Штитна жлезда и проблеми со неа

  • Креатор на темата NeMiRnA
  • Време на започнување
M

Mario Gómez

Гостин
Јас мислам дека треба да се најде опција без целосно вадење на штитната жлезда освен во најголема неопходност. Израстоците се третираат и не би требало да прават проблем .
Која е крајната неопходност? Малигни израстоци? Симптомите на пациентот се аритмија, несоница. Прочитав низ нетов дека е тешко да се најде искусен хирург, дека е опасна операцијата поради тоа што може да ги оштети гласните жици и некој дел за калциум. Препорачано е целосно вадење во рок од 6 недели, тоа е проблемот, мора веднаш да одлучат. :S И тоа во солидна приватна клиника.
 
R

Rigel Kent

Да, ако се малигни израстоци , само тогаш би се препорачало целосно вадење на штитна жлезда.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Да, ако се малигни израстоци , само тогаш би се препорачало целосно вадење на штитна жлезда.
А дали ако е "топол" одма значи дека е малигнен? И дали тоа може да се дефинира без биопсија?
 
Член од
2 август 2012
Мислења
79
Поени од реакции
12
А дали ако е "топол" одма значи дека е малигнен? И дали тоа може да се дефинира без биопсија?
Тоа топол/ладен е заклучок изведен врз основа на скен. Потоа доаѓа биопсија и со неа се утврдува содржината на израстоците како што ги нарекувате или нодуси-чворови-јазли, што и се. Без биопсија нема шанси да се утврди.
 
edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
може ли да е узрок за 30-годишната епилепсија на мајка ми, токму тироидната жлезда?
Односно, дали тироидната жлезда ја предизвикува епилепсијата?
 
Член од
30 јануари 2013
Мислења
5
Поени од реакции
1
Zdravo na site,

Na gruper imase kuponi za proverka na hormoni na tiroidna zlezda vo pavlina za 400den TSH, FT4, ANTI TG i ANTI TPO, bidejki zenami imase nekoi simptomi sakase da gi proveri i jas si rekov stom e tolku evtino i jas ke gi proveram. Sega rezultatite na zenami se dobri site vo granica na normala no kaj mene ima narusuvanje. Znaci TSH mi bese 6.6 na prvoto ispituvanje ( pred edna nedela ) , na poslednoto sto go pravev vcera 4.16 ova e razlika od edna nedela. Megjutoa ne me plasi tolku TSH kolku Antitelata koi se mnogu visoki, ANTI TG mi bea 240 a maksimum bese 125, i ANTI TPO mi bese 175 a maksimum e 35. Si otidiov denes na endokrinolog za da mi kaze deka imam ostetuvanje na tiroidnata zlezda i deka so tek na vreme i celosno samiot organizam ke ja unisti.
Prasanjeto mi e dali ima nekoj iskustvo so antitela koi ja napagjaat tiroidnata zlezda i dali definitivno ke mora cel zivot da si pijam apcinja koi go zamenuvaat hormonot koj go laci tiroidnata zlezda.
Inaku simptomi nemam osven sto sum taka so 20-30 kilogrami poveke od normala cel zivot.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Јас не знам дали ви поставиле веќе дијагноза ама од она што јас го знам станува збор за Хашимото што е автоимуна болест и ја напаѓа штитната жлезда, затоа и антителата се толку покачени. Претпоставувам дека ви имаат направено ехо за да се види да не има некакви промени.

Инаку сигурно веќе пиете Еутирокс 50 и да, најверојатно ќе ги пиете цел живот зошто тоа е синтитчки хормон кој го надополнува она што не го лачи самата жлезда. Е сега зависи многу и од вас дали терапијата ќе ви остане иста, ќе ви се намали или ќе ви се зголеми, затоа нема потреба од депримирање и фокусирање на тоа дека цел живот ќе пиете апчиња. Тоа е сосема мало апче кое ништо не ви менува во дневната рутина. И имате премногу среќа што навреме сте откриле, па ги немате симптомите. :)
 
Член од
30 јануари 2013
Мислења
5
Поени од реакции
1
Вчера бев на ехо и докоторот ми кажа дека се гледаат оштетувања на тироидната точно како и што очекувал да види, инаку била малку зголемена со мали дупчиња на неа. Рече дека ова е почетокот и дека ако ми каже дека може ке ми помине без терапија дека ке ме лаже. Ми даде Еутирокс да пијам првата недела по половина од 25мг, втората недела по цело од 25мг, и третата недела по едно и половина што значи 37,5мг, преглед за два месеца.

Дали е вистина дека со Еутирокс т.е. со регулирање на слободниот тироксин во организмот ке се намалат и антителата кои по дефиниција се покачени во овие случаи?
 
Вистина е, само треба време и погодена терапија. Ако ви одговара Еутироксот од 37.5 мг ќе има одма резултати, но сепак треба трпеливост зошто е автоимуна и можеби неколку месеци ќе се потребни да се стабилизира.
Ви кажа да го пиете наутро на гладно со многу малку вода и еден саат после апчето не треба да внесувате храна? И за најдобри резултати, пијте го секој ден во исто време.
 
Докторот ми кажа да ги пијам веднаш штом ке станам со вода, нема врска кое време важно наутро штом станам, и 30 мин после тоа ништо да не јадам, не ми кажа за колку вода , денес си го испив првото со чаша вода - цела чаша :). ке знам за следниот пат со помалку вода. Инаку секој ден одприлика станувам во исто време така да ке го пијам апчето во 08:00 наутро. Мене докторот ми кажа дека тоа е тоа, нема никогаш да се излечи ова дека ке мора цел живот да пијам апчиња и дека тироидната за неколку години целосно ке престане да работи поради антителата кои ке ја уништат. Јас па сменив начин на живот одма штом ги видов резултатите надевајки се дека ке има подобрување, како и да е нема да се откажам од подобрување на целокупниот начин на живеење и ке видиме каков ке биде крајниот резултат.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Мој совет плус е да почнете да земате Селен. Најчесто ендокринолозите ( секако оние кои се замараат со пациентите малку повеќе ) го препорачуваат да се пие 3 месеци, па 3 месеци пауза и се така ... Но, сепак ако сакате советувајте се плус со лекарот.
И бонус совет што секаде ќе го сретнете, редуцирајте ги стресните ситуации и негативните мисли зошто тоа ќе ве назадува.
 
Член од
30 јануари 2013
Мислења
5
Поени од реакции
1
Веднаш почнав со бразилски ореви зашто содржат најмногу селен по 3-4 на ден јадам, штом видов дека имам проблем со тироидна жледа одма земав неколку брзи лекции од интернет и видов дека селенот е добар ако има покачени антитела.
Фала многу за советите, ке морам се да научам поврзано со тироидна жлезда, во врска со стресот - пред три години ми беше најтешкиот период во животот и се надевам дека никогаш веке нема да имам такви грижи, моментално мислам дека сум на здрава подлога за живот без многу стресови. Како и да е денешниот начин на живот без стрес е невозможен мислам, но ке направам се што можам да го сведам на минимум.
Инаку втор ден ми е денес откако почнав со апчињата и се чувствувам супер, дали од главата ми е тоа или стварно има некој ефект незнам :).
 
Два дена се премалку за да имаат ефект апчињата ама воопшто не е ни битно дали е од нив или е сугестивно, важно е поубаво чувството. :) И да, има доволно работи на интернет за читање и лесно може да се едуцираме иако може и погрешни информации да се добијат, па внимавајте или консултирајте се со лекарот за сите работи кои мислите дека може да направат проблем на своја рака ако ги земате. Како на пример, не смеете да внесувате јод дополнително преку оние природни додатоци во исхраната, ги има премногу фирми што го нудат дури и во форма на алга ама во комбинацијата со Еутирокс може контра ефект да има.
И дневната доза на потребен селен е 50 мг. , па искалкулирајте сами дали со 3-4 бразилски ореви ја внесувате таа доза. И уште нешто сублимирано најкратко, во првите 4 саати после пиењето на апчето не внесувајте храна со растителни влакна зошто го намалуваат дејството на лекот.
 
Член од
30 јануари 2013
Мислења
5
Поени од реакции
1
Ете и ова не го знаев со растителни влакна 4 саати, сега имам уште една работа плус што си знам. Денес за жал го испив апчето и после 15-20 мин си се напив кафе си заборавив дека нетреба ништо да јадам и пијам 30мин. Како и да е со тек на време ке ми стане навика и ке знам како и што да правам. Инаку кај мене случајот има и генетски предиспозиции и најверојатно во комбинација со стрес сум направил убава средина за почеток на ова заболување.
Зборував со братучедка која го има истиот проблем и сега ми полесно и си го прифатив.
За јодот видов на интернет истржувал некој доктор и катастрофа биле резултатите после додаток од јод - ТСХ 107 отишло. Затоа само селен ке си земам преку храна. Се активирав и физички секојдневно вежбање по 20-30 мин, ова знам дека ке ме врати во нормала, и едвај чекам да затопли па баскет да играм, тоа ме прави многу среќен, ке им кажам на тие со кои ке играм дека несмеам да се нервирам и ке знаат дека ке треба да изгубат кога ке играат против мене :D.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom