Шведска - Македонија [26:26]

Статус
Затворена за нови мислења.

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Филип Лазаров е доста напреднат последнава година.. и јас мислам дека ќе биде наш Џокер на европсково!
за неколку страни поназад: Нерешено беше со Тунис пред 3 години на светското!
Изгубивме 1 разлика ...

17 January
19:30 Macedonia
24 – 25
Tunisia
Varaždin Arena, Varaždin
Attendance: 3,500
Referees: Cacador, Nicolau (POR)

K. Lazarov 9 (14–13) Tej 6
Report
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
За оние кои се во Германија утакмицата ќе ја дават на DSF (Sport 1).
Тешко ќе биде против Шведска но треба да се оди на победа но не посекоја цена. Релано шансите против Германија а особено Чешка се многу поголеми. Јас лично не би имал против да се повтори сценариото на кошаркарската репрезентација. Пораз па после да наредиме неколку победи.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
НЕДЕЛА, 15 ЈАНУАРИ 2012 13:15

Во најавата на првото коло од групата Б на ЕП во Србија, ракометниот портал „Балкан-хендбол“ смета дека преполната сала „Чаир“ во Ниш може да ги „сруши“ фаворизираните Швеѓани.
-Во „пеколот“ во Ниш кој ќе го создадат македонските навивачи од 19:30 часот играат Македонија и Шведска. Квалитетот е на страната на Скандинавците, но се околу теренот ќе биде во црвено и тоа секако е голема предност за Кирил Лазаров и момците, кои ретко губат во такви околности, пишува „Балкан Хендбол“.

Во вториот меч од групата, кој практично ќе го отвори првенството во 17 часот и 20 минути, порталот наведува дека Германија и не е баш во форма, со оглед на тоа што беше поразена од Унгарија пред 7.000 гледачи во Магдебург.

Се очекува околу 4.000 Македонци да ги бодрат нашите ракометари во Ниш.
извор: курир.мк
Да навиваме за нашата ракометна репрезентација!
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Она што најмногу ме плаши на ова првенство е еуфоријата и очекувањата кои се створија уште пред да почнеме да играме. Ќе биде многу лошо ако играчите „изгорат„ во желба да ја израдуват нацијата. Мене многу повеќе ми лежеше патот кој го поминаа кошаркарите. На почетокот не очекувавме многу, за со тек на првенството да пораснат амбициите. Сега ракометарите се соочуват со многу поголем притисок и од старт се очекува од нив многу повеќе од што реално имаме квалитет. Ќе биде интересно да се гледа како ќе се справат момците со ваквиот притисок.
Инаку сигурен сум дека ќе изгинат на терен , но тоа не е секогаш добро.
 
M

Mario Gómez

Гостин

Очекувањата се големи пошо ракометарите реално гледано се далеку поквалитетни индивидуално отколку кошаркарите. Пред првенството само Бо играше евролига и Илиевски клупа грееше во просечни екипи. Тука го имаме Кире, и група играчи во Металург, топ 10 екипа во европа. Повеќе играчи што можат да дадат над 10 гола. Нереално ми е тоа што сме последни според кладилниците.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
се мислеше на реквизитите кои ги користат скандинавците....
Мислам дека само ѕвонците им ги забранија, а балончињата со кој си тропкаат во замена незнам, мислам дека не.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Oчекувам Мојовски да се повампири,пошто мислам дека Лазаров ќе го затворат добро Скандинавите....
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Нереално ми е тоа што сме последни според кладилниците.
Тоа е добра вест за нашите ракометари, лоша е што Германија и Шведска не се на исто мислење со кладилниците и мислам дека не респектират како противник.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Мислам дека само ѕвонците им ги забранија, а балончињата со кој си тропкаат во замена незнам, мислам дека не.
Де бе стави еднаш и ти патриотско обележје на аватарот...не биди пе...,биди патриота :icon_lol:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.991
Поени од реакции
74.103
Очекувањата се големи пошо ракометарите реално гледано се далеку поквалитетни индивидуално отколку кошаркарите. Пред првенството само Бо играше евролига и Илиевски клупа грееше во просечни екипи. Тука го имаме Кире, и група играчи во Металург, топ 10 екипа во европа. Повеќе играчи што можат да дадат над 10 гола. Нереално ми е тоа што сме последни според кладилниците.
Не заебавај брат Металург во топ 10 екипи во Европа:pos:
Само во Германија има десет екипи подобри од Металург.
Ама за Балканов Металург е рамо до рамо со Загреб, а и Вардар не заостанува премногу :)
Дуо-трио на Балканов :D
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Она што најмногу ме плаши на ова првенство е еуфоријата и очекувањата кои се створија уште пред да почнеме да играме. Ќе биде многу лошо ако играчите „изгорат„ во желба да ја израдуват нацијата. Мене многу повеќе ми лежеше патот кој го поминаа кошаркарите. На почетокот не очекувавме многу, за со тек на првенството да пораснат амбициите. Сега ракометарите се соочуват со многу поголем притисок и од старт се очекува од нив многу повеќе од што реално имаме квалитет. Ќе биде интересно да се гледа како ќе се справат момците со ваквиот притисок.
Инаку сигурен сум дека ќе изгинат на терен , но тоа не е секогаш добро.
Сепак се ова репрезентативци кој не играат ракомет од вчера и досега би требало да знаат да се снајдат со притисок од домашни очекувања. Нека ме поправи некој, но мнозинството во репрезентација играат повеќе од 6/7 години заедно. Што е доволно време да бидат силни на терен, барем во ракометот познавањето меѓу себе е многу важно. Најважно е да дадат се од себе, ние тоа да го видиме, за другото со Господ напред.
Очекувам Кире да биде блокиран и блокиран да ги распали проектилите :icon_lol:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Не заебавај брат Металург во топ 10 екипи во Европа:pos:
Само во Германија има десет екипи подобри од Металург.
Ама за Балканов Металург е рамо до рамо со Загреб, а и Вардар не заостанува премногу :)
Дуо-трио на Балканов :D
Абе знајме ти дека ќе се смешаш само ради Вардар.Глеај си сега работата твоја.:D
 
M

MrzaRules

Гостин
а и добро е вниманието на Шведска да биде фокусирано на Кире....ако сме паметни ќе го искористиме тоа и ќе ги добиеме...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom