Чудни македонски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
Јагрлце - поткожно “грутче“, или во слузницата на грлото.
 
Да не мислиш на ПОСКУРНИК?:)Тоа е дрвен печат со старословенски знаци и религиозна содржина, кога попот пее лепче, го ставаат над лепчето тој печат.
да,да- дрвениот печат за литургии(y)
ваљда е исто
јас го знам како паскурник
но, можеби е поскурник
не сум сигурен:unsure:
 
Сандалија - Столица ... баба ми често го употребуваше а и општо во Прилеп постарите го користат зборот Сандалија наместо Столица . Исто така и зборот Абдесана често се користи во Прилеп . Иначе Абдесана е мијалник , но не овај мијалник од метал кој го користиме , туку мијалник направен од камен ... во скоро сите стари куќи има/имаше такви мијалници .
 
Да не мислиш на ПОСКУРНИК?:)Тоа е дрвен печат со старословенски знаци и религиозна содржина, кога попот пее лепче, го ставаат над лепчето тој печат.
интересно..ме потсети.., во времето бабами во Гевгелија тоа лепче округло со отпечаток одозгора го викаше..: ПУПА...:ја сеа да ја однесме пуп'та ув црквата, попот да ја исчате:)
 
интересно..ме потсети.., во времето бабами во Гевгелија тоа лепче округло со отпечаток одозгора го викаше..: ПУПА...:ја сеа да ја однесме пуп'та ув црквата, попот да ја исчате:)


Пупа е широк поим. Се користи за повеќе видови на прехрамбени продукти, од вакви литургиски погачи, па до најразлични слатки и колачиња, за кои често се употребува и деминутив. Сите деца сакаат пупички.

Покрај ова, зборот може да се употреби дури и во некои вулгарни конотации... :)
 
А навидум толку прост збор и излезе дека е толку стар :)

Колку повеќе си го истражуваме јазикот толку повеќе дознаваме за неговото потекло.
 

Kajgana Shop

Back
На врв