мн јадам мене тоа ме загрижува, а нејкам да се поправам.. па дали тоа ке трај одреден период или цело време ке имам такви пореметувања?.. дали е тоа нормално преголем апетит како шо опишав во првиот пост?
Профилот го направив за да се вклучам овде. Многу јадење, или прејадување е потреба која најчесто се јавува кога се лачи интензивно кортизол, од надбубрежната жлезда. Овој хормон станува главна фаца при дебелеење, го покачува апетитот и се јаде три-четири пати повеќе од можноста да се потроши. Обично кога сме под стрес храната се базира на кашкавал и бел леб- или млечни производи и пченични продукти- тестенини. А при дефицит на секс, се јаде чоколадо и благи работи. Храната е предавник на нашата ситуација.
За да се избориме со апетитот треба да научиме да дишеме, да научиме да се смириме, и да се избориме против прекумерниот глад или апетит. Спортот е добредојден, но многумина од нас не го применуваат, исто така панинарењето и воздушните разлики од град кон планина се одличен одржувач на расположението и еликсир против дебелеење. Човечкото тело е создадено да се движи многу ( ловење, рибарење, трчање по плен, обработување на земјата, берење на плодови ) и да се храни како веган- само зеленчук и овошје.
Стресот кој ја активира надбубрежната жлезда и лачењето на кортизол, ја активира и хипофизата, или ТСХ хормонот, кој ја „уништува“ функцијата на тироидната. Ако се оштети тироидната жлезда, менаџментот на нашето тело е со нарушена организација и се јавува, залоен џигер, шекер од тип2, прекумерна дебелина кај тип хипотироидеа, намаено лачење на тироидна жлезда, во подогорочно присуство на дисбаланс, се јавува и зголемен џигер, зголемено срце, надуени црева- со тешко чувство надуеност и тежина која варира, но секогаш во нагорна линија- зголемување.
Кај нас ова забоување не се третира како страшно, но од тука се претпоставува дека потекнуваат и сите останати заболувања подоцна, како алергии и дури и рак, ако стресот траел подолго време, т.е. се лачел многу кортизол. Кашлица и стресна астма и друго.
Вакво оштетување на тироидна жлезда се добива и од терапија водена со кортико, или додавање на хормонски терапии, особено при задржување на бременост кај жените.
Иако кај нас има ендокринолози и одличен лекарски екипаж, на оваа боест не и се дава значење.
Време е оние кои страдаме од ова заболување да си помогнеме и да ставиме акцент на хипотироидеизмот, како на опасна и осетлива болест, со која многу тешко се справуваме.
По добивањето на болеста секое нервирање резултира со неколку литри течност во задршка, а потоа и дебелеење. Метаболитичките процеси се намалени за 30%, што значи храната е штетна по нашето здравје.
Најчесто сме алергични на бел леб и млеко, како и останати млечни производи. Сите тестенини создаваат чувство на топлина, дуење и нагло дебелеење. Особено салата од зелка и брокула.
Зошто сум овде?
Во моето опкружување имам многу пријатели/ки кои знаат да ме расположат, но ова што го започнувам не можам да го споделам со никој од нив, бидејќи овој проблем го немаат.
Ми треба вашата поддршка да спроведеме еден експеримент, а вие да бидете дел од тој експеримент, кој сакам да го применам. Да ми давате поддршка кога ќе запаѓам во кризи, а овде би бил запишан и мојот дневник за моето распоожение и ефектот од терапијата.
Имено станува збор за терапија со 42 дена гладување.
Во моето тело има вишок од над 30 кг и тоа вишок на токсини и течности. Надуеноста е присутна веќе неколку месеци без престанок. Се подготвив психички дека ова е мојата терапија.
По многу напори, диети, третмани и пред се читање, сватив дека еднаш мора да се исчисти нечистотијата која моето тело со години ја собира.
Последните резултати се добри од мојот преглед на слободен тироксин и ФТ4, во оптимум се, а лекот кој го земам е еутирокс 100.
Швајцарецот- Доктор Бројс го истражувал и докажал корисниот третман наречен ТОТАЛНА ТЕРАПИЈА и за многу болести дал појаснување како да се спроведе на едноставен начин и за секоја болест додава по некој чај кој треба да се конзумира.
Гладувањето не е ништо ново, го има во сите религии, како пост, верување во светлината, храна на универзумот. Во Австралија е познат како Прана енергија- или енергија од сонцето. Индија е исто така поддржувач на т.н. Сончева Јога, а Кина во својата религија го поставува Јоги чивекот и поддржува убедување дека на човекот му е потребна се помалку и помалку храна, се додека не престане да ја конзумира. И во Русија има поддржувачи на овој начин на живот.
Но, доколку не знаете да се изборите со токсините и немате верба дека ќе успеете, се случува фатална грешка. Докторите се скептици на приврзаноста на трајно гладување, но 40 дневниот телесен и духовен пост, со целибат е поддржан од сите.
Го започнувам мојот дневник
Ден 1
02.02.2011
Одлично се чувствувам, психички сум спремна на предизвикот.
Ја прифакам „ Тоталната терапија“ на Доктор Бројс.
За првите неколку дена набавив јаворов сируп, чај од нане, алкалакс, чај од камилица и ѓумбир.
Библијата е покрај мене, а имам и добра музика за смирување и релаксирање. Тековно ќе ви ги пишувам и рецептите од книгата на Бројс, како што ќе ги применувам.
Ви благодарам на сите што ќе бидете со мене во наредните 42 дена.