Што ако не ја прифаќаат вашата врска?

Ч

Чек Он Ит

Гостин
Имав јас ваков случај и сум им благодарна на моите родители што дирекнто ми вршеа притисок да ја прекинам врската.

Тој беше големиот дечко за кого наоколу се слушаа многу лоши муабети. А јас малата паметна девојка, која беше лудо заљубена во пропалитет ... дури сакав невеста бегалка да идам. :vozbud:
Не ги гледав негативните работи, бев заслепена, а дека сум го сакала - највеќе!
Бев притисната од две страни ...
На едната моите родители, тие што ме створиле, тие што сакаат се најдобро за мене и се со мене целиот мој живот ... на другата дечко кој што го знам само 5 месеци, и за кого ни јас не сум уверена дека е толку добар како што ми се прикажува!
Кога му го кажав муабетот со притисокот од страната на моите, не бев сфатена ни најмалку. Секој ден стануваше се потежок за мене ... На крајот раскинавме, не заради притисокот, туку заради тоа што сфатив дека моите родители навистина биле во право што ми збореле секој ден, од ново - истите муабети. Сара не е за тебе, ти заслужуваш некој многу подобар, некој што се однесува многу подобро спрема тебе. Не смееш да се гледаш со таков човек, за твоето добро збориме!

И искрено сакам да им се заблагодарам што на време ми укажале на моите грешки и не ме оставиле да целам во празно!

По раскинувањето бев во депресија, бев тажна, плачев секој ден константно, се откажав од многу работи и подоцна сфатив дека тој беше тој што ме уништи психички, а не моите родители.

Значи сепак биле во право, некогаш треба убаво да ги погледнеме работите од сите аспекти. Водев инат, а колку повеќе време поминуваше јас се повеќе патев од него. Помина време дури да сфатам самата дека јас за него сум била само една од многуте, играчка. Он Дај ми - јас На ти!

Тој сега е женет, чека дете ... Му бев на свадбата, верувале или не (Глупа, од љубов патев). :tapp:

Значи сепак некогаш треба да размислиме кога родителите ни укажуваат околу нешто. Сигурно не би ни мислеле лошо.

Во ред, има и родители кои што се заслепени од статусот во општеството (принцеза со клошар никако!), за ова мислам дека не се во право и во случајот со девојката. :toe:

Секогаш има и вакви и такви родители, само треба самите деца да се трезвени и самите правилно без никакви сугестии од родителите да ја донесат правата одлука.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
не ми се верва дека уште постојат вакви родители :uvo:. Јасно дека секој родител сака да му помогни на детето ама веќе тој да почни да одлучва за детето, шо уствари не е веќе дете е студент е веќе изградена личност, е претеризам. Да има 10 години да се дружи со лошо друштво па да му забрани да во ред е то. Ама тука веќе чупето има 20 и кусур години, заљубено е, дечкото баш не е лош чоек, работи се грижи за фамилија .... е сеа требало да биди син на доктор или адвокат или не знам шо :uvo::uvo: до кога вака ќе размислуват :uvo: ... не знам не ми е јасно шо мисли му се вртат на ваквите луѓе в гла :toe:
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Ова ви е секојдневно во Шпанските серии:tv:
 

МнмлЧупе

Форум зависник
Член од
9 јуни 2009
Мислења
92
Поени од реакции
6
Абе секој си има право да си го живеј животот ко шо сака. Нормално дека родителите треба да му укажат на детето шо чини шо не чини ама во овај случај не е така, тие одлучуват наместо неа и зато сеа чупето се испусти а дечкото почна да си го средва животот. Јас да бев на местото на мајка му и татко му никогаш немаше да си го простам ова (т.е. никогаш немаше да го напрам то нешто за да дојди до кааење после) јбг се има по светот... :toe:
 
Член од
15 јуни 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
cc

pa milsma deka nikoj ne moze da se mesa vo edna vrska,treta li4nos sekogas stvara prolemi
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Нема човек на светов кој би прифатил да го издржува жена, посебно не маж, посебно не Балканец. Според тоа, кога се парите во прашање и баш ситуација девојката да ги има повеќе - лошо е. Не велам дека не може да се роди љубов и да трае и да се почитуваат и снаоѓаат во врската, но еден ден, после многу години, кога ќе се во брак, ќе пукнат тешки проблеми. Мала ми е веројатноста такво нешто да успее.
Плус мислам дека девојката се решила да го остави дечкото затоа што потсвесно и сама си го знае тоа. Колку што гледам, родителите не ја затвориле и не ја врзале дома, туку само и се мешале. Ако сама верувала во нивната врска, ваљда нема да ја прекинела. Е сега се упропастила да, ама па може да боли и вистината, кога самиот знаеш дека сакаш и знаеш дека таа љубов нема иднина на овој свет. И тоа може да те направи алкохоличар и да те фрли во неизлечива депресија.
Како и неколку тука, јас само сум против начининот на кој родителите ја малтретирале. Требале да разговараат за да ги сфати, па после нејзината одлука да ги има како поддршка, во овие за неа претешки моменти.
 
Член од
28 септември 2008
Мислења
10
Поени од реакции
0
mesanje na roditeli vo vrska

aj bash da vidam....na kolku luge roditelite im se mesale vo vrski i zosto e bilo toa taka....i dali ima resnie ili ne!!!!
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Имам таква врска моментално..
Бев приморана да ставам крај, колку и да се противев, но ако сте навистина убедени дека ја добивате потребната љубов, би требало да не се откажувате.
Go ahead. Нека ви забранат да се гледате со него/неа..
Мене ми беше исто, забрането се. Мобилен -земен, компјутер без дозвола никако.. па што? Љубовта е посилна од таквите размислувања од 16 век.
Да ве затворат, врзат ..не можат. Ќе излегувате со друштво.. ќе се обидете да се снаоѓате.
Како главен виновник го наведуваат секако него и измислуваат секакви недостатоци кои ги нема. Секогаш ни мислат најдобро, но не и со нивните решенија.
Само ако вашиот партнер и вие сте способни да се гледате, макар и помалку од потребното ќе успеете во се. Грешката е што родителите ги инволвираме во нашиот приватен живот премногу и затоа речиси го губиме сопственото `јас`.
Си зедоа за слобода да ми ја избришат секоја порака од него на мобилен што ја чував, секоја слика која што ја имав со него... Се. Гневна сум и бесна, ама ќе го затскривам тоа лице.. Само се водиш под `ако се сака-се се може`.. и можеш да успееш.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Нормално дека нема да ја прифаќаат vашата врска. Да ми донесе ќерката некој бубуљичав или со пирс или со некоја чкарт црна маица, да не личи на чоек, нормално дека нема да ја прифатам врската, ќе го кренам на клоци и него и неа.
Особено ако не сум направил муабет со татко му за иднината на децата.
Син да донесе некоја пачавра(во тоа влегува било која која би сакала да има нешто со син ми) ќе му речам, супер сине, поеби дур ебеш, еден ден и саглам некоја ќе си најдеш, ако не тато ќе ти најде.
Не знам што има толку необично во сево ова.
Има некои традиции кои треба да бидат почитувани.
 
?

..........

Гостин
Гајле ми е, не живеам за народот.
а за родителите, за среќа имам добри либерални и разбрани родители.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Овде на Балканов 90% од врските се со благослов од родители, ако немате од дома дозвола тешко дека ќе успеете, ова се случува од причини што никој не сака да се спротивставува и да оди против сите за една личност, колку и да е љубовта јака на крај се се сведува на таа дозвола од домашните, или ја имаш или ја немаш, сите се зависни од родителите денес тешко да најдеш младич кој опстојува сам, сите живеат во "хармонична" заедница со родителите, токму поради ова и никој не сака кавги во куќа и сите сакаат да се сложуваат зетот/снаата со домашните "животни".
 
Член од
14 јуни 2009
Мислења
147
Поени од реакции
21
Нормално дека нема да ја прифаќаат vашата врска. Да ми донесе ќерката некој бубуљичав или со пирс или со некоја чкарт црна маица, да не личи на чоек, нормално дека нема да ја прифатам врската, ќе го кренам на клоци и него и неа.

Има некои традиции кои треба да бидат почитувани.
хахахаа добро е ова...и донегде се слагам со тоа...ипак друго е за ќерка, друго е за син...него ако ти донесе ќерка ти (која више напунила 21 и не е мала магарица) спастрен, фин, лепушкаст момак од друга етничка и религиска заедница...што ќе праиш?
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
142
Поени од реакции
14
Па не сите но поголемиот дел од родителите се мешаат во нашите врски за наше добро, сигурно не за да ни наштетат. Само ние секогаш водиме инает и одиме контра нив, само за да им докажеме дека не се во право, и колку ние си се сакаме со партнерот. Некогаш кога сме слепо заљубени едноставно не ги гледаме негативните страни на тој што го сакаме... или ги гледаме но веруваме дека ќе се сменат на подбро... но сепак мислам дека размислуваат порационално од нас бидејќи сепак се постари и поискусни... но ние секогаш си тераме по свое... додека не искусиме на наша кожа не ни иде памет тоа е...
:tapp: а на некои никогаш не им иде памет (јас спаѓам тука) :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom