Што бараат атеисти на форум за религија?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Богот - ако веруваме дека постои и ќе го сметаме за христијански бог - е семоќен! Сказната е бесцелна со покажување на искушение да се види некаков си степен!
Сказната е длабоко продуховена, од која е изградена силна личносна релација „Творец-творение„.

Бог знае(л) што ќе одлучи Аврам, но Аврам можел да одбере и поинаков исход: да не постапи по Божјата волја. Бог не ја притискал волјата Аврамова на можниот исход, каков и да бил тој (исход).

Аврам Го одбрал Бога и не згреши(л) како Адам, одбирајќи го забранетото а не Бога.
--- надополнето: 8 март 2013 во 00:10 ---
Може пак сказната да е нешто сосема друго во врска со жртвувањето луѓе... кој да знае, мрачни се тие времиња...
На Бога не Му требаат човечки жртви, оти Он може да ја повика било која човечка душа на отчет, во било кое време, без крвави ритуали, на кои им се радува само демонот.

Бог бара милост, не жртва...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Бог бара милост, не жртва...
А сепак мораше неговиот Син да биде жртва, за да му прости на човештвото!
И после сликици....па се сопнуваш и се обидуваш да "станеш" бетер од тој на сликицата!

П.С. Човек не си ако постов не го цитираш збор по збор, цели реченици ќе ги сметам за навреда! И по можност со твоите бескрајно досетливи сатирични коментари од типот - "Вала Јо", "Ц" и слично.:coffee:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А сепак мораше неговиот Син да биде жртва, за да му прости на човештвото!
.
Исак сепак не беше жртва: жртвата се случи на крстот на Голгота.
Исак не беше жртва за човештвото, туку Христос, синот не Аврамов, туку Синот Божји.
--- надополнето: 8 март 2013 во 00:46 ---
П.С. Човек не си ако постов не го цитираш збор по збор, цели реченици ќе ги сметам за навреда! И по можност со твоите бескрајно досетливи сатирични коментари од типот - "Вала Јо", "Ц" и слично.:coffee:
По бе...:sneaky:
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Исак сепак не беше жртва: жртвата се случи на крстот на Голгота.
Исак не беше жртва за човештвото, туку Христос, синот не Аврамов, туку Синот Божји.
Па за Исус зборев! :facepalm:
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Е да, "По бе" заборавив да го споменам, тоа ти е еден од појаките аргументи! Те молам не го изоставај и "Вала јо", нема дубина духовната логика без него.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Е да, "По бе" заборавив да го споменам, тоа ти е еден од појаките аргументи! Те молам не го изоставај и "Вала јо", нема дубина духовната логика без него.
Паша зоти...:unsure:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
Диши Мики1... сказната е можеби продуховена и лика прилика на рабините и нивната моќ да сокријат сешто во 3 збора, но христијаните не се ни 3% од тоа! ;) Види ги какви се... дури и на паганите им ја уништуваат ритуалната пракса сеуште обидувајќи се да ја присвојат за своја, да ја деградираат бидејќи немаат ништо со еврејскиот закон кој така лагано си го презедоа како да е тоа... плукни залепи... Личносна релација ако си градиш со ликови кои веруваш дека постојат... за кај ќе биде светот? Мислам види кај е светот само... со вакви личносни дејанија со богови во кои верувате и се надевате...

Тој бог сигурно знаел и дека јас ќе дојдам... :D Но сигурен сум дека не знаел дека ќе излезат христијаните и ќе се поделат на 22 000 фракции (по 2000 за секоја еврејска буква)! Тоа ни Молох не го знаеше, најмудриот од сите паднати... зезната работа е човекот. Владее...

Твоите Богови бараат крв, и тој назореј бунтовник бараше римска крв но ја проли својата од премногу брзање... а тебе ако ти е помило да веруваш дека боговите бараат свеќа и едно чудо философија за да ти им покажеш на другите како твојата вера е вистинска (како може бре вера да е вистинска?? :cuc:) , нека ти биди. Секако не сите ќе бидат спасени од еврејскиот бог нели! :facepalm:

Е така... :)

P.S. И почнете да ја давате вашата крв, не сте ја затвориле во таа мешина од кожа и месо и коски кои скапуваат! Богот чека... христијани! :mad:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
Највероватно...Секирата е при коренот.
Почнаа и атеисти да се надеваат дека сеќирчето на тој ваш бог или богови е веќе покрај трупците, после милионските препирки помеѓу различните религии кои врескаат:
Јас сум вистина, јас сум вистина!
Ама чекај ти не си пред мене, после мене си!
Да,а ма кај тебе кажаа за мене... ваааа мојот бог е поголееем...

Па каде така? Ова стана 31 дел од End of Days! Ајде, собирајте парталите и одете таму , во тој друг свет, middle-earth или што и да е...
Ама аман доста е... досадно е!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
...а то е типична нихилистичка девиза...
Што е битно, досадно е... невистина е за голем број луѓе... затоа атеистите се тука... малку да продискутираме со нови фрази барем, ако можете :) Да се смени...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Што е битно, досадно е... невистина е за голем број луѓе... затоа атеистите се тука... малку да продискутираме со нови фрази барем, ако можете :) Да се смени...
...ништо ново нема под Сонцето, а што би било вредно за дискусија...
...освен првото Христово доаѓање....
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
...ништо ново нема под Сонцето, а што би било вредно за дискусија...
...освен првото Христово доаѓање....
Ако Мики, верувај си во тоа и твоите ценети претци веруваа „како доаѓањето е блиску“ па си умреа...
Но не ми зборувај со тон како да знаеш или како да е тоа вистина. Ти веруваш дека е вистина, а тоа е далеку да нештото е вистина. Зборуваме за верување во бог кој што не се знае дека постои... а ти ми зборуваш за доаѓање! :pipi:
Се додека веруваш ок, лошо е да почнеш со умот да мислиш дека тоа е вистина. Се создаваат психички проблемчици така...

Немој...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ти веруваш дека е вистина, а тоа е далеку да нештото е вистина. .
Во Црквата, нема „рампа„ помеѓу верувањето и знаењето. Ако верувам, значи и дека знам.
--- надополнето: 8 март 2013 во 18:49 ---
. Се создаваат психички проблемчици така...
.
Да, се создвават. На пример, можиш живото да си го потрошиш верувајќи дека само еднаш се живее, а после смртта, нема ништо...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom