Што ако вашето момче е мамино галениче?

Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Јасно.
Но, како што ти ја прашуваш мајка ти за некои работи, така треба да очекуваш дека и другата страна ќе го прави тоа понекогаш.
Доколку тоа отиде во крајности, е лошо.
Но да се очекува дека тој треба сите односи да ги прекине со мајка му, па да не ја прашува за никакво мислење, и тоа е више одено во крајност.

А ваквите расправии после брак, обично настануваат доколку сите живеат на куп. Тогаш сакаш-нејќеш ќе ти се мешаат во животот повеќе од што треба.
Значи ние збориме за случај кога се оди до крајности, а не за обичен совет или нешто слично. Темата е за мамини галеничиња,.
Секако добро е да се слушне совет од постари, но не и слепо да им се верува, пошто понекогаш и постарите грешат и покрај тоа што го посакуваат само најдоброто за своето дете. Посебно кога се работи за однос свекрва-снаа.
Кај нас претежно на почеток барем, сите живеат на куп. Од тука најмногу потекнува и тој лош однос помеѓу свекрвите и снаите.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082

И двете истото го викаме, така што, само во круг се вртиме со ова.
Финтата е да не се нагази на вакви.
 
Член од
25 март 2014
Мислења
717
Поени од реакции
733
Девојкооо бери памет со време, мамини галеничиња се најлош избор, освен ако мајката не е некоја разумна личност па да можеш да се разбереш на културен начин без нервози а такво нешто ретко се наоѓа денес
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мангуп! :D

Не викам дека нема право, не знам каква ќе бидам како мајка, кога ќе бидам, ако бидам секако... Но, па и машкиве некој пат одат до крајности.. Значи буквално. Едно е девојката да има почит према неговите, исто како што и тој самиот би требало да ја има, а сосема друго е мајка му да диктира што и како да биде без разлика дали е тоа во ред или не, а тој слепо да и верува.
Затоа реков до негде :) а факт е дека поголемиот дел од женските сакаат се да знаат и се да контролираат околу нив, такви сме си како пол. На секое машко што покажува незаинтересираност кон Х работа имаш женско што сака се да контролира :)
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Едно е грижа и љубов, друго е поради таа љубов да станеш себична и да створиш неспособен имбецил, зависен од тебе.
Да не претеруваме, има и други мајки што неизмерно си го сакаат детето, па не се однесуваат така посесивно. Секој треба да има период во животот кога ќе стане независна индивдуа, дури и во природата е така. Ова со болната посесивност и Едиповиот комплекс не е нормално.
Znaes sto e edipov kompleks? :-D
Kaj ja pisuvase za Edip pricata, u Gilgames li bese? :-D
E sega, kakva vrska ima toa so galenjeto? Najdi povrzanost ajde hahahah :-D
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671
Однос снаа-свекрва може да се држи во нормала само на дистанца. Доколку сите живеат заедно, треба многу од двете страни за да се постигне хармонија. Едно е јасно. Две жени во една кујна не бива, сакале вие или не. Еден лош поглед може да промени многу работи. Поготово ако финансиите ви се на стаклени нозе. За успех во такви ситуации неизбежна е соработка.

Е сега многумина го сфаќаат како ,,мешање,,. Браќа и сестри сосема нормално е да разговараш прашаш и сугерираш кога живеете под ист кров (доколку сметаш дека некој од членовите на фамилијата може да биде засегнат). Не е нормално секој да тера по свое без да размислиш дали некој ќе оштетиш.Зошто? Да не се лажеме, тука работи инаетот! Демек, кој ја е.е јас мајка ми не сум ја прашувала не пак оваа.

Многумина мешаат почит со потчинетост. Нема тука потчинетост, има само нормален а не дивјачки однос. Значи прашуваш од почит према постари лица. Те прифатиле во нивниот дом, почитувај го. Доколку парот живее насамо, има право сам да си одлучува за финансии, ентериер, мени и ред други работи. Мада имам забележано, оние што се најгласни ,,ЈАС ВАКА ЈАС ОНАКА, ЈАС КАКО КЕ КАЖАМ ТАКА ЌЕ БИДЕ,, кога ќе им ,,шушниш,, некој денар, одма устата си ја затвораат :sneaky:

Е сега што доколку е претерано? Значи синот не може да одлучи сам за ништо. Делува ко да се плашиод родителот? Во такви ситуации, дистанцирај се. Тој се плаши од животот. Ако имаш слаби нерви, бегај. Зошто не е вината во родителот, туку карактерот на партнерот. Кога тогаш ти ќе го завземеш нејзиното место, а таква положба кај жени кои сакаат доминантни партнери е опасна по живот.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.159
Поени од реакции
6.015
ко што прават мајките цури им наоѓаат
Вака мајка ми еднаш ми бараше женска. Две години гледаше профили од женски на фејсбук и на крај одбра една. Ми рече дека била многу убава и дека имала слика од купатило, што укажува на тоа дека девојката знае да води лична хигиена. После тоа мајка ми ми направи профил на фејсбук и ми кажа да и пишам на девојката и да ја барам за жена. Ја и пишав, ама тогаш дознав дека профилот бил лажен. :(
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
^
Има ли поголема глупост од тоа мајка да ја бира женската на својот син?
Имам еден колега кој со мајка му и нејзините пријателки оди на одмор, викенди, заедно шпартаат низ Сити мол и она му бира облека. Прво она се јавува на неговиот мобилен и кажува како и одговара на неа, а не на него. Или пак на работа му се јавува да праша дали јадел. Нема потреба од вакво замарање.
Каква заостанатост има на овој свет, а типот начукал 30 години уште со мајка му е може и заедно спијат. :pos:
Овој никогаш нема да се ожени или пак уште првата недела ќе настанат кавгите. Ќе го и уништи животот ако дојде ред да земе некоја.

Јас ја почитувам мајка ми, е сега нормално ми дава совети ама мое дали ќе ја послушам. Си правам како што на мене и таа до мене ни одговара. :D
Не се замара што и како ќе правам ни каде одам. Ми вика кај сакаш оди сам си одлучувај, не се мешам во твојата фамилија имаш пари што сакаш купувај од мене не барај. :icon_lol:
Однос снаа-свекрва може да се држи во нормала само ако двете се социјализирани и се како другарки, а ако едната е старомодна другата заостаната ќе имаат различни муабети е тогаш е јако. :ROFLMAO:
 
Член од
16 март 2014
Мислења
118
Поени од реакции
174
Едно е грижа и љубов, друго е поради таа љубов да станеш себична и да створиш неспособен имбецил, зависен од тебе.
Да не претеруваме, има и други мајки што неизмерно си го сакаат детето, па не се однесуваат така посесивно. Секој треба да има период во животот кога ќе стане независна индивдуа, дури и во природата е така. Ова со болната посесивност и Едиповиот комплекс не е нормално.
А ова со комплексите на електра што мора да ги трпиме е ептем нормално.
 
M

MIL

Гостин
Mojata cura bese tatino galenice , no so mene bese moe galenice :D
Inaku nisto neam protiv toa , ubavo e da ima ljubov vo familijata i povrzanost bez razlika koj so koj e povrzan :)
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.975
Поени од реакции
12.592
До сега, за жал, немам сретнато маж од мојата и постарите генерации што ја почитувал жената повеќе од мајката. Слободни се, лични се, храбри и kewl до кај 23-25-тата година преку сила. Не полагајте многу надеж дека ќе најдете некој на кому ќе му значите повеќе од мајката, тоа е чудна космичка реткост и коинциденција...
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671
Не полагајте многу надеж дека ќе најдете некој на кому ќе му значите повеќе од мајката, тоа е чудна космичка реткост и коинциденција...
Мислам дека токму тука е проблемот. Зошто таа потреба да бидам над ,,свекрва ми,,? Да бараш од партнерот да те сака повеќе од родителот свој? Каква е таа потреба? Зошто се меша мајчинската љубов со ,,еротичната,, или како да се изразам.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.975
Поени од реакции
12.592
Мислам дека токму тука е проблемот. Зошто таа потреба да бидам над ,,свекрва ми,,? Да бараш од партнерот да те сака повеќе од родителот свој? Каква е таа потреба? Зошто се меша мајчинската љубов со ,,еротичната,, или како да се изразам.
Не зборував за љубов туку за нормална меѓучовечка комуникација помеѓу две живи суштества. Не велам дека нешто мора или треба туку како стојат работите на овај специфичен план. Една од најтешките ситуации е да го откачиш архетипот мајка од нагонската несвесна природа т.е. да го надминеш. Ретко кој, природно се раѓа со таков потенцијал. Кај останатите мајката има силно влијание па дури и ја забележуваш кај партнерот. Кај женските е некако истото ова ама...обратно.
Во заедничкиот живот како бракот се случува судир на сенките од родителите, освен на архетипските и на земските, социјално-метеријалните.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не зборував за љубов туку за нормална меѓучовечка комуникација помеѓу две живи суштества. Не велам дека нешто мора или треба туку како стојат работите на овај специфичен план. Една од најтешките ситуации е да го откачиш архетипот мајка од нагонската несвесна природа т.е. да го надминеш. Ретко кој, природно се раѓа со таков потенцијал. Кај останатите мајката има силно влијание па дури и ја забележуваш кај партнерот. Кај женските е некако истото ова ама...обратно.
Во заедничкиот живот како бракот се случува судир на сенките од родителите, освен на архетипските и на земските, социјално-метеријалните.
Зошто никој не го признава ова? Туку се префарбува во почит?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom