Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Споредбата ама воопшто не ти држи, количеството на материја во однос на количеството на енергија е неспоредливо поголемо.trilobite напиша:Замисли драг мој Бацилус како ураган поминува низ куп старо железо и од него прави Space Shuttle.
Епа веројатноста на случајни грешки кај еволуцијата е 40.000 пати помала.
И покрај тоа,еволуцијата лесно се прифаќа,а спејс шатлот ни е незамислив
Не знам...имам чувство....како да ми се зголемува черепот...!
500 научници ко прво не се многу, и тоа е нормално да има научници кои би сакале да се докаже дека теоријата на дарвин не е точна, и тоа е нормално бидејќи ако немам спротивставени ставови на научници неможеме да дојдеме до објективен доказ и објективна теорија.
Нормално научниците не сакаат да се ограничат само со еден начин на гледање на работите, така затоа има научници кои застапуваат и други теории за поврзаноста на разноликоста на организмите и нивното изумирање и адаптирање кон новите услови.
Но сепак најлогична, со најмногу докази и која најмногу работи има објаснето е токму модерната теорија на еволуција која започнала да се развива и надоополнува со публикациите на дарвин.
Ама ова тоа што 500 потпишале дека се скептични не ти дава за право ти да тврдиш дека е грешна бидејќи треба прво тоа треба со цврсти докази да го докажеш. И се така понатаму продолжува потрагата по одговорот за минатото на природата на земјата.
Затоа е погрешно да се отфрла теоријата за еволуција исто како што е погрешно да се отфрла постоешето на господ.
Тоа што ти се зголемува черепот односно мозокот не занчи дека стануваш попаметен, поинтелегентните луѓе имаат повеќе синапси од нормалните а не повеќе неурони.