Чудото наречено хибернација

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Организмот на мечките и начинот на кој успева да остане непроменет по неколку месечна хибернација, може да и понуди одлични решенија на медицината но и да им помогне на астронаутите кои одат на долги вселенски мисии.

Научниците од Универзитетот на Алјаска, кои во лабораториски услови темелно ја следеле хибернацијата на мечките, се воодушевени како зимскиот сон на животното речиси воопшто не влијае на нивниот организам.

"Мислевме дека ќе ги искршат големите кутии во кои ги сместивме или дека ќе штрајкуваат на некој начин, но тие всушност се однесуваа многу природно, се завиткаа и заспаа. Го забавуваат срцевиот ритам и дишењето и ги намалуваат стапките на метаболизмот," вели Брајан Барнс, еден од авторите на студијата.

Научниците се изненадени како мечките паѓаат во длабок сон, без притоа да ја намалат телесната температура, нарекувајќи ги метаболичко чудо.

"Мечките не јадат, не пијат, ниту уринираат во период од 6 или 7 месеци. Тие се затворен систем. Сè што им треба е воздух и тоа е тоа," продолжува Барнс.

Мечките не го исфрлаат калциумот туку го користат за одржување на цврстината на коските а во текот на зимата, нивната мускулна маса речиси и да не се менува.

"Интересно ја зачуваат мускулната маса и нејзината сила. Неверојатно е како го прават тоа. Ако човековите мускули не се користат правилно, тие се намалуваат. За медицината би било од огромна корист ако научниците сфатат како мечката спречува тоа да се случи," вели Хенк Харлоу од Универзитетот на Вајоминг.

За биологот Крег Хелер, евентуална мисија на Марс, на астронаутите би им многу полесна доколку експертите најдат начин како луѓето можат да ги применат техниките на организмот на мечката.

"Од една страна ќе се намали потребата од енергија и нема да треба да се носат толкави резерви на храна и вода, а од друга едноставно нема да се досадуваат," заклучува Хелер.

извор
 
I

Intex

Гостин
Штом се спомне хибернација, најчесто се помислува на физичко замрзнување на организмот, но не е така. Кога човечкиот организам би се замрзнал, во процесот на одрмрзнување некои органи би се одмрзнале порбзо, некое побавно, организмот би прекинал да функционира, и би умреле.

Во човечкиот организам постои хормон (мислам) или некоја друга хемиска супстанца која е одговорна за спиењето. Факт е дека ако јадеш, и легнеш, кога ќе се разбудиш, нема да бидеш гладен, значи функциите на организмот се забавени. Кога тој хормон би се лачел во поголема количина, човекот би спиел многу повеќе саати, дури и со денови, недели, исто како што е случајот со мечките. И така.:)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549

Проблемот не е само во спиењето.
Човечките мускули закржлавуваат и атрофираат ако не се користени подолг временски период, човект губи телесна и мускулна маса додека спие и е исто толку зависен од храна и вода колку што е кога е во будна состојба.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
56
Поени од реакции
10
Научниците се изненадени како мечките паѓаат во длабок сон, без притоа да ја намалат телесната температура, нарекувајќи ги метаболичко чудо.
Мечките ја одржуваат телесната температура со тоа што во нивното тело се акумулираат и посебен тип на масти, мислам дека сиво масно ткиво се нарекуваше, кое при дисимилациски метаболизам (катаболизам или разградување) не дава топлина и енергија, туку дава само топлина, па така телесната температура останува непроменета.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Во човечкиот организам постои хормон (мислам) или некоја друга хемиска супстанца која е одговорна за спиењето. Факт е дека ако јадеш, и легнеш, кога ќе се разбудиш, нема да бидеш гладен, значи функциите на организмот се забавени. Кога тој хормон би се лачел во поголема количина, човекот би спиел многу повеќе саати, дури и со денови, недели, исто како што е случајот со мечките. И така.:)
Читав и за мечките имале некој хормон, враг ли ѓавол ли. Некоја материја која организмот ја произведувал повеќе кога ќе затребало за да влезат у хибернација. Ваљда некој импулс од гените.
човект губи телесна и мускулна маса додека спие и е исто толку зависен од храна и вода колку што е кога е во будна состојба.
ако метаболизмот е на ептен минимум нели нема да има значително катаболизам, нема да има потреба од храна (барем подолг период). Плус мечките имаат масни наслаги, дали тие ги користат или не, не знам. Башка...генот, ваљда ќе може да изменат некој дел од нашите "кодови" да може и човекот по потреба да применува слична постапка. Нека проучат

Што добра работа, да идеш по нужда еднаш месечно, еј јако :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
"Мечките не јадат, не пијат, ниту уринираат во период од 6 или 7 месеци. Тие се затворен систем. Сè што им треба е воздух и тоа е тоа," продолжува Барнс.
Блазе си им. :)

Знае некој колку е просечниот животен век на поларните мечки?
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Што добра работа, да идеш по нужда еднаш месечно, еј јако :)
Ех тоа би било нус производ на такво научно откритие. :D
Цел метаболизам ако се забави и побавно ќе старееме. Сигурно и не стареат мечките додека се во хибернација или па многу бавно. Дефинитивно треба добро да се проучат сите тие процеси кај мечката пред да ја истребиме од земјава. Затоа е огромна загуба и за човештвото загубата на еден животински вид бидејќи многу технолошки иновации постојат токму поради набљудување и учење од животните и инсектите.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Во човечкиот организам постои хормон (мислам) или некоја друга хемиска супстанца која е одговорна за спиењето. Факт е дека ако јадеш, и легнеш, кога ќе се разбудиш, нема да бидеш гладен, значи функциите на организмот се забавени.Кога тој хормон би се лачел во поголема количина, човекот би спиел многу повеќе саати, дури и со денови, недели, исто како што е случајот со мечките
Абе и да сум јадел претходно,р'тка гладен сум кога ќе станам од спиење.Изгледа тој хормон кај мене не се лачи многу многу :)
 
T

Tetro

Гостин
Во човечкиот организам постои хормон (мислам) или некоја друга хемиска супстанца која е одговорна за спиењето. Факт е дека ако јадеш, и легнеш, кога ќе се разбудиш, нема да бидеш гладен, значи функциите на организмот се забавени. Кога тој хормон би се лачел во поголема количина, човекот би спиел многу повеќе саати, дури и со денови, недели, исто како што е случајот со мечките. И така.:)
Тој факт го побивам секое сабајле.
Колку и да јадам одвечер, сабајле кога станам ми се јаде како да немам јадено два дена :)

--- надополнето ---

25 декември 2008
Мислења
867
Поени од реакции
79
Samoto dishenje i rabotenjeto na organizmot ima zaguba ili troshi energija e sega nemoj da pravite mnogu sporedba so razlichni vidovi na zivotni bidejki e toa sekako razlichno pa se oddvoilo kako posebno i mora normalno da e razlichno i bez mnogu zagrizenosti i vozbuda okolu toa no da ne zaboravime deka chovekot e neshto posebno na zemjinata topka........
 
Kajgana Shop

На врв Bottom