Ех, што убаво ме разонодија коментариве на атеистите. По оваа тема, може да се заклучи дека 99% од Македонците се атеисти. И тоа е во ред.....Ама чудно, црквите полни со млади луѓе...
А најинтересни ми се „атеистите“ кога ќе дојдат во црква-жива разонода, особено за Велигден. На кратко од еден Велигден во св. Димитрија:
Влегува во црквата една „верничка“ во црна мини сукња, бајаги разголена, висока штикла-како што смета дека е во ред , а еден исти таков „верник“ зад неа коментира- кај дојдов овде баш какви мисли ми летаат низ глава, не се баш црковни....

После полноќ, поминува попот крај мене и вели: Христос воскресе, а овој до мене одговара: Знам....

Е тоа ти е, се кладам дека 99% од „атеистите“ на форумот имаат крштениче дома, сонуваат да се венчаат во црква, ама не си мангуп ако си како другите, мора да се разликуваш....

Секој може да верува или не, денес јавија дека се формира тим од хемичари, физичари и сл. кои ќе вршат испитување на случајот.
Ќе ги почекаме резултатите, па ќе видиме со која научна теорија ќе излезат...
Интересно ќе биде ако не најдат научно толкување....
Во секој случај , смирете ги страстите додека не се разјасни, без плукање и препукување......