Човек пронашол 35 милиони долари во амбар

Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Еден човек од Њујорк решил да се пензионира и својата заштеда ја искористил да си купи фарма во Португалија. Фармата што ја купил била празна 15 години, откако сопствениците починале, а не се јавиле наследници. Во амбарот од фармата, човекот пронашол 35 милиони долари.



Амбарот на празната фарма имал заварени врати. Никој, во изминатите 15 години не се одлучил да ги отвори. Откако њујорчанецот и неговата сопруга ја купиле фармата за половина од цената (доволно за да се исплати заостанатиот данок), набавиле агрегат и опрема за сечење и започнале да ги отвораат вратите.




Она што го пронашле во внатрешноста ги запрепастило - колекција стари автомобили, во солидна состојба. Истата била проценета на 35 милиони долари. Како нови сопственици, луѓето што го отвориле амбарот имаат целосно сопственичко право и, очигледно, ќе имаат многу убав пензионерски живот.

Извор: http://365.com.mk/statii/svet/7182-chovek-pronashol-35-milioni-dolari-vo-ambar
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
"A je li? A kako ja nisam našao?!?" :icon_lol:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Секој ден му се зголемува богатсвото, вакви коли имаат непроценлива вредност.
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.550
Е тоа ти се вика СРЕЌА
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.489
Поени од реакции
6.898
ако сум дедото одма продаам тоа ѓубрето од амбарот, ја остаам бабата, му се јавуам на хју хефнер и почнувам ергенски живот.
 
Член од
22 април 2008
Мислења
405
Поени од реакции
28
Од Полат се коливе ама чутуте да не се расчуе....како некој од нас не најде нешто вредно у п.м. ако бар ако мене не ми се насмевнува среќата нека му се насмее на некој кајганџија :jaj:
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Лелеле... браво! Мерџовци, алфа ромео....
Верувајте и кај нас во некоја запикана гаража, фарма можда се крие вакво нешто. Како на другар, дедому имал Форд Мустанг.. го продал негде по селана, и сега скапува.. мора да му се најде трагата! :)
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Лелеле... браво! Мерџовци, алфа ромео....
Верувајте и кај нас во некоја запикана гаража, фарма можда се крие вакво нешто. Како на другар, дедому имал Форд Мустанг.. го продал негде по селана, и сега скапува.. мора да му се најде трагата! :)
Не се загревај, кај нас селските амбари веќе одамна се срушени...единствено можеби од фордот останала некоја кабриолет верзија со ниско профилирани бандажи
 

Kajgana Shop

На врв Bottom