Е ова е нешто 100% точно.Ова е најтинејџерското прашање кое до сега е поставено. Логично и многу нормално е дека вие прво ќе го видите потенцијалниот партнер по лик, а дури потоа, бајааги потоа, ќе се заинтересирате за неговиот карактер. Тоа е сосема природно бидејќи вие и да сакате не можете на старт да му го видите карактерот. Едноставен пример: седат двајца машки еден до друг, едниот е локумче, преубав... Другиот е просечен и не толку убав како првиот. Девојките секогаш, ама буквално секогаш прв ќе се залетаат кон преубавиот, и во тие моменти воопшто не станува збор за карактер. Така да мислам дека е излишно тоа што повеќе би избрале, кога уште во старт се гледа што е одбрано :wink:
Не бев свесен дека има девојки кои влегуваат во врска, без да очекуваат ништо од истата. Фала што ме просветли.Ако се избира за врска од која нема да очекувам премногу резултати ја бирам убавината. Карактерот е нешто што пресудува каква ќе биде врската, колку ќе се трудам околу него, колку време ќе одиме и каква ќе ни биде врската. Секако дека убавината е првото нешто што се забележува ама ако некој таков убавец седне до мене и ако пола саат гњави со тоа колку тој се грижел за неговиот изглед, или колку девојки има поминато ќе бидам фина и ќе го спуштам за 2-3 секунди.
:salut: