Шопинг во Солун

Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
дај сигурнииот го кажете плс ми требат патики да си купам за тренинг да го фатам попустот
Добро бе дечко напна со постовиве веќе.Ти кажаа дека е од 15ти, а ако не е тогаш ќе си купиш патики од Мк. Големо чудо ако ги пропуштиш попустите!
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.820
Поени од реакции
11.445
Како ги чекам попустиве со душа, има да се расфрлам со пари бетер од попалена тинејџерка. После 15ти во солун едно 10тина дена ќе се зборува Македонски :icon_mrgr:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.394
Сигурно ова?Од тогаш почнуваат или до тогаш траат, пошо кога бев летото ми кажаа од 1 до 10 јануари дека бил зимскиот...
официјално почињаат од 15ти..горе доле едино некоја продавница ако реши пред време..Али секад коа сум идел после таа дата имало доста попусти..15 ти јули и 15 јануари..Траат дур не се продаде све..
--- надополнето: 28 декември 2011 во 19:38 ---
Добро бе дечко напна со постовиве веќе.Ти кажаа дека е од 15ти, а ако не е тогаш ќе си купиш патики од Мк. Големо чудо ако ги пропуштиш попустите!
па не е исто дали патиките ке ги земе за 30 евра или за 5100 :)
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Мој другар беше во февруари и тогаш имаше попусти.. Такада не се ограничувајте дека баш мора на 15 да се појде.. Тој период се знае дека има нова роба и попуст.. после зимата пошто ако не се продаде ќе остане :)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.394
абе има и покасно нешто али што покасно толку помалце работи ке најдеш.Сепак најбоље на 18-19-20 ти да отидеш,таман сите продавници имаат попуст тогаш,не стриктно на 15ти.И се зависи од сезона до среќа,распродажба е не мора да значи дека за секој ке има по некое бројче :D
 
V

Vollstandig

Гостин
До вчера се милеше солун оди на шопинг тој што има пари ама испадна сосем грешно.Робата е толку евтина особено кинеската што кај нас ја има во изобилие,па изгледа кој купува ликално тој врти повеќе пари...
 
Член од
7 декември 2011
Мислења
283
Поени од реакции
83
најдобро е да се оди на 15-16 тогаш кога починаат попустите
има највеќе роба и можеш повеќе да купиш ....
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
До вчера се милеше солун оди на шопинг тој што има пари ама испадна сосем грешно.Робата е толку евтина особено кинеската што кај нас ја има во изобилие,па изгледа кој купува ликално тој врти повеќе пари...
Без разлика .. И марките се поефтини таму.. аирмаксот беа јас кога бев по 100 евра сите модели.. тука за 150 евра имаш само 1 модел .. да не зборам јакни,маици,фармерки..

Исто и во Biciani имаше попуст.. по 800-900 денари маици.. тука се изгор..
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
па не е исто дали патиките ке ги земе за 30 евра или за 5100 :)
во ова е целата иронија
секаде низ светов сезонските попусти се баш попусти- каде марки купуваш за симболична сума - додека во МК или се блесави или сакаат народот да го направат будалетинка
прво повеќекратно ги набиваат цените- за да после напишат попуст - 20 , 30 или 50%- живи смешки
 
И да си најголем патриот, сепак нешто не ти дозволува да бидиш глуп во патриотизмот.
А тоа е следниов пример, предновогодишно барав кошула, одбрав интересна и тоа од попознат и голем бутик, налепница: Made in china а додека цената е, колку што има километри од овде до кина:))
Мислам 2300 денари за кинеска кошула нема теоретска шанса да дадам, едноставно апсурдно е, кај нас просек дневница е 400 денари, а тоа би дошло 6 дена да работам за една кошула, кинеско производство. И како што викаш, ќе дојде сезонски попуст 30 %, 50 % 90 %, а со него пак, исто пак ќе бидат во ќар.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Интересно, како сите мислите дека све направено во Кина нечини? :icon_lol:

Дали сте слушнале за контрола на квалитет? не се сите фабрики исти! еве ти пример, можеш ли да споредиш една мала фармација, (базирана во Македонија) со Алкалоид? или дека се од Македонија не чинат, и немаат квалитет т.е. контрола на истиот во своите лабаратории?

Во Кина има над 3/4 класи на фабрики/лабаратории/погони и истите работат по разни стандарди....во различни услови на работа, и пред се надзор од експерти, или обични нагдгледувачи...се зависи од тоа колку оргиналната фирма-компанија која што ја користи Кина како место каде што работната рака/условите за производство чинат помалце.

Ако истата фирма има добра полиса на работа, и сака да стави надзор од 50 луѓе (експерти од тој правец на индустријата) за простор од 300 метри квадратни, и плати за 48 часовно тестирање на продуктите одкако ќе се финализира нивното производсто наместо 12, 6 или само 30 минути, тој производ ќе биде од врвен квалитет, без разлика дали е од Кина или од Германија.

Значи генерализирање и митови....
 
П

Паган-др

Гостин
И да си најголем патриот, сепак нешто не ти дозволува да бидиш глуп во патриотизмот.
А тоа е следниов пример, предновогодишно барав кошула, одбрав интересна и тоа од попознат и голем бутик, налепница: Made in china а додека цената е, колку што има километри од овде до кина:))
Не можеш да гледаш така на работите. Најк патиките ги прават во Индонезија, и? Немаат квалитет? Големите фирми бараат земји со евтина работна рака, квалитетот е ист.
 
V

Vollstandig

Гостин
Не можеш да гледаш така на работите. Најк патиките ги прават во Индонезија, и? Немаат квалитет? Големите фирми бараат земји со евтина работна рака, квалитетот е ист.
Ги прават ради евтината работна рака. На патиките пиши НАЈК.
На кошулата што ја гледав пишеше јинг џинг нешто.
 
П

Паган-др

Гостин
Ги прават ради евтината работна рака. На патиките пиши НАЈК.
На кошулата што ја гледав пишеше јинг џинг нешто.
Тоа е више друг муабет.

Зборот ми беше за налепницата Made in China. Ама више кога и марката е кинеска, подалеку од такви ствари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom