Чудо во црквата Свети Димитрија- фреските „крвават“ и сами се чистат

  • Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Не бе бачко, се' е кул со мене и 5 денарките.

На Бог се молам. Која е поентата?
па тоа те прашувам Попот нема никакава улога сем ако ти не му дадеш
Бар јас така гледам на работите
а за погоре спомнатото крви се синодот и државата која е селпа на нелегалната заработка на поповите
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.226
Поени од реакции
34.519
а за погоре спомнатото крви се синодот и државата која е селпа на нелегалната заработка на поповите
Затоа и беше мојот прв коментар.
Не може некој кој цел живот робува на материјалното да испраќа порака од типот „баталете го материјалното, свртете се кон духовното“. Каде се тие да го покажат својот пример пред верниците? Или за нив има exception на firewall-от на Господ?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
- ај кога ќе одите во црквата Св.Димитрија, погледнете од внатрешната страна пред да излезете,над главната врата горе на најгорните икони
има две коцки од друга појава и дајте објаснување што е работава со ова.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Во време кога сите сме атеисти и црквата доаѓа до огромни загуби, ова беше очекувано од нивна страна..
So dirty gameplay out there..
Кои сите.Хахахахаа,брее не сум знаел дека 100 души неверници биле сите!
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.226
Поени од реакции
34.519
ali posto si vernik kako mene ne znaci ako tie se korumpirani sam da si ja zatvoris vratata na crkvata.
Pa i samio isus bil revoltiran od toa koga videl deka hramot na solomon se pretvoril vo pazar ..
Точно.

Ама од друга страна пак, одењето во црква те прави верник исто колку што стоењето во гаража те прави автомобил.

Јас сум верник, ама по серија непријатни искуства (да не речам - разочарувања) предизвикани од страна на верските лица во Македонија, полека почнав да губам желба да одам во црква. Нека ми прости Бог, ама не се согласувам дека туку-така треба да замижам пред некои нелогични работи кои се случуваат во нашите цркви. Лицитација на златни лопати? Џипови од 100.000 евра? Ама ајде? Сериозно? Ова го сака Бог?
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
290
Ех, што убаво ме разонодија коментариве на атеистите. По оваа тема, може да се заклучи дека 99% од Македонците се атеисти. И тоа е во ред.....Ама чудно, црквите полни со млади луѓе...
А најинтересни ми се „атеистите“ кога ќе дојдат во црква-жива разонода, особено за Велигден. На кратко од еден Велигден во св. Димитрија:
Влегува во црквата една „верничка“ во црна мини сукња, бајаги разголена, висока штикла-како што смета дека е во ред , а еден исти таков „верник“ зад неа коментира- кај дојдов овде баш какви мисли ми летаат низ глава, не се баш црковни....:)
После полноќ, поминува попот крај мене и вели: Христос воскресе, а овој до мене одговара: Знам....:)
Е тоа ти е, се кладам дека 99% од „атеистите“ на форумот имаат крштениче дома, сонуваат да се венчаат во црква, ама не си мангуп ако си како другите, мора да се разликуваш....:)
Секој може да верува или не, денес јавија дека се формира тим од хемичари, физичари и сл. кои ќе вршат испитување на случајот.
Ќе ги почекаме резултатите, па ќе видиме со која научна теорија ќе излезат...
Интересно ќе биде ако не најдат научно толкување....
Во секој случај , смирете ги страстите додека не се разјасни, без плукање и препукување......
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
290
Точно.

Ама од друга страна пак, одењето во црква те прави верник исто колку што стоењето во гаража те прави автомобил.

Јас сум верник, ама по серија непријатни искуства (да не речам - разочарувања) предизвикани од страна на верските лица во Македонија, полека почнав да губам желба да одам во црква. Нека ми прости Бог, ама не се согласувам дека туку-така треба да замижам пред некои нелогични работи кои се случуваат во нашите цркви.
Потполно си во право, црковните лица кај нас се повеќе бизнисмени одколку свештени лица. Но, црквата нема да те направи поголем верник, замисли дека си негде далеку , каде нема цркви, нема веќе да веруваш во Бог?
Тој што е прав верник не зависи од црквата, самото однесување , почитување и практикување на начелата на верата го прават верникот.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.226
Поени од реакции
34.519
Потполно си во право, црковните лица кај нас се повеќе бизнисмени одколку свештени лица. Но, црквата нема да те направи поголем верник, замисли дека си негде далеку , каде нема цркви, нема веќе да веруваш во Бог?
Тој што е прав верник не зависи од црквата, самото однесување , почитување и практикување на начелата на верата го прават верникот.
Фала многу, се' е кажано со ова. И баш поради тоа што (како што викаш погоре) црковните лица кај нас се повеќе бизнисмени отколку свештени лица, не се залетувам за да го протолкувам ова како Божјо чудо. Можеби е, можеби не е - ќе видиме. Само воопшто не ми е соодветно свештено лице да ми го толкува на начин кој на него му одговара (лутина поради градењето на околните згради, опомена да се свртиме на духовното наместо на материјалното и тн...).
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Потполно си во право, црковните лица кај нас се повеќе бизнисмени одколку свештени лица. Но, црквата нема да те направи поголем верник, замисли дека си негде далеку , каде нема цркви, нема веќе да веруваш во Бог?
Тој што е прав верник не зависи од црквата, самото однесување , почитување и практикување на начелата на верата го прават верникот.
Офтопик прашање:Ако се однесуваш според сите морални норми кои ги предлага религијата но не веруваш во господ,дали самото невереување во господ те прави лош човек како што повеќето верници на форумов ги карактеризираат атеистите?И уште нешто.Еве да претпоставиме дека господ постои и дека во исто време умираат атеист,кој целиот живот го поминал во помагање на другите и ги почитувал општествените морални норми и верник кој целиот живот ги искористувал другите,крадел,малтретирал и слично.Дали бог атеистот би го пратил во пеколот само поради неверување во него,а верникот би го пратил во рајот само затоа што бил верник и на крајот се покајал?
--- надополнето: 9 април 2012 во 22:49 ---
Во случај да не биле ставени..



Осветнелите делови се од злато или се боја?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Да е жив и здрав господ бог.... ЛАСЕР-от

Lasersko čišćenje Akropolja


Tim grčkih inženjera i restauratora izumeo je novi sistem za lasersko čišćenje drevnog kompleksa Akropolja i time omogućili otkrivanje mnoštva boja i ornamenata koji su decenijama bili sakriveni.
http://www.rts.rs/page/stories/sr/story/14/Nauka/23290/Lasersko+čišćenje+Akropolja
Повеќе за оваа „божја“ работа во.....

Примјена ласера у конзерваторско-рестаураторским радовима ..од.. Иван Јенгиќ
 
M

Muranyi

Гостин
Матеј: 24:11 и ќе се јават многу лажни пророци и ќе заблудат мнозина.
24:24 зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, па ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заблудат, ако е можно, и избраните.
1 Јованово: 4:1 Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите - дали се од Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот.
И пак атеистите плукале и не чинеле,а вие ни светата книга не си ја знаете.Невермајнд.
--- надополнето: 9 април 2012 во 22:59 ---
Ех, што убаво ме разонодија коментариве на атеистите. По оваа тема, може да се заклучи дека 99% од Македонците се атеисти. И тоа е во ред.....Ама чудно, црквите полни со млади луѓе...
А најинтересни ми се „атеистите“ кога ќе дојдат во црква-жива разонода, особено за Велигден. На кратко од еден Велигден во св. Димитрија:
Влегува во црквата една „верничка“ во црна мини сукња, бајаги разголена, висока штикла-како што смета дека е во ред , а еден исти таков „верник“ зад неа коментира- кај дојдов овде баш какви мисли ми летаат низ глава, не се баш црковни....:)
После полноќ, поминува попот крај мене и вели: Христос воскресе, а овој до мене одговара: Знам....:)
Е тоа ти е, се кладам дека 99% од „атеистите“ на форумот имаат крштениче дома, сонуваат да се венчаат во црква, ама не си мангуп ако си како другите, мора да се разликуваш....:)
Секој може да верува или не, денес јавија дека се формира тим од хемичари, физичари и сл. кои ќе вршат испитување на случајот.
Ќе ги почекаме резултатите, па ќе видиме со која научна теорија ќе излезат...
Интересно ќе биде ако не најдат научно толкување....
Во секој случај , смирете ги страстите додека не се разјасни, без плукање и препукување......
Тоа се вика почитување на традицијата и почит кон родителите.Зар јас треба да трпеза во недела да им кажам на моите-Море кој ве врти јас не верувам во вакви бајки,и да станам од маса?Или кога ќе ми кажат Христос воскресе,да не вратам на поздравот?Не е фора и модерно да си различен и да се правиш дека не веруваш во Бог,тоа во најмала рака е глупаво.И тоа дали некој има крштениче пак не е негов избор,јас не се сеќавам мене мајка ми да ме праша кога имав една година дали сакам да ме крштеваат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom