Ветеранот Џанлука Паљука би сакал да ја заврши кариерата во својот поранешен клуб Интер. Некогашниот голман на италијанската репрезентација беше член на "неро-азурите" во периодот од 1994 до 1999 година, кога на неговото место дојде Франческо Толдо. И покрај тоа, Интер остана омилениот клуб на Паљука.
"Мислам дека заслужив шанса да се вратам на Џузепе Меаца. Со задоволство би бил резерва на првиот голман, Жулио Цезар. Има повеќе причини заради кои би сакал да се вратам во мојот поранешен клуб. Најважно од с$ е што повторно ќе се видам со Масимо Морати, а ќе работам повторно и со Роберто Манчини со кого бев и во Сампдорија. Освен тоа, во Милано имам многу пријатели и би сакал повторно да се видам со нив", изјави Паљука.
Неговите зборови повторно ги разгореа шпекулациите дека Франческо Толдо е пред заминување од Интер во потрага по стандардно место на голот. Паљука, кој беше прв чувар на мрежата на "азурите" на Светските првенства во 1994 и 1998 година, може слободно да си замине од Асколи со кого испадна од Серија "А" последната сезона.