- Член од
- 30 април 2013
- Мислења
- 674
- Поени од реакции
- 1.293
Значи ние збориме за случај кога се оди до крајности, а не за обичен совет или нешто слично. Темата е за мамини галеничиња,.Јасно.
Но, како што ти ја прашуваш мајка ти за некои работи, така треба да очекуваш дека и другата страна ќе го прави тоа понекогаш.
Доколку тоа отиде во крајности, е лошо.
Но да се очекува дека тој треба сите односи да ги прекине со мајка му, па да не ја прашува за никакво мислење, и тоа е више одено во крајност.
А ваквите расправии после брак, обично настануваат доколку сите живеат на куп. Тогаш сакаш-нејќеш ќе ти се мешаат во животот повеќе од што треба.
Секако добро е да се слушне совет од постари, но не и слепо да им се верува, пошто понекогаш и постарите грешат и покрај тоа што го посакуваат само најдоброто за своето дете. Посебно кога се работи за однос свекрва-снаа.
Кај нас претежно на почеток барем, сите живеат на куп. Од тука најмногу потекнува и тој лош однос помеѓу свекрвите и снаите.