Што бараат атеисти на форум за религија?

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Прашањата се излишни.
Католичката црква е носител на духовноста христијанска.
И последна одбрана пред наездата на лажни пророци,чеда сатански и крадци на души.
Се друго е од оној...да не му го споменувам името...

Тоа значи дека Чорбаџија,Мики и Александар-1987 се заведени души на погрешен пат.

Време е за покајание...
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
За да влезеш во религија ти треба членска книшка - треба да се пишиш православен, католик... Треба да плаќаш редовна членарина (свеќи, масло, крштевки, венчавки) за да функционерите возат скапи коли и да најмуваат обезбедување. Тие, функционерите, не прават ништо освен што (1) даваат лажни ветувања, за да го добијат гласот на широките народни маси и (2) ги напаѓаат своите неистомисленици.

Како е религијата различна од политиката?!?

Како религијата не е пропаганда?!?

Кој си ти за да зборуваш во името на останатите верници? На форумов пишувате еден католик, еден православен, еден новоправославен или правоправославен - не знам како се викаат и еден пропаганда-мојстер, Чорбаџи, кој е, ако не се лажам, протестант креационист.

[B]Чии ставови ти тоа ги пренесуваш[/B], кога вие 4-ца „христијани“ не можете да се сложите за ништо. ВМРО-Народна, ВМРО-Вистинска, ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Македонска. ...и тачно ми е јасно кој е у која пратија.
Ако си разумен ќе го прифатиш одговорот како логичен. Ти зборувам за Католичката црква, а мисалам дека и правславните со тоа ќе се согласат. Ако имат примедба, нека се дистанцират од овој исказ.

1,- Радосната вест, навестена од Исус кој е Христос, пренесена од Неговите апостоили, преточена во теологијата на Католичката и Православните цркви од една страна и наведими која политичка партија во својата програма ја имаа оваа Радосна Вест и истата може да ја исполни?
Споредувањето на есхатологијата со времена власт, за одредено време - нема споредба.

2,- Верата во Господ Исус Христос и пренесувањето на Радосната Вест, не е пропаганда од едноставна причина ако тоа е пропаганда, а не верување, човекот со тоа не добива никаква милост пред Бога, туку напротив осудување. Теологијата не е пропаганда, туку наука која може да се познава но не е битна за спасение на душата. Битна е верата. А за да веруваш не мораш да знаеш теологија.

3,- Јас не одговорив во името на СИТЕ католици, правосалвни, протестанти, муслимани. Јас одговорив во мое име, а тие што не одговориле, тоа е нивно право. Можеби си мислат дека нема смисла да одговарат на вакви прашања.

4,- Тоа ти го одговорив во воведот.
 
С

сашенко

Гостин
Јоан бате тоа е све ок ти што викаш, за све имаш одговор ОК си читал ти признавам.Кажи ми за верата.Не верувате сите во исто.Убо ти рече човекот, исто сте ко ВМРО НАРОДНА, ВМРДО ДПМНЕ, ВМРО ваква, онаква и уште којзнае не каква.Сите од едно нешто сте учеле и сите во ист бог "верувате".Зошто толку различни варијатни, зошто толку различни адети, верувања и триста срања?Нели во исус верувате? Зошто на различни работи го толкувате? Велиш неможеш да одговориш за сите верници ама брат нешто тука не штима во целава приказна штом различни луѓе различно го сватиле.Зошто секој различно го толкува?Тоа е лошо смислена приказна очигледно или пак многу по логично е дека некој добро ја смислил али времето помина и сега се други времиња, друг народ, други вредности и тука веќе нема религии него политички партии тука се парите сваќаш?Религијата ваша сите си ја менувате, си ја вртите на кај ви одговара вас, ок ти сигурно не ја вртиш одамна ја свртеле некои други за тебе..Али сега се врти како рингишпил целава работа а ти упорно седиш и не сакаш да се симнеш.Ке се откинете еден ден од основата и ке одлетате во облаци сите осеќам ја убаво ама ајде терајте ја по свое...Или пак ке снема струја и рингишпилот ке престане и ке се освестите сите.За убо ти зборам.Нема смисла целава работа..некој си играл курташак и сега уште боледувате од тоа, стара финта нова будала излегува работава.Освести се и погледни го светот околу тебе, види ги верниците ваши во што веруваат и што прават и многу работи ке ти станат јасни.Се некои предвидувања, се некои распаѓања на светот и божји казни не стигале а зад целата таа работа некои си седат и си се смејат слатко и си полнат сметките банкарски со милиончиња.Верувајте, плаќајте данок на црквата наместо на државата од каде лебот ви иде (колку толку), водете инат и солете памет по форуми ама јас се кладам во што сакаш дека сите вие што пишувате овде т.е copy-paste техника што применувате ништо од ова го немате во себе во реалност.Дали вашата силна верба ја применувате како прав верник надвор од форумов или само се силите овде.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
1,- Радосната вест, навестена од Исус кој е Христос, пренесена од Неговите апостоили, преточена во теологијата на Католичката и Православните цркви од една страна и наведими која политичка партија во својата програма ја имаа оваа Радосна Вест и истата може да ја исполни?
А што исполнија црквите кој ги спомена? Олицетворение на лицемерие, цинизам и ширење лажна надеж! Програмирање на масите дека да си понизен и беден било нешто благословено, додека истите тие кои го промовираат тоа живеат удобен живот, се возат во мерцедеси, тргуваат со хотели, злоставуваат деца....! За тебе ова е радосна вест нели? Човештвото сега ќе беше најмалку 1000 години понапред да не беше религијата!
2,- Верата во Господ Исус Христос и пренесувањето на Радосната Вест, не е пропаганда од едноставна причина ако тоа е пропаганда, а не верување, човекот со тоа не добива никаква милост пред Бога, туку напротив осудување.
Ја видовме милоста божја во многу примери! Суров и безмилосен деспот, кој ги третира луѓето како аквариумски рипчиња, и ги лаже и казнува кога ќе ја одкријат неговата лага.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
За Сашенка,
За да ти одговорам, прво треба да се расчистат одредени работи.
Основно: АТЕИСТИТЕ од зајадливост и потсмев прават смешни работи по нив. Велат дека христијанството, ПОД ХРИСТИЈАНСТВО СЕ ПОДРАЗБИРА САМО УЧЕЊЕТО НА КАТОЛИЧКАТА И ПРАВОСАЛВНАТА ЦРКВА, протестантизмот, јудеизмот, муслиманството се едно исто. Оваа и вакви изјави само ако не се потсмев и понижување, тогаш кажуваат дека постирачот,извини на изразот НЕМА ОСНОВНА КУЛТУРНА НАОБРАЗБА. Неговата наобразба и култура се на такво ниско ниво, што не заслужува одговор.
Ако си заинтересиран за озбилна дискусија, тогаш напред. Јас ги претставувам ставовите на Католичката црква, и не ме интересира муслиманството, будизмот, јудеизмот, протестантизмот или ставовите на Православната црква. Така како што реков, незнам на кој беше, може да се виде погоре, не МЕШАЈТЕ БАБИ И ЖАБИ.
А за ваша култура, а можеби и запознавање на некои работи нои не ви се познати, сите вие атеистите, по мој личен став сте добродојдени на форумот за религија, но не можете на да кажеме од муслиманин да барате одговор за Гопод Исус Христос, ниту пак од христијанин да барате споредување на Мухамед со Исус Христос.

--- надополнето ---

Човештвото сега ќе беше најмалку 1000 години понапред...
Да ти откријам една тајна. Јас сум пушам цигари, и велат дека пушењето цигари го скратувал животот на половина. Замисли да не пушев цигари, сега ќе имав 70, не 80, не 90, не можам да пресмета, но дупло повеќе одколку што имам сега. Колку ми го скратиле животот овие цигари. Дали си размислувал за тоа?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1,- Радосната вест, навестена од Исус кој е Христос, пренесена од Неговите апостоили, преточена во теологијата на Католичката и Православните цркви од една страна и наведими која политичка партија во својата програма ја имаа оваа Радосна Вест и истата може да ја исполни?
Споредувањето на есхатологијата со времена власт, за одредено време - нема споредба.

2,- Верата во Господ Исус Христос и пренесувањето на Радосната Вест, не е пропаганда од едноставна причина ако тоа е пропаганда, а не верување, човекот со тоа не добива никаква милост пред Бога, туку напротив осудување. Теологијата не е пропаганда, туку наука која може да се познава но не е битна за спасение на душата. Битна е верата. А за да веруваш не мораш да знаеш теологија.

3,- Јас не одговорив во името на СИТЕ католици, правосалвни, протестанти, муслимани. Јас одговорив во мое име, а тие што не одговориле, тоа е нивно право. Можеби си мислат дека нема смисла да одговарат на вакви прашања.

4,- Тоа ти го одговорив во воведот.
1. Каква радосна вест тоа исполнила католичката црква? Секоја политичка партија ветува „Радосна вест“ која втува дека ќе ја исполни. Ретко која тоа и го прави. Католичката црква не е исклучок, туку напротив, лидер во неостварувањето на својата „радосна вест“ - 2000 години мачка очи со иста лага тнр. „Радосна вест“.

2. Бујрум дефиниција за Пропаганда. Секоја религија мора да се пропагира и шири. Католицизмот е пропаганда-ветеранот. Не заебавај.

3. Ако зборуваш во име на христијанството и Бог, како го објаснуваш неговото повеќегласие? Од каде толку варијанти на вечната вистина на Јахве?!?

Религиите се академии за манипулација и менторите на политиката. Тие се прирачници за заведување и изнудување покорност од своите субјекти. Лажни ветувања кои никогаш не се, ниту некогаш ќе се остварат. Целата човечка историја е преполна со митови и фолклор од кои хриситијанството воопшто не се разликува.

Ниту една религија (околу 5000 so far), никогаш досега, не исполнила ниту едно од своите ветувања. Не исполнила ниту една „Радосна вест“ и ниту еден „Страшнен Суд“.

Само лажат. Ништо друго.

--- надополнето ---

Да ти откријам една тајна. Јас сум пушам цигари, и велат дека пушењето цигари го скратувал животот на половина. Замисли да не пушев цигари, сега ќе имав 70, не 80, не 90, не можам да пресмета, но дупло повеќе одколку што имам сега. Колку ми го скратиле животот овие цигари. Дали си размислувал за тоа?
Хмммм... Мислам дека тука има крива логика, друже.

Нема да си имаше 70, 80... туку исто толку колку што си имаш сега.

Околу ова со Католици, Православни, протестанти, сведоци, адвенти, правоправославни (Аце), баптисти, лутеранци, мормони (да, и тие ви се у друштво) и останатите 200-300 тековни, не ти е малце смешно?!? Бараш од атеисти да ги владеат сите делби и караници на верниците овде кои тврдат дека се молат на исти бог - Јахве (тука се и муслиманите и евреите, by the way, и ти тоа добро го знаеш), а ни вие самите не можете да се договорите кој е кој и што е што.

И све тоа 2000 години.

И нема Радосна вест.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да ти откријам една тајна. Јас сум пушам цигари, и велат дека пушењето цигари го скратувал животот на половина. Замисли да не пушев цигари, сега ќе имав 70, не 80, не 90, не можам да пресмета, но дупло повеќе одколку што имам сега. Колку ми го скратиле животот овие цигари. Дали си размислувал за тоа?
Што мешаш баби и жаби?! Да не сакаш да кажеш сега дека и цигарите не се штетни?!
Периодот познат како "Dark ages" траел цел милениум, за тој период науката, прогресот, слободата на размислување....биле само пуст сон!! Тоа неможеш да го негираш! Како што неможеш да го негираш фактот за уништувањето на културите со кои дошло во контакт христијанството, како што е примерот со маите, инките и сличните култури во средна и јужна америка!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom