Што ако вашиот партнер е стерилен?

Член од
5 февруари 2010
Мислења
290
Поени од реакции
58
Во случај партнерот да биде стерилен, ако тој е вистинскиот тогаш има многу подобри решенија отколку разделбата. Тука е посвојувањето на деца или пак вештачкото оплодување. Се може да се постигне доколку се сака, со компромис и разбирање. Нормално дека е тешко кога не можете да оставите заеднички биолошко потомство, но родители се оние кои го одгледуваат детето, а не оние кои му дале живот. Зошто на крај и краеви му даваш живот ако не си способен да направиш од него личност од која општеството има потреба? Да бидеш жив не значи само физички да си присутен, но да не се оддалечувам од темата.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Што тогаш? Дали би го оставиле или би нашле заедничко решение...
Дали оваа ситуација би ги променила вашите чувства спрема него/неа?
Или пак што ако вие сте тие кој што страдате од импотенција. Дали тогаш ке го оставите партнерот со цел да не страда, да си ја има таа можност да има деца кога веке му е дарена од Бога?

п.с Ако има ваква тема тогаш слободно у рисајкл бин нека оди ваа...
Ако партнерот ми е стерилен, би зборела со него или за вештачко оплодување со сперма од донатор, или посвојување. Не гледам што е толку трагично во све ова. А ако јас сум стерилна, би видела он како размислува. Ако не ни помисли на двете можности на кои јас помислив, тогаш мислам дека не е вреден да остане со мене, он не е со мене ради самата јас, туку ради децата кои би ги имал со мене. А јас кога бирам партнер, пред се го бирам ради него самиот, а не ради други работи што отпосле ќе бидат важни.
 

Sandra

wicked
Член од
24 август 2005
Мислења
1.490
Поени од реакции
224
Da ostam nekogo zaradi toa sho e sterilen nema shansi. Ako navistina go sakam tolku mnogu nema da mi smeta toa. Ima drugi nachini za deca, ne treba bash od nego da bidat ako e taka. Oti ako go svrtime prashanjevo. Koe zensko bi sakala da bide sama ili ostaena za toa sho nemoze da dobie deca? Nikoja.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.838
Поени од реакции
20.304
Доста осетлива тема, машкиот стерилитет е малку поскокотлива тема од женскиот, кога жена е стерилна има и некои опции да се излечи, вештачки да се оплоди со ин витро, арно ама маж... тука доаѓаат фрустрации кога ќе стане збор за темата деца, ние како човечки суштества колку и сексот да го сметаме покрај оплодување и како задоволство, сепак онаа исконска цел на секое машко/женско битие е да има пород нешто што ќе го наследи јбга сите сме така склопени тоа ни тече на сите во гените, не сум информирана толку многу како и кои методи се употребуваат за лечење на машкиот стерилитет арно ама никому и не го посакувам тоа, самата ситуација во која му се става на човек до знаење дека неможе да си има нормлано по нормален пат свое чедо по тешко друго неможе да е, но за жал стерилитет секоја година е се поголем како кај жените така и кај мажите.
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
теоретски сите знаеме да бидеме јаки со зборовите и со идејните решенија но во пракса е секогаш поинаку...кога нас лично ке ни се деси се она што сме го мислеле претходно паѓа во вода.....кога фрустрациите од неможноста едниот од партнерите да има потомство ке се наталожат и избиваат на површина ретко кој успева да ја гледа љубовта....а кога ке замешаат прсти и другите од поширокото семејство е тогаш е премногу :notworthy:

...патем не сме сите Весна Петрушевска па да може да си избереме најбели и најчисти дечиња за посвојување :tapp:
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
За почеток, чисто процедурално околу насловот. Стерилни можат да бидат медицинските инструменти, но никако и човекот. Не постои стерилитет, туку неплодност.

Стерилност не само што е груб збор, туку алудира на нешто кое е непроменливо и дадено засекогаш. А конкретно на ова поле, во последните 20-25 години, медицината е толку многу напредната, такашто во голем број ваквите потешкотии се решливи, само треба човек да остане позитивен и истраен. Поради тоа и не треба да биде причина за разделба со партнерот, туку повод за уште поголема блискост, поддршка и топлина. Се разбира, ова само под услов партнерот да е одбран поради него/неа самиот како личност и човечко битие, а да не бил одбран како објект или како $$$.

Благодарна сум на животот што не ме исправил очи во очи со ваков животен предизвик, иако, можам само да се обидам да замислам во каква емотивна состојба би биле оние кои се нашле во ваква ситуација. Првичното чувство на беспомошност, на доживувањето на личен пораз, за тотално животно промашување, страв, напуштеност, осаменост, себеокривување, себесожалување итн. Овие се многу болни состојби кои, за жал, грото од среќницитене ги разбираат или не сакаат да ги разберат. Додуше има и такви (повеќето) кои сакаат да бидат зачин во манџата или да го пикаат носот насекаде. Од таа причина, знам остро да реагирам кога сум сведок од страна на таква ситуација, па макар и сум била незасегната. На тие што не знаат каде им е местото, треба да им се покаже каде треба да седнат ........ и да траат.

Со една пријателка, среќна мајка на две дечиња, паднавме на муабет околу раѓање, поточно околу породилни болки, колку и дали навистина боли. Го заврши муабетот со реченицата: „Нема поголема болка од таа да го носиш, да го изгубиш и потоа да чекаш повторно да ти се насмее“. Сурово реално. Ретко нешто може од прва и во една секунда така да ме здрви.
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
luge svesni li ste sto zboruvate....kolku i da e golema ljubovta,chovekot se raga i postoi za da podocna vo zhivotot ima svoi deca .....sterilitetot e nesto sto ne se leci ma kolku i da e medicinata napredna toa e trajno.....sto ke pravite ke posvojuvate dete?a vie ste sosem zdravi ....ne sum sigurna bash deka znaete sto zboruvate....da imas svoe dete e blagodet najnajubavoto nesto sto ti se slucilo vo zivotot ....pokraj ljubovta kon svoeto dete site drugi ljubovi ke ti se cinat smesni....koj ne bi sakal da go iskusi toa.....SEPAK VELAM POSTOJAT RAZLICNI MISLENJA NO MOE E DEKA NE E BQASH TAKA LESNO KAKO STO VIE GO OBJASNUVATE
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Море теоретичари.... Сите не би ги оставиле партнерите (мало морген). Кога ќе се најдете во таква ситуција друга песна ќе пеете. 1000 пати ќе си речете „налет...кај го/ја најдов“
Се гаталци, ниеден паталец не прочитав.
Да ги ставиме настрана траумите и нервозите (и кај двајцата партнери) велите има решение. Ај да видиме кои се тие и дали се така едноставни.

1. Велите има ин витро. Да има. Од прв обид 10-15% успех (ако ја имате таа среќа, и пари секако) да одите во институција надвор од државава. Во некои случаи дури ни од 6,7 обиди не успева. А дури во некои случаи (зависно од причината) не е ни возможна.

2. Велите има посвојување. Да има. Ако имате доста пари и живци и познати секако. А и кога ќе посвоите (ако успеете), не знаете што сте посвоиле. Дали тоа дете е здраво и дали имама некакво „лоши“ генетски предиспозиции.
 

LGBT

Weird
Член од
20 јули 2011
Мислења
329
Поени од реакции
157
Море теоретичари.... Сите не би ги оставиле партнерите (мало морген). Кога ќе се најдете во таква ситуција друга песна ќе пеете. 1000 пати ќе си речете „налет...кај го/ја најдов“
Се гаталци, ниеден паталец не прочитав.
Да ги ставиме настрана траумите и нервозите (и кај двајцата партнери) велите има решение. Ај да видиме кои се тие и дали се така едноставни.

1. Велите има ин витро. Да има. Од прв обид 10-15% успех (ако ја имате таа среќа, и пари секако) да одите во институција надвор од државава. Во некои случаи дури ни од 6,7 обиди не успева. А дури во некои случаи (зависно од причината) не е ни возможна.

2. Велите има посвојување. Да има. Ако имате доста пари и живци и познати секако. А и кога ќе посвоите (ако успеете), не знаете што сте посвоиле. Дали тоа дете е здраво и дали имама некакво „лоши“ генетски предиспозиции.
Види пак, моите се каат што не посвоиле туку ме родиле мене. Тоа веќе низ носот ми го извадија. Велат посреќни би биле со посвоено дете, немало толку „нервите да им ги искине“. Сега што правиме? И, верувам дека врз карактерот на детето влијае и околината, а не само гените. Како ќе го научиш од мало, така ќе биде. Каков пример ќе следи, кои принципи ќе ги има - не зависи од оние кои го родиле туку од оние кои го одгледале и му пружиле дом.

А на темава излишно е да коментирам, јас ќе посвојам секако.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Види пак, моите се каат што не посвоиле туку ме родиле мене. Тоа веќе низ носот ми го извадија. Велат посреќни би биле со посвоено дете, немало толку „нервите да им ги искине“. Сега што правиме? И, верувам дека врз карактерот на детето влијае и околината, а не само гените. Како ќе го научиш од мало, така ќе биде. Каков пример ќе следи, кои принципи ќе ги има - не зависи од оние кои го родиле туку од оние кои го одгледале и му пружиле дом.

А на темава излишно е да коментирам, јас ќе посвојам секако.
Јас сум го поминал тоа и знам како изгледа. Сите нешто овде теоретизираат ама кога ќе дојде ситуација поинаку е.
Кога спомнав генетски предиспозиции не мислав на карактер.

А убаво си го болдирала 2то. Ама дали прочита ....Ако имаш, Пари, живци и познати.... + се испитува подобноста на двајцата родители, покрај психо физичка и материјална
Со оглед на твојата возраст не знам..... ќе правиме муабет за 15 год...ако доживеам де..:D
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Јас познавам лично две женски особи кои тешко се соочија со проблемот околу неможноста да имаат потомство во брако.Кај едната поради вонматерична бременост и поради компликации и беше отстранет јајникот уште во почетокот од бракот.После три години мажот поткрепен од мајка му и татко му ја избрка и се разведе од неа заради нејзиното незабременување иако лекарите не дигнаа раце 100% од неа. Во случајот со другата проблемот беше кај сопругот кој одбиваше да се лечи од страм и ред други глупости.После 5 години брак кога она спомна посвојување неговите рипнаа против (неќеле фрлени деца од Ѓупци покрај контејнери да им го носат презимето) и се заканија станот во кој живееја дека ќе им го земат.Проблемите се натрупаа и овој брак заврши со развод.

Ете во пракса колку е лесно да се ослониш на љубовта.
...Чест на исклучоците!....знам дека ги има :)

.....
А на темава излишно е да коментирам, јас ќе посвојам секако.
Овде на овие простори ти ни случајно ни од авион не ги исполнуваш критериумите за подобен родител за посвојување со оглед на твојата сексуална ориентација.А ако успееш во друга земја супер за тебе (y)
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Уште поубаво.
Кој видел аир од деца ?
Децата се скапа инвестиција, наместо на нив пари да им давам, ќе си купам за мене кола.
 

LGBT

Weird
Член од
20 јули 2011
Мислења
329
Поени од реакции
157
Овде на овие простори ти ни случајно ни од авион не ги исполнуваш критериумите за подобен родител за посвојување со оглед на твојата сексуална ориентација.А ако успееш во друга земја супер за тебе (y)
Кој ги спомна овие простори?
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Иако те цитирам на два пати, однапред молам да не читаш лично, генерално пишувам. Не за друго, бидејќи се искажа како паталец, па се плашам дека погрешно ќе ме разбереш.

Море теоретичари.... Сите не би ги оставиле партнерите (мало морген). Кога ќе се најдете во таква ситуција друга песна ќе пеете. 1000 пати ќе си речете „налет...кај го/ја најдов“
Да кажеме пример.
Се сакате, се земате, по 1-2 години тешка болест го кутнува партнерот. Излечива е, но е долго и мачно.
Дали ќе си кажете ...... налет кај го/ја најдов??

А и кога ќе посвоите (ако успеете), не знаете што сте посвоиле. Дали тоа дете е здраво и дали имама некакво „лоши“ генетски предиспозиции.
Уште еден пример.
Успешно посвојувате детенце, по 1-2 години, поради лоша генетика како во цитатот, имате иста ситуација како погоре.
Дали пак ќе си кажете...... налет кај ми се падна на мене??

Ако и двата одговори се потврдни, тогаш и бракот и посвојувањето биле направени for all the wrong reasons. They shouldn't have been done in the first place ...... а оттаму доаѓа и малодушноста. И мислам дека секој од нас би се осеќал срање ако го слушне овој став од тој другиот до него.

Нема врска љубовта со ваквите ситуации, барем не како што повеќето луѓе ја разбираат љубовта. Проблемот е што грото се слабаци и себични, и изреката во добро и лошо ја читаат половично...... односно го читаат само почетокот. На првиот знак на невоља, сакаат да фатат кривина. Лојалноста, или, I'll stand by you им е мислена именка. И пак ќе кажам, не сум изненадена, бидејќи повеќето не знаат што сакаат, или сакаат погрешни работи, работи што не ги прават среќни. Има една тема „Што сакате од вашата сопруга“, на прво место е да биде добра во кревет, а на второ е да знае да прави пита. Други критеритуми нема.

Искрено, мојот партнер да има вакви размислувања, не само што ќе му ја отворам ширум вратата за добар пат, туку и оберучке ќе го спакувам. Бидејќи, кога сум го бирала (а се надевам и тој мене) не сум го бирала поради биологија, архитектура или економија. Туку сум го бирала на тој начин што сум ставила на кантар две работи: душата и умот. Се` останато се решава, само човек до себе лесно не се наоѓа.

И навистина сметам дека едно вакво прашање не треба да се испречи измеѓу и да направи јаз. Особено што, на овој или оној начин, е решливо. Кој сака да стане родител, ќе стане родител. Никој не спомна дека е лесно, никој не спомна дека не е болно. Но, со правиот човек до себе и планини се поместуваат.
Барем мене лично не ми значи да ја оставам мојата ДНК на земјава. Да не ме разберете погрешно. Сакам да кажам дека кога сум мајка, не сум мајка поради мојот генетски код, туку поради желбата на двајцата да израснеме и воспитаме човек. Ама не секој размислува или чувствува така, затоа и не ме изненадуваат случките како што ги опиша ??? погоре. Но, и убаво заврши, чест на исклучоци, верувам и јас дека ги има.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom