Човештвото има уште 200 години за да смисли начин како да ја напушти Земјата

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
преселба е можна само ако негде се пронајдат ресурси и услови за живот слични како на Земјата,меѓутоа сето тоа се истражува и е во почетна фаза,а за реализација на нешто слично можиме само да гатаме и нагодуваме од сегашна гледна точка и е прашање дали ќе биде изводливо.....се гледаат и анализираат потребните работи,меѓутоа теотијата и праксата се две различни работи и даваат различни резултати....а некој што си немал работа поттикнал да се развијат вакви смешни дискусии
Ресурси има секаде. Услови за живот можат да се направат многу лесно, како што напредува технологијата. Денес се знае, која планета и кој сателит од што е составен. Нема никакво гатање, научниците работат со факти, планови предвидувања. Гатање и нагодување има само во спортот особено фудбалот, од кои произлегуваат доста смешни дискусии.
 
Comic

Syntarginaris
Член од
14 април 2010
Мислења
430
Поени од реакции
32
^ точно. Сега како што кажа НАСА прв избор е Титан, сателитот на Сатурн, кој има слој од 50 километри замрзната вода. Со тек на стотици години ке се приспособиме на тамошните услови, ке се направи една природна селекција, и ке мутираме со секои наредни генерации. Дивергентна еволуција.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
ред во животот не може да се воведе на Земјата,тоа ќе се обидеме да го сториме негде подалеку во Вселената.....мало морген
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
ред во животот не може да се воведе на Земјата,тоа ќе се обидеме да го сториме негде подалеку во Вселената.....мало морген
Па ред многу лесно може да се стори ама некои моќни коорпорации вака им одговара. 1/3 од нивните богатства кои и сами не знаат за што им се или 1/8 од воените буџети на сите земји да се одвојуваше за сите овие теории и истаржувања сега ќе бевме можеби и на Титан веќе. Ако споредиме кога бевме на Месечината и ако видиме како науката од декада во декада во многу области напредуваше се побрзо и побрзо тогаш со доволно инвестирани средства во овие истражувања во областа на вселената ќе бевме многу напред. Ако сме биле во 70тит последно на месечината логично ќе беше базата да биде таму уште на почеток на 80 тите, ама се осети дека Студената војна завршува и парите секнаа. Се се врти околу парите, да се инвестираат ко што треба и ред ќе биде тука а и ќе правиме ред и на другите планети. :)
 
СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Селидба на друга планета , друг систем , друга галаксија ............. џабе нема бегање од Големата Темнина.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
ред во животот не може да се воведе на Земјата,тоа ќе се обидеме да го сториме негде подалеку во Вселената.....мало морген
Нема да отидеме во Вселената за да воведеме ред во нашето постоење, туку да го одложиме крајот на нашето постоење (како раса).
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
^ точно. Сега како што кажа НАСА прв избор е Титан, сателитот на Сатурн, кој има слој од 50 километри замрзната вода. Со тек на стотици години ке се приспособиме на тамошните услови, ке се направи една природна селекција, и ке мутираме со секои наредни генерации. Дивергентна еволуција.
Титан не е лош избор меѓутоа сметам дека Европа е далеку подобар избор од Титан.Се смета дека под мразот на Европа има вода.А штом има вода во течна состојба сигурно условите за живот таму би биле подобри.Сепак искпувањето на ресурсите на Европа би било многу потешко отколку на Титан.
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
gluposti
Hoking i drugi naucnici imaat teza deka covestvoto osven na nasava planeta preba da se naseli i na druga a ne deka ima rok od 200 godini da se napravi toa.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
gluposti
Hoking i drugi naucnici imaat teza deka covestvoto osven na nasava planeta preba da se naseli i na druga a ne deka ima rok od 200 godini da se napravi toa.
Па и темава е отворена поради теза на Хокинг. Тој кажува 200 години, прочитај го линкот од првиот пост. Кажува за 200 години да најдеме начин или веќе да имаме барем една колонија, а не тотална преселба.
 
M

mar30

Гостин

malku vreme e druze ne sme spremni a nema ni da bideme vo narednive 200/500 godini treba resursi za zivot minimum za dve godini pa makar biklo toa mesecinata ili mars....,patot zamo do mars e godina i kusur najmalce prvo psiholoski podgotovki, treto gorivo, cetvrto voda i hrana.ova ne e megunarodna vselenska stanica pa za 6 saati imaat dotur na sve sto im e potrebno se raboti za ogromna dalecina i potreba od resursi.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
malku vreme e druze ne sme spremni a nema ni da bideme vo narednive 200/500 godini treba resursi za zivot minimum za dve godini pa makar biklo toa mesecinata ili mars....,patot zamo do mars e godina i kusur najmalce prvo psiholoski podgotovki, treto gorivo, cetvrto voda i hrana.ova ne e megunarodna vselenska stanica pa za 6 saati imaat dotur na sve sto im e potrebno se raboti za ogromna dalecina i potreba od resursi.
Се што она денес изгледа невозможно, утре може да биде секојдневие.
Остај ги настрана хемиските ракети, со само малку генијалност и може да станат минато.
Вселенски бродови на нуклеарен погон, потоа фузија, па антиматерија...
Изгледа како научна фантастика, ама и вселенските летови со луѓе пред 50-60 години изгледаа исто...
А малку треба...
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
треба многу,да се створи било каква колонија на Марс треба многу материјални средства,труд,работа,желба,ентузијазам и правите луѓе кои би живееле таму + патот и изолираноста таму не се знае како психички ќе влијае на одбраните луѓе......изгледа и 200 години ќе бидат малку освен ако не се најди начин на транспортирање кој е сосема различен од сегашниов.....ако се знае дека човекот е експлоататор и експлоатиран од истиот,ако не се смени овој систем на живеење,речиси сигурно е дека такво нешто нема да успее
 
Се согласувам дека начинот на транспорт мора да се смени и мислам дека каде и да е блиску сме до подобри решенија. Системот на Земјата веќе е друга тема и да можеби со негова промена и би се имало повеќе финансии за да се реализира едне ваков проект. На крајот на краиштата се зависи од финансии. Да се вложуваше последниве деценија две многу повеќе во вселснките истражувања отколку во безмислени војни мислам дека веќе ке бевме и на Марс. А најтрагично од се што мислат и уште да ги намалуваат буџетите за истражување кои и сега се минимални.
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Кога бев мал имав една книга која што се викаше 1000 зошто, 1000 затоа. Во оваа книга имаше една страна каде беше нацртан еден човек од дивјаштвото како плови на труп (дрво) по некоја река.
Ако денес земаме да ја споредиме морепловната историја со историјата на патување во вселената тогаш мораме да признаеме дека не сме на брод со нуклеарен погон, не сме на брод на нафта, не сме на параход, не сме на ниво на шпанските армади/англиските еквиваленти од времето, не сме до бродот на колумбо, не сме до кинеските бродови, не сме до викинзите, не сме до феникијските, не сме до лотките, не сме до кајчињата туку сме токму на тој труп.
За мене да одиш во вселената (со денешна технологија) е исто (ако не и полошо) од препловување на пацификот (од Сан Франциско до Хонг Конг) на исечено дрво.

Сега не викам дека ситуацијата нема да се поправи, но јас сепак мислам дека додека големите компании (што вртат многу пари) не најдат голем ќар, ништо нема да биде. Сакам да кажам дека ако има поголем ќар за компаниите таму одколку дома, тогаш ќе има шетање по планетите. Или тоа или промена на системот по кој се раководиме денес.

Технологијата ќе дофати кога и да е, но прашањето секогаш ќе биде политичко а не вселенско.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom