојде и ми посака секое добро. Аллах возвишениот вели: и ние на високо место го дигнавме ( XlX : 57 ).

Потоа сме воздигнати на петто небеско пространство. Џибрил побара да се отвори, па е прашан: кој е? Џибрил – одговори, прашан е: кој е со тебе? Одговори: Мухаммед! Дали му е дадено пратеништвото – повторно е прашан, одговори: да. Ни се отвори. Го видовме Харун а.с. кој ми изрази добредојде и ми посака секое добро.

--- надополнето ---

Потоа сме воздигнати на седмо небеско пространство. Џибрил побара да се отвори па е прашан: кој е? Одговори: Џибрил, а кој е со тебе? Прашан е, одговори: Мухаммед, дали му дадено пратеништвото, да – одговори. Ни се отвори. Таму беше Ибрахим а.с. потпрен со грбот на Бејтул – мамур (небеска каба во која секојдневно влегуваат по 70 000 мелеки и повеќе не се враќаат). Потоа сум одведен во Сидретул Мунтеха, чии лисја беа како слонови уши а плодовите како големи земски овошја. Кога го прекри она што Аллах сака да го прекрие таа се проемни така да никој од Аллаховите створенија не би бил во состојба да ја опише нејзината убавина. Аллах ми објави нешто од објавата и ми пропиша во текот на секој ден и ноќ педесет намази, па слегов до Муса а.с. кој ме праша: каква должност му стави твојот господар на твоите следбеници? Одговорив: педесет намази. Ми рече: вратисе кај твојот господар и барај олеснување бидејќи твојот уммет тоа нема да го издржи со оглед на тоа што јас го испробав кај израелците. Се вратив кај својот господар и го замолив: господару мој, олесниги моите следбеници, па ми намали за пет намази. Се вратив кај Муса а.с. и му реков: ми намали за пет намази. Ми рече: твоите следбеници тоа не можат да го поднесат и затоа вратисе кај својот господар и барај олеснување.
Непрестано се враќав меѓу мојот господар и Муса а.с. се додека Аллах не рече: Мухаммеде намазите ќе бидат пет во текот на денот и ноќта а за секој намаз ќе се пишува по десет така што тоа ќе чини педесет намази. Кој ќе се одлучи да направи некое добро дело, а нема да го направи – ќе му се напише една награда, а кој го направи – ќе му се напишат десет. Ако пак некој одлучи да направи некое негативно дело, и тоа не го направи - не му се пишува грев а ако го направи – му се пишува само еден грев. Се спуштив до Муса а.с. и му реков: се враќав кај својот господар се додека не се посрамотив.

Катаде пренесува од Енес Ибн Малик дека Малик Ибн Саа му го споменал хадисот се до зборовите на Мухаммед а.с.: потоа сум воздигнат до Сидретул – Мунтехаа и ги видов мејзините плодови во облик на земски плодови, додека листовите беа како уши од слон, па рекол: ова е Сидрету – Мунтехаа и рекол: се покажаа 4 реки, две скриени а две видливи. Го прашав: што е ова Џибрил? Ми одговори: што се однесува до скриените, тоа се две реки во Џеннет а што се однесува на видливите, тие се Нил и Еуфрат – рече. А пото е воздигнат до Бејтул – Мамура.

Во пренесувањето на Катаде од Ебу Хурејре стои: рекол: реков:
Рекол: реков: го молев својот господар се додека не се засрамив, па останав збунет, но ја извршив наредбата за да потоа го слушнам гласникот како вика: ти ги исполни моите наредби и им олесна на моите робови.

Слично се бележи и во веродостојните збирки и пренесувања од Катаде.
Во тоа пренесување стои: потоа ме одведе до Сидретул Мунтехаа кој го прекрија бои кои ни сам не занев какви, за да потоа бидам одеден во Џеннет во кои беа мрежи од бисери и земја од миска.

Во пренесувањето на Ебу Зерра се кажува: го прашав Аллаховиот пратеник с.а.в.с.: дали го виде својот господар? Одговори: светлост/нур каде и да погледав, па како да го видам.
Ибни Шихаб рекол: ме извести Ибни Хазм дека Ибн Аббас и Ебу Хаббе Ел-Енсари зборувале дека Аллаховиот пратени с.а.в.с. рекол: потоа сум воздигнат до нивото во кое можев да слушам чкрипење на перо.
Џабир Ибни Абдуллах р.а. споменува дека го слушнал Аллаховиот пратеник како кажува: пошто бев во лага отеран од страна на курејшиите кога бев воздигнат во ноќта Исраа до Бејтул Макдес, седев во хиџрата кај кабата па Аллах ми ја покажа Бејтул Макдес, па почнав да ги обавестувам за знаменијата кои ги гледав.
Ибни Шихаб кажувал дека Ебу Селеме Ибни Абдурахман рекол: луѓето од курејшиите отидоа кај Ебу Бекир и му рекоа: зар ти мислиш дека твојот другар отишол до Бејтул Макдес и потоа се вратил во Мека во една ноќ? Ебу Бекир р.а. прашал: зар тој тоа го рекол? Одговорија: да. Ебу Бекир одговори: јас сведочам дека ако тоа тој го рекол вистината ја рекол. Му рекоа: ти си му поверувал дека дошол до Шам во една ноќ а потоа се вратил во Мека пред да се раздени?! Одговори: да, јас му поверував и повеќе од тоа. Му поверував кога почна да ја прима објавата од небото. Ебу Селеме кажува: поради ова Ебу Бекир е наречен Ес-Сиддик.

Ибни Аббас р.а. рекол: рекол Аллаховиот пратеник: во ноќта во која се случи Исра се разденив во Мека. Се уплашив знаејќи дека заради тоа во лага ќе бидам отеран. Останал изолиран, тажен. Покрај него помина Аллаховиот непријател Ебу Џехел, седна појкрај него и со исмејувачки тон го запраша: навистина тоа се случило? Пратеникот с.а.в.с. рече: да. Тој запраша: а што тоа? Одговори: синоќа бев воздигнат. Го праша каде? Одговори: во Бејтул Макдес. Ебу Џехел рече: потоа си се разденил меѓу нас? Одговори: да. Ебу џехел рекол: што мислиш да го повикаш својот народ дали би им го кажал она што мене ми го кажа? Пратеникот с.а.в.с. рекол: да. Ебу Џехел викнал: о потомци Каб Ибни Луја. Дојдоа во групи и седнаа покрај нив двајца. Ебу Џехел рече: кажиму го на својот народ она што мене ми го кажа. Пратеникот с.а.в.с. рекол: навистина синоќа бев воздигнат. Го прашаа каде? Одговори: до бејтул Макдес. Приметија: потоа се раздени меѓу нас? Одговори: да. Тогаш некои ракоплескаа со рацете а некои ги ставија рацете на главата изразувајќи на тој начин чудење. Можеш ли да ни го опишеш Месџид? – го прашаа. Меѓу нив имаше и такви кои патуваа на тоа место и го виделе тој месџид. Аллаховиот пратеник с.а.в.с. рекол: го опишувава се додека некој детал не ми остана нејасен, па ми е донесен Месџид близу и ставен покрај куќата на Акила во која гледав и така го опишував. Народот возвикна: што се однесува до описот, жими Аллах погоди.
 
Член од
25 септември 2010
Мислења
44
Поени од реакции
1
Во пренесувањето на Ебу Хурејре стои: Аллаховиот пратеник рекол:
Кога бев на хиџра покрај кабата се сеќавам дека курејшиите ме прашуваа за моето ноќно патување. Ме прашуваа за деталите на Бејтул Макдес во кои не бев сигурен, па исклучително се загрижив, така да толку никогаш се немам сагрижено, па Аллах ми го престави Бејтул Макдес како да гледав во него. Ништо не ме запрашаа а за тоа да не ги обавестив и се најдов во друштво на Аллаховите веровесници. Муса а.с. се клањаше а беше снажен и цврст како да е од племето Шенуе. Иса а.с. се клањаше додека најсличен од луѓето му беше Убне Ибни Месуд Ес-секафи. Ибрахим а.с. се клањаше а најсличен а најсличен од сите е вашиот алејхиселам лично – па се приближе времето за намаз и јас сам го предводев намазот. Кога завршив ми е речено: Мухаммед ова е Малик, чварот на џехенемот. Се свртив кон него и тој селам ми даде.
Ако се задрживе на анализата на сите овие хадиси се доаѓа до сознание дека пренесувањата дека пратениковото с.а.в.с. ноќно патување од Мека до Бејтул Макдес се сложуват иако зборовите на пренесувачите се разликуваат. Некои тврдат дека ноќното патување е направено повеќе пати. Некои децидно се изјаснуваат дека Мухаммед с.а.в.с. само еднаш е пренесан од Мека до Бејтул Макдес, другиот пат од Мека до небеските сфери, а третиот пат до Бејтул Макдес и од таму до небеските сфери. Задоволувајќи се со тие тумачености, мислат дека дојдоа до излезот од тие нејаснотии, меѓу тоа ова е многу чудно и далеку од тоа што го бележат првите генерации муслимани. Да се повторувало ова повеќе пати, Аллаховиот пратеник сигурно би ги известил своите следбеници, а тие тоа повторување сигурно би го забележале.

Значајно е на крајот да се спомене, врз основа на цитираните хадиси дека ова патување моѓе да се доведи во врска со единството на Аллаховата вера, од Ибрахим а.с. до Мухаммед с.а.в.с. како и врската на светите места за сите религии кои прокламирале монотеизам. Како да се сакало, навистина со ова чудно патување, некаква нераскинлива врска меѓу послеедниот Аллахов пратеник Мухаммед с.а.в.с. со пратениците пред него, како и врска меѓу светите места Мека и Ерусалим со највисоките небески сфери. А Аллах најдобро знае!

15.Аллаховиот пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека нема да се појави неред се додека Омер р.а. е жив, и така беше, Омер на секој неред му ставаше крај.

16.Божјиот пратеник, нека е мир и благослов божји со него, рекол дека Осман р.а. ќе биде убиен додека учи Куран, Али р.а. ќе биде убиен од најголемиот бедник од неговите современици и дека Аммар ќе го убијат група насилници. Тие тројца навистина погинаа онака како што опиша пратеникот с.а.в.с.

17.Божјиот пратеник Мухаммед с.а.в.с. нека е со него божјиот мир и благослов, ја најави појавата на лажниот пратеник во племето Секиф и појавата на опасни личности кои секаде ќе сејат смрт. И оваа претскажување се обвистинило како што најавил пратеникот с.а.в.с. Мухтар Ес-Секафи се прогласи за веровесник па намесникот од Басра, Мусаб Бин Ес-Зубејр против него војуваше и го уби во Куфа 67 хиџретска година/687 грегоријанска година. Личноста која секаде сееше смрт беше Хаџаџ Ес-Секафи кој умрел 95 хиџретска година/714 грегоријанска година.

18.Се пренесува од Умму Мабед дека Аллаховиот пратеник с.а.в.с. поминувајќи со своите другари покрај неа (додека го чувала стадото ) побарал да купи млеко или месо. Меѓу тоа таа ништо немала. Гледајќи една овца кој поради изнемоштеност изостанала од шаторот, праша дали оваа овца има млеко. Таа му одговори дека онаа е уште по слаба од останатите. А дозволуваш ли да ја помолзам, праша Аллаховиот пратеник с.а.в.с. Да, рече таа, ако мислиш дека има млеко. Тој потоа ја зеде овцата и ја врза, потоа ја помилува по вимето и таа почна да прежива. Потоа побара поголем сад и почна да ја молзо овцата се додека не го наполни садот и му го даде на своите другари, и сите пиеја се додека не се заситија. На крајот и тој го зеде садот и се напи. Потоа повторно намолзи млеко, го наполни садот и замина со своите другари. После тоа дојде мојот сопруг, па кпга виде млеко праша: што е ова Умму Мабед, од каде ти е ова молзнарка кога овците се сјајни а дома немаме млеко. Бога ми реков, помина од тука еден добар човек...... на прашањето да му го опишам, јас му го опишав......

19.Во муслимовиот Сахих се пренесува од Џабир р.а. кој вели: патувавме со Аллаховиот пратеник с.а.в.с. додека не стигнавме во долината Ејфух. Аллаховиот пратеник с.а.в.с. тогаш се тргна поради својата потреба, а јас го следев со сад со вода. Аллаховиот пратеник с.а.в.с. потоа разгледа околу себе и не најде никаков заклон. На работ на долината се наоѓаа две стебла, па Аллаховиот пратеник с.а.в.с. му пријде на едното, го зеде за гранките и му рече: појди со мене со Аллаховата одредба и стеблото навистина посде по камилата, по својот водич. Потоа појде по другото стебло кое исто така го зеде за гранки и му го рече она што и на првото, па и тоа појде по него, се додека тој не се најде на средина меѓу нив. Потоа Аллаховиот пратеник с.а.в.с. ги подесуваше се додека не ги состави говорејќи: покријте ме со Аллаховата одредба, и стеблата го заслонија пратеникот с.а.в.с. а јас се оддалечив, плашејчи се пратеникот с.а.в.с. да не го осети моето присуство.... кога се свртив, го видов пратеникот с.а.в.с. како доаѓа кон мене, а стеблата се раздвоија секое на своја страна. Тоа беше во времето на Алејхиселамовата хиџра од Мека во Медина.
 
Член од
25 септември 2010
Мислења
44
Поени од реакции
1
Додека Омер р.а. разговараше со муслиманите за битката на Бедр, за тоа како Аллах ги почести и му укажа на нивните непријатели на вратата на џамијата, наоружан со сабја се појави Умејр. Погледнувајќи го Омер р.а. рече: овој пес е Аллаов непријател, жими Аллах донел зло. Потоа Омер р.а. влезе кај пратеникот с.а.в.с. и го извести за тоа. Аллаховиот пратеник с.а.в.с. нареди да му го доведат... кога го виде, Аллаховиот пратеник с.а.в.с. рече: пуштете го, и Умејр се приближи кон пратеникот с.а.в.с. Што те доведе Умејре? Рече Аллаховиот пратеник с.а.в.с. Дојдов заради заробеникот кој е во ваште раце, рече тој. А што значи таа припашана сабја, искрени речи зошто си дошол! Само за тоа дојдов, рече Умејр. Аллаховиот пратеник с.а.в.с. рече: но ти си седел со Сафван и сте споменувале загинати курејшии на Бедр. Ти тогаш си рекол да немам долг сега би тргнал да го убијам Мухаммед. Твојот долг и твоето семејство го превзел Сафван, а ти си тргнал да ме убиеш. Аллах е препрека меѓу тебе и твоите намери. Умејр тогаш рече: Ешхеду Еннеке Ресулуллах – сведочам дека си Аллахов пратеник. Негиравме Аллахов пратениче за тоа што ни го доставуваше и што ти е објавено од небеските вести. Ова беше работа во која бевме упатени само јас и Сафван, па жими Аллах сигурен сум дека ова никој друг не можал да ти го достави освен Аллах. Благодарам на Аллах кој ме упати во Ислам. Потоа изговори Шехадет. Подучете го својот брат за верата, научете го да учи Куран и ослободете му го заробеникот, рече Аллаховиот пратеник с.а.в.с.
25.Кажување за освојувањето на Персија и Сирија.
Во Битката кај Ел Азхаб, асхабите копаа ровови и наидоа на карпа која се испречила. Аллаховиот пратеник с.а.в.с. зеде лопата и ја удри. Карпата истиот момент се претвори во куп песок. Додека ја удирал карпата Аллаховиот пратеник с.а.в.с. изговарал: Во името на Аллах, Аллах е најголем! Клучевите на Шам (Сирија) се мои. Жими Аллах ги гледам неговите палати во овие моменти. Кај другиот удар с.а.в.с. рече: Аллах е најголем! Персија е моја! Жими Аллах ја гледам во овие моменти белата палата Медаина. Тој и трет пат удри по карпата и рече: Аллах е најголем! Дадени ми се клучевите на Јемен. Жими Аллах од тука ја гледам капијата Санае.

26.Кажување за падот на кралствата Кисра (во Персија) и Цезар (во Рим)
Имам Бухари бележи од Ебу Хурејре р.а. дека рекол: Аллаховиот пратеник с.а.в.с. рекол: кога Кисра ќе го снема, после него нема да биде ниеден Кисра. Кога Цезар ќе го снема, нема да биде ниеден Цезар после него. Жими оној во чии раце е Мухамедовиот живот, вие ќе го трошите богатсвото на овие две кралства на Аллховиот пат. Овие настани се случија за време на хилафетот на тројцата халифи: Ебу Бекир, Омер и Осман. Двете кралства ги освоија мулимани, па богатството и на едното и на другото е потрошено на Аллаховиот пат.

27.Кажување за борбите и завистите меѓу припадниците на умметот поради дуњалучките богатства.
Имам Бухари бележи од Укбе Убн Амир р.а. дека рекол: Аллаховиот пратеник излезе со намера да клања џеназе на шехидите на Ухуд. Се качи на минберот и рече: јас ќе бидам ваш предводник и сведок. Гледам во племенитиот извор кој ќе ми биде даден, нема дилеми, мене ќе ми бидат дадени клучевите од сите светски богатсва. Жими Аллах не се плашам дека ќе обожавате некој или нешто освен Аллах, но се плашам дека ќе завидувате едни на други и ќе се борите меѓусебно за дуњалучките богатства.

28.Имам бухари бележи од Енес Ибн Малик р.а. дека рекол: го видов Аллаховиот пратеник с.а.в.с. за време на Икинди намазот, додека луѓето бараа вода за абдест но не можеа да ја најдат. Пратеникот с.а.в.с. нареди да му се донесе нешто малку вода и донесен му е сад со вода за абдест, па тој ја стави раката во садот и му нареди на луѓето да се абдестат од неа. Гледав како водата извира од неговите прсти, па луѓето земаа абдест се додека сите не зедоја.

29.Имам Бухари бележи од Ибн Хусајн дека биле со пратеникот с.а.в.с. на некое патување. Патуваа цела ноќ, додека дојдоја близу кај одредиштето, застанаа да се одморат. Изморени спиеја цврст сон се додека сонцето не се качи високо. Прв кој се разбуди беше Ебу Бекир р.а. Обичај било никој да не го буди пратеникот с.а.в.с. додека тој сам не се разбуди. Се разбуди и Омер р.а. па Ебу Бекир почна да говори Аллаху Екбер, подигнувајќи го гласот се додека пратеникот с.а.в.с. не се разбуди. Откако патувавме повеќе време, застана и не предводеше на Сабах намазот. Едеен од луѓето не се приклучи на намазот. После обавениот намаз, пратеникот с.а.в.с. го праша: па што те спречи да се клањаш со нас? Одговори: џинуп сум (нечист после полуција). Аллаховиот пратеник му нареи да земе тејеммум со чиста земја. После тоа човекот се клањаше. Аллаховиот пратеник ми нареди мене и на неколку други да одиме пред него. Страшно ожеднавме. По Патот поминавме покрај една жена која јаваше и нозете му беа поставени меѓу два мешини со вода. Ја прашавме: каде можеме да најдеме вода? Ни одговори: ох! Нема вода! Колку е одалечено твоето село од најблиското извориште со вода? Одговори: ден и ноќ одење. Рековме: ајде со нас кај Аллаховиот пратеник с.а.в.с. Праша: а кој е Аллахов пратеник? Ја доведов кај Аллаховиот пратеник с.а.в.с. иако не и беше по волја, па и него му го рече истото што и нас и додаде дека е мајка на сираче. Пратеникот с.а.в.с. нареди да се донесат и нејзините два мешини со вода, па направи отвор со својата уста. Како бевме жедни, пиевме се додека во потполност не ја угасивме нашата жед, а бевме 40 луѓе. Покрај тоа ги наполнавме и нашите мешини за вода. Но не ги напоивме нашите камили. Мешината на таа жена се уште беше полна како да ќе пукне. Пратеникот с.а.в.с. рече: донесете што имате од храна! Собравме нешто леб за таа жена. Кога се вратила меѓу своите соселани им рекла: сретнав еден од најдобрите маѓионичари или е навистина пратеник како што тие луѓе тврдеа. Возвишениот Аллах ги упати жителите на ова село преку таа жена. Го прифати Исламот како и сите други од тоа село.

30.Кажување за птицата
Имам Бејхеки пренесува од Ибн Месуда р.а. дека неговиот татко рекол: бевме на пат со Аллаховиот пратеник с.а.в.с. и поминавме покрај дрво на кое беа две мали птици во гнездо па ги зедовме. Мајката птица дојде до Аллаховиот пратеник с.а.в.с. мавтајќи со своите крила. Аллаховиот пратеник с.а.в.с. праша: кој ја ражалости оваа птица земајќи му ги нејзините млади? Одговоривме: ние. Аллаховиот пратеник с.а.в.с. рече: вратете му ги. Ги вративме малите птици во нивното гнездо, но таа не се врати.

31.Аллаховиот пратеник с.а.в.с. повикува палмино стебло кое го распознава неговиот глас
Имам Ахмед пренесува од Ибн Абас р.а. дека рекол: човек од Бену-Амира дојде кај Аллаховиот пратеник и му рече: Аллахов пратениче, покажими го печатот меѓу твоите плеќи, бидејќи сум еден од најпознатите медицинари. Аллаховиот пратеник с..в.с. му рече: сакаш ли да ти покажам знак? Човекот рече: да. Аллаховиот пратеник с.а.в.с. погледа во палмино стебло и му рече на човекот: повикај го гроздот датула (на палминото стебло), човекот го повика и гроздот датула дојде скокајќи на неговите раце. Аллаховит пратеник с.а.в.с. тогаш му рече: оди назад, и тоа се врати на своето место. Човекот тогаш рече: О Бену-Амире никогаш во животот не сум бил поблиску до некој маѓионичар кој бил толку вешт во својата магија од тој човек.
Во друго пренесување кое го бележи Имам Бејхеки, Ибн Аббас вели: човекот рече: О Бену-Амире! Жими Аллах, никогаш нема да му противречам и нема да го сметам за лага она што тој го кажува. Во пренесувањето кое исто така го бележи Имам Бејхеки, Ибн Аббас вели: гроздот датула слезе долу на тлото од палминото стебло и продолжи да скока се додека не дојде во раката на Аллаховиот пратеник с.а.в.с. Кога Аллаховиот пратеник с.а.в.с. му нареди да се врати, гроздот се врати на своето место на стеблото. Човекот рече: сведочам дека си ти Аллахов пратеник, и го прилмил Исламот.

32.Знак кој Џибрил а.с. му го покажал на Пратеникот с.а.в.с.
Имам Ахмед пренесува од Енес Ибн Малик, дека рекол: Џибрил дојде кај Аллаховиот пратеник с.а.в.с. еден ден, кога беше тажен и крвав откако го гаѓаа некои Мекајлии. Џибрил го праша: што е со тебе? Одговори: овие луѓе ми го направија тоа и тоа. Џибрил му рече: сакаш ли да ти покажам еден знак од Аллах? Аллаховиот пратеник с.а.в.с. му рече: да. Џибрил му рече: погледај во едно дрво од оние дрва на другиот крај од полјаната. Потоа му рече: повикај го. Аллаховиот пратеник с.а.в.с. го направи тоа и дрвото дојде чекорејќи и застана пред него. Џибрил му рече: нареди дрвото да се врати назад. Аллаховиот пратеник с.а.в.с. му нареди и тоа се врати на своето место. Аллаховиот пратеник рече: ова ми е доволно.

33.Имам Муслим бележи од Џабир р.а. дека кај пратеникот с.а.в.с. дојде некој човек и побара да му даде нешто храна. Му даде половина векна јачмен. Човекот и неговата жена заедно со своите гости јаделе од него, се додека не проверија колку остана. Се испостави дека останала количина еднаква на добиената количина (половина векна).
Отишол кај пратеникот с.а.в.с. и го информирал за тоа. С.а.в.с. рекол: да не го мереше, сеуште ќе имаше за јадење а преостанатиот дел би бил недопрен.
34.Мухаммед с.а.в.с. спиеше под стеблото на една урма. Се разбуди а над него стоеше човек со исукана сабка во раката:
-Мухаммед, кој ќе те спаси од мене? – праша.
-Аллах! Одговори тој. Дасуровата сабја падна на земја. Сега ја зеде пратеникот с.а.в.с. и праша:
-Добро, а кој ќе те спаси сега од мене?
-Никој. Ти си подобар од мене. – рече Дасур. Тогаш пратеникот с.а.в.с. рече:
-Ас имам повеќе право на ова од тебе.
-Сведочам дека нема друго божество достојно за обожување освен Аллах и дека ти си негов пратеник. – рече Дасур и стана муслиман. Станал еден од најискрените пријатели на Мухаммед с.а.в.с.
 

Eraser

S.... Seni Seviyorum
Член од
12 април 2010
Мислења
422
Поени од реакции
18
Не бе овие чуда се лага, никогаш не се случиле!!
Само од Исус Христос се вистина !!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom