Мекејлеб: Знам да пцујам на македонски
Во својот вчерашен текст посветен за македонската кошаркарска репрезентација, Њу Јорк Тајмс пишува и за нашата кошаркарска ѕвезда на ова првенство, Лестер Бо МекКејлеб.
,,Јас играв за Србија минатата година кога се случи разговор со Македонците – тие ме побараа да играм за нив- објаснува МекКејлеб, кој порасна во Њу Орлеанс и продолжи да игра на Универзитетот во Њу Орлеанс. Тој играше за професионалните лиги во Србија и Турција пред да потпише договор со италијански клуб, Монтепаски Сиена, минатото лето.
Не поставив никакви прашања - вели Бо, јас само реков да - и заминав со авион следниот ден во Скопје.”
На крајот од овој текст авторот пишува:
„МекКејлеб вели дека ниту тој, ниту неговата нова држава не ја изгубиле желбата да им покажат на оние кои се сомневаат во нив, дека грешат. Тимот се квалификуваше на Олимписките игри во Лондон
и МекКејлеб изјави дека ќе ја претставува Македонија. Тој живее во хотел во Скопје еден месец во текот на годината и не знае да зборува македонски, но неговите соиграчи го научиле некои пцовки за кои се надева дека нема да мора да ги употреби на дуелот со Шпанија. Да бидам искрен, се чувствувам како дел од нив сега - изјавува Бо.
http://www.kurir.mk/sport/kosarka/42557-Mekejleb-Znam-da-pcujam-na-makedonski?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed: kurir/sport (Курир - Спорт)